Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Tриесет случаи на мобинг од кои 20 во приватниот и 10 во јавниот сектор регистрирал Сојузот на синдикати на Македонија минатата година. Најголем дел од пријавите се од мажи, а речиси тројно помалку од жени или изразено во бројки 19 пријави биле од мажи, а само пет од жени. Две од пријавите се за сексуално вознемирување. Од ССМ за МИА изјавија дека најчесто се работи за психичко вознемирување кое било поврзано со навредување, заканување, застрашување, вознемирување по завршување на работното време, деградирање на работникот со злоупотреба на службените овластувања. – Најчесто се пријавува мобинг од раководно лице, а поретко од…
Утре се очекува во земјава да пристигнат 10 илјади вакцини на „Фајзер“, а исто толку се очекува да стигнат и на 26 април. Вакцините утре со авион ќе стигнат во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе дојдат во Скопје. Кон крајот на април ќе дојдат и 200 илјади кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега односно по возрасни групи. Во земјава досега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на „Астра Зенека“, од која има уште 10 илјади на располагање. Нешто помалку од три илјади има од…
Она што е несомнено на овој долг и болен пат е дека Црна Гора мора да престане да се заробува самата себе што е можно побрзо.
Во Собранието денеска ќе има уште еден обид да бидат изгласани законите од петтиот антикризен пакет со што тој треба да стане функционален. За во 14:15 часот е закажана 36. пленарна седница на чиј дневен ред се законите од петтиот пакет, а 15 минути претходно, во 14 часот, е закажана 32. седница. Законите од петтиот пакет требаше да бидат изгласани во четвртокот но обидот беше неуспешен. Координаторите на пратеничките групи, дел од пратениците и претседателот на Собранието повеќе од два часа се расправаа дали да се гласа по точките од 32. седница и потоа да се продолжи 36. седница или…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска без влакна на јазикот го оцени наводниот документ за промена на границите на Балканот, изразувајќи надеж дека тој не потекнува од Словенија, објави денивник.хр. Последните денови, јавноста во регионот се занимава со наводниот нон-пејпер за промена на границите на балканските држави и нивна реорганизација по етнички линии, а медиумите како автори ги споменуваат највисоките словенечки функционери, што тие негираат. „Секое мирно разидување, Хрватска до Дрина, Белград до Уна – тоа не доаѓа предвид. И во таа смисла, таа хартија е големо сра..е“, рече Милановиќ. Словенечкиот претседател Борут Пахор на прес-конференција вчера рече дека е посветен…
Нон пејперот се уште ја бранува балканската јавност. Тој предизвика бурни реакции, бидејќи во него се предлага измена на границите во регионот на начин што предвидува создавање Голема Србија, Голема Хрватска и Голема Албанија. ЕУ мора да застане одлучно против вакви сценарија, е пораката што меѓувреме ја испратија голем број политичари кои истакнаа дека менувањето граници е спротивно на заложбите на концептот на Европската Унија. Германскиот државен секретар за Европа, Михаел Рот дециден, на Западен Балкан потребно му е регионално помирување, а не цртање нови граници. Американската амбасада во Сараево реагираше на плановите содржани во „нон-пејперот” со јасен став во…
Успешно е завршена и трансплантацијата на вториот бубрег кај 40-годишен пациент. Донор е 20-годишната Верица Белчовска, која загина во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство одлучи да ги донира органите. Во текот на ноќта и претпладнево успешно беа завршени трансплантацијата на срце кај 22 годишено момче, трансплантацијата на првиот бубрег кај 27-годишен пациент, а за првпат во историјата на македонското здравство е извршена и експлантација на коски и коскени ткива од починат донор кои од понеделник ќе бидат аплицирани кај пациенти. Ова е втора трансплантација на срце извршена од починат донор во земјава. Трансплантацијата е направена од тимови од Државната клиника…
Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата Gulf Oil во Македонија му донираат 1 милион денари на семејството, на трагично починатата Верица Белчовска, кое покажа колку е цврсто во болката. Белчовски во најтешките моменти одлучија да ги донираат органите на нивната ќерка и сестра, а нејзиното срце и бубрези спасија живот на тројца млади луѓе, на возраст од 22, 27 и 40 години. „Да се донесе одлука да се даруваат органите на своето дете во моменти кога го губите засекогаш, потребно е многу сила, љубов и хуманост – да мислите на туѓ живот кога го губите своето најмило. Белчовски во…
– ССМ се вчудоневидени од односот на пратениците кон егзистенцијалните прашања на работниците и неизгласувањето на петтиот пакет мерки кој е неопходен за зачувување на работните места. Ги повикуваме пратениците од сите политички партии на разумност и апелираме утре да го изгласаат петтиот пакет антикризни мерки, велат од ССМ. Од таму додаваат дека е неопходно на закажаните зедници на Собранието за утре, да се изгласа петтиот пакет на мерки во кој покрај другото е предвидена и финансиска поддршка за исплата на платите на работниците од најпогодените сектори за месеците февруари и март 2021 година, а кој е блокиран веќе три…
По изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека разговарал со словенечкиот премиер Јанез Јанша кој му потврдил дека тој нема никаков нон пејпер и дека за такво нешто треба да се прашаат Зоран Заев, словенечката европратеничка Тања Фајон и Тонино Пицула, со изјава за ТВ 24 се огласи Пуцила. – Јас целосно ги отфрлам и осудувам обвинувањата и лагите на г. Мицкоски и сметам дека неговото однесување е доста навредливо, како што секогаш бев и ќе останам силен поддржувач на територијалниот интегритет и суверенитет на сите земји од Западен Балкан. Нема да дозволам господин Мицкоски да ме вовлече во…
Денеска остварив средба со ИВАП, организацијата која здружува 26 компании од ивент индустријата, напиша Битиќи на Фејсбук. „Ставив јасно до знаење дека финансиската поддршка е тука, подготвена за оваа индустрија за што во текот на следната недела ќе биде објавен јавен повик за организирање на настани од јавен интерес, на тема „30 години независност“ – тука не станува збор за државни настани, туку за настани со содржина и цел која самите апликанти ќе ги искреираат. Прифативме најголем дел од сугестиите со кои повикот навистина ќе се подобри и унапреди. Но, барањето на ИВАП, од јавниот повик да бидат исклучени одредени…
Кралицата Елизабета Втора ќе се збогува со својот сопруг, со кого помина 73 години, во тесен круг на роднини, и во согласност со сегашните епидемиолошки мерки во Велика Британија. Во капелата на замокот Виндозр денеска ќе се одржи погребот на принцот Филип, кој самиот го испланирал до најситни детали. Принцот Филип почина на 99-годишна возраст во замокот Виндзор, по кратко боледување поради што мораше да биде хоспитализиран неколку недели. Телото на принцот ќе биде положено на автомобил што тој самиот го дизајнирал и ќе биде пренесен на местото за почивање. Капелата Свети Ѓорѓи е местото каде што ќе се соберат…