Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ: Голем број нерегуларности во Центар

0
By Нова ТВ on April 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 21, 2013 10:11

Невладината ЦИВИЛ информира за нерегуларности уште на самиот старт на гласањето. Во соопштението се вели:

“Прегласувањето на вториот круг во избирачките места во општина Центар започна со нерегуларности, односно со прекршување на изборниот молк, но и со уникатен обид за манипулирање со гласачите.

Во текот на минатата ноќ или рано утрово, флаери и писма се оставени во поштенските сандачиња и во влезовите на зградите насекаде низ општината каде што има прегласување, меѓу другите и во зградата во која се сместени канцелариите на Цивил.

Во едниот флаер и во писмото, од кое јасно се гледа дека е фалсификувано (кое наводно го пратил другиот кандидат за градоначалник) гласачите се повикуваат да излезат на гласање на 28 април, односно не денеска туку идната недела, а во другиот флаер граѓанките и граѓаните се повикуваат да не излезат на гласање, затоа што ако излезат ќе победел кандидатот од партијата која што, пак ќе речеме, очигледно ги фабрикувала флаерите и писмото.

Мораме да забележиме дека ваква инвентивност во обидот за фалсификување, односно замајување на гласачите на избори веројатно не е забележано до сега, така што Македонија уште еднаш станува пример за изборни манипулации.

Цивил ги поседува овие документи и ќе ги објави по завршувањето на изборниот молк, вечерва на прес-конференција, чие време на одржување дополнително ќе го соопштиме.

Дежурните телефонски линии на Цивил 02 / 520 91 76 и 076 / 902 103 се активни од 7.30 часот утрово на кои ги очекуваме сите граѓан(к)и да пријават и најмало сомневање за изборни нерегуларности. Набљудувачите, мобилните тимови и активистите на Цивил се распоредени на сите гласачки места на кои се прегласува денеска.”, се вели во информацијата на невладината ЦИВИЛ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026
ФОКУС
February 8, 2026

НСПВ: Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани

ВЕСТИ February 8, 2026

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во…

Нови руски напади во Украина

February 8, 2026

Милано: Протести против Олимписките игри – го нарушувале еко системот но и живото во градот станал прескап

February 7, 2026

МВР заплени нови 40 тони марихуана наводно поради неусоглесеност на количествата со лиценците  

February 7, 2026
ТИКЕР

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.