Author: Нова ТВ

На гласачко место 2802 во општина Центар, позади параванот за гласање забележана е испишана парола против одредена политичка партија. По реакција на еден од гласачите, ИО го покрил натписот со хартија по што гласањето продолжило

Read More

Гласачи од ул. “Васил Антевски” и “Васил Стефановски” во Центар не им се дозволува да гласаат, иако во претходните два круга биле запишани на избирачкиот список и уредно гласале. Во 2856 се гласало без проверка на УВ лампа

Read More

Екипата на НОВА пред помалку од половина час во просториите на Фудбалскиот сојуз во Центар го регистрираше жителот на Пустец, кој стана популарен на социјалните мрежи на изборите во вториот круг, заради тоа што не го знаеше своето место на жиевење

Read More

НОВА дознава: Во Центар организирано се носат гласачи од Пустец, Велес, Кавадарци, Струмица и други две скопски општини. Во моментов, во Домот на Градежниците во Центар е американскиот амбасадор Пол Волерс

Read More

Излезноста во Центар е видливо помала од претходните кругови на гласање во првите часови на денот на прегласување. Неколку граѓани дадоа примери за тоа дека биле збунети од флаерите со лажен датум на прегласување

Read More

Невладината ЦИВИЛ излезе со информација дека на нивен член, воедно член на изборната комисија на гласачкото место 2849 во 8:30 часот, бил попречен во мониторингот, со образложение дека нема посебно овластување од Цивил

Read More

ЦИВИЛ со предупредување: Прегласувањето на вториот круг во избирачките места во општина Центар започна со нерегуларности, односно со прекршување на изборниот молк, но и со уникатен обид за манипулирање со гласачите

Read More