Author: Нова ТВ
Пред општинскиот штаб на СДСМ во Центар започна славењето на победата на Жерновски.
Неколку стотици поддржувачи и симпатизери на опозицијата скандираат и пеат: Центар не Пустец!
Андреј Жерновски е новиот градоначалник на Центар, објави пред малку СДСМ. Според пребројани на 90 проценти од гласачките ливчиња тој има предност од над 2.500 гласови пред досегашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ
Демократската партија на Албанците, вечерва во Струга прогласи победа на нивниот кандидат за градоначалник Зијадин Села на повтореното гласање што се одржа денеска на девет избирачки места
СДСМ прогласи победа во Центар според досега пребројаните гласачки ливчиња од гласачки места, каде кандидатот на „Сојузот за иднината“, Андреј Жерновски води наспроти досегашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ
При известување на НОВА на избирачкото место во Дом на Градежници, беше физички нападната новинарка од нашата екипа од страна на две лица: гласач и член на избирачкиот одбор, при обид репортерката да направи обид за видео- запис на гласачи-жители од Пустец
Вандализам и лажна политичка пропаганда забележее жителите на скопската населба Капиштец, кои денеска требаше да излезат на гласање за градоначалник на Центар
Сите 78 избирачки места во четирите општини каде што денеска се гласаше вториот круг од локалните избори и беше повторено гласањето во 19 часот се затворени, информираат од ДИК
Флаерите се практично идентични со оние од изборната кампања на таа партија, кои повикуваа излегување на гласањето за одредениот кандидат на партијата
Економскиот раст треба да биде поттикнат од развиените земји, и тие да преземат решителни мерки за надминување на глобалната криза која трае веќе пет години, нагласи Кристин Лагард, извршниот директор на ММФ
Денешното финале беше деветто последователно за Надал во Монте Карло со биланс од 46 победи во низа, но таа серија, како и осумгодишната доминација во Монако ја прекина токму светскиот рекет број 1
На партиски набљудувачи попладневно им бил одземен видео материја кај Петровец од страна на Алфите, во близина на наплатната рампа на влезот во Скопје, изјави за НОВА член на една партија, чиј видео запис е земен
Тензиите околу гласачките места кај Дом на градежните растат во попладневните часови, наводно поради очекување на бран гласачи од Пустец, Албанија, кои и минатиот круг на гласање предизвикаа сериозни сомневања за демографска интервенција во општина Центар