Author: Нова ТВ

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, соопшти дека ќаќо одговор на протерувањето руски дипломати од Вашингтон, земјата ќе одговори со реципрочна мерка и ќе протера десет американски дипломати од Русија. Тој додава и дека неговата земја размислува и за други санкции, истакнувајќи притоа дека Русија може да и нанесе „болни“ удари на американските деловни проекти, доколку САД продолжат со своите непријателски чекори. Претседателот на САД, Џо Бајден, вчера потпиша одлука за санкционирање на повеќе од 30 руски вработени и организации за наводно мешање во претседателските избори во 2020 година и за наводно учество во минатогодишниот случај на сајбер-шпионажа.…

Read More

– Секое прекројување на границите на Балканот нема да придонесе за стабилизација на регионот и секоја таква идеја нема да наиде на поддршка од Европската унија, вели претседателот Стево Пендаровски во изјава за Трилинг прашан за наводниот нон-пејпер што словенечкиот премиер Јанез Јанша во февруари го испратил до Брисел и неколку други дестинации во ЕУ под наслов „Западен Балкан-патот напред“. Шефот на државата истакнува дека независно од тоа дали постои таков документ или не, неговиот став е одамна познат и многу пати кажуван, а тој е дека секое прекројување на границите на Балканот нема да придонесе за стабилизација на регионот.…

Read More

– Обвинителството даде навистина доволно докази да ги докаже околностите поради кои бараше да биде определена мерка притвор, сепак Основниот кривичен суд Скопје изрече куќен притвор за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Секако дека обвинителството ќе поднесе жалба за ваквата одлука изјави обвинителката која ја води истрагата Ивана Трајчева по завршувањето на распитот. Таа истакна дека и натаму постои опасност од влијание на сведоците и останатите материјални докази коишто треба допрва да бидат прибавувани и да бидат сослушани сведоците во текот на постапката. -Она што можам да кажам е дека од она што досега го имаме прибавено и…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски остварил средба со американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз на која му бил пренесен ставот на САД во врска со полициската акција во која беа уапсени полициски службеници за нелегално издавање патни исправи, а во кој се вели дека земјава мора да го заштити интегритетот на системот за издавање документи. „Свесни за комплексноста на случајот со пасошите и потребата да се осигура темелна истрага, амбасадорката ја нагласи важноста да се заштити интегритетот на системот за издавање пасоши на Северна Македонија. Амбасадорката и министерот се согласија дека е важно да се изолира овој и…

Read More

Иако Обвинителството бараше ефективен притвор, судија на претходна постапка му одреди куќен притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски за случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци,. Освен Рашковски куќен притвор е изречен и за Даниел Станчески, сопственикот на „Инвока“, фирмата која го изработи софтверот. Во предлогот на обвинителот не биле приложени докази во поткрепа на основите на сомнение за евентуално бегство заради кои се бара притвор, односно не приложил доказ дека осомничените се имотни и доказ како осомничените влијаеле или ќе влијаат на истражната постапка, па затоа судијата на претходна постапка се одлучил за куќан притвор.…

Read More

– Детали од договорот нема да откријам, тие најверојатно ќе бидат познати следната недела но можам да кажам дека со законот за државјанство најмалку што треба да се постигне е сите граѓани кои што живеат и живееле повеќе од 30 години во Македонија е да не останат без државјанство и еднаш засекогаш да го решиме овој проблем. Затоа продолжуваме да сме на добар пат за решавање на овој проблем, рече Села по средбата со премиерот Зоран Заев Според него секој што е роден во Република Македонија, матична држава му е Македонија, ја појасни Села позицијата на Алијанса на Албанците и…

Read More

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се вакцинираше против Ковид-19 со вакцината „АстраЗенек“, јави Дојче Веле. Канцеларката Меркел, која во јули ќе наполни 67 години, веќе соопшти дека има намера да се вакцинира, но дека го чека својот ред. И претседателот Франк-Валтер Штајнмаер претходно се вакцинираше, исто така, со вакцината „АстраЗенека“, и притоа изјави дека има доверба во вакцините што се одобрени во Германија. По препорака на германската Централна комисија за вакцини, од почетокот на април само лицата на возраст над 60 години се вакцинираат со „АстраЗенека“. Министрите за здравство на федералните провинции пред неколку дена одлучија помладите луѓе кои ја…

Read More

Министерката за образование и наука Мила Царовска на денешниот онлајн состанок со Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија и претставници на неколку агенции од системот на ОН, укажа на реализацијата на новиот образовен модел кој има за цел секое дете да го постигне својот полн потенцијал. -Од септември се воведува новиот концепт на учење во прво и четврто одделение, а за таа цел веќе се објавени огласите за изработка на материјали за учење и за илустрација на содржините. Во собраниска процедура е новиот Закон за учебници како и измените на Законот за наставници и стручни соработници, кои…

Read More

Премиерот Зоран Заев вели дека Владата досега не го добила и немала можност да го види нон пејперот на словенечкиот премиер Јанез Јанша во која тој наводно пишува за промена на границите на Балканот. Република Северна Македонија, вели Заев е суверена земја, а нејзиниот интегритет е загарантиран и со Уставот, но и со Договорот за членство во НАТО. Промена на границите на Балканот, дециден е Заев, е можна само во форма на нивно отстранување во момент кога балканските земји ќе станат земји членки на ЕУ. – Република Северна Македонија е членка на НАТО, и нејзината стабилност, сигурност и територијален интегритет…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека никој не е виновен додека не му се докаже вината, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со приведувањето на Драги Рашковски. Тој и денеска истакна да тврди дека се било законски, но како што рече може да бил и пристрасен, бидејќи Рашковски бил генерален секретар во неговата Влада, поради што надлежните институции ќе го истражат случајот. Премиерот го повтори ставот дека во земјава повеќе нема недопирливи. -Тоа е уште еден доказ дека нема недопирливи. Дека некој што бил секрететар на владата, и бил во мојот кабинет, законот важи еднакво за сите. Институциите си ја вршат…

Read More

Премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши на средбата во Собрание постигнаа договор, но детали ќе се соопштат откако ќе се стави на хартија предлогот со точни правни формулации. -Завршивме и денеска со состанокот, верувам дека постигнавме договр. Ова што го договоривме ќе го ставиме на хартија, бидејќи има и правни формулации, за потоа да можеме и да ги соопштиме и самите детали, изјави премиерот по средбата. Појасни дека е договорено решение, на ако го соопштат сега договореното, пред да го стават на хартија, може да се направи различно видување во јавноста. На…

Read More

Северна Македонија останува посветена на дијалогот и со новата влада на Бугарија ќе биде постигната согласност за надминување на актуелната ситуација и за имплементацијата на Договорот за добрососедство и пријателство. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев на средбата со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ, осврнувајќи се на прашњето со Бугарија. -Ги почитуваме сите различни европски идентитети и јазици, и подеднакво очекуваме да се почитува и нашиот македонски идентитет и македонски јазик. Тоа е европска вредност и од земјите членки на ЕУ бараме да опстанат на европските вредности, рече на средбата премиерот Заев. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, хрватската…

Read More