Author: Нова ТВ

Агентот за недвижности, кој со капар од 32 илјади евра оштети повеќе купувачи, утрово е лишен од слобода. Единицата за економски и компјутерски криминал, по наредба на надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство, го лишила од слобода лицето против кого беа поднесени неколку кривични пријави од страна на оштетени граѓани за сторено кривично дело измама. Лицето, според информациите на МИА, е предадено на надлежна полициска станица за понатамошна постапка за потребите на истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје кое отвори предмет пред три дена по пријавите на граѓаните.

Read More

Утрово е приведен Драги Рашковски, дознава Нова. Според нашите информации полицијата го спровела пред судија на претходна постапка во Основен суд Скопје 1, по наредба на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција. Заедно со Рашковски е приведен и Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп”. Рашковски и Станчески, се осомничени за набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција, вели нашиот извор. Се очекува Рашковски и Станчев да бидат изведени пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд – Скопје. Со наредбата за истрага се опфатени вкупно четири лица. За другите двајца обвинителството…

Read More

Австрија бара од Бугарија да ја тргне блокадата кон Северна Македонија и земјава да ја одржи првата меѓувлададина конференција со ЕУ за време на португалското претседателство, што завршува на 1 јули. Австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер нема разбирање дека Софија и натаму блокира, апелирајќи до Бугарија овој отпор да го заврши. Од друга страна, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров е оптимист дека оваа ќе биде година на заеднички успех со Бугарија и оти доколку се покаже мудрост од двете страни, прашањето би можело да се реши за неколку месеци. Овие пораки беа пренесени вчера на заедничката…

Read More

Пратеничката од редовите на СДСМ, Даниела Маркоска  реагираше на социјалната мрежа Фејсбук откако во текот на вчерашната собраниска седница се случи инцидент во салата со нејзиниот колега Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ. Народе наш, жени и мажи. Не, пратениците не се бркаа за микрофонот. Не! Јас бев нападната физички и вербално со цел да ми се одземе правото на збор и со цел ВМРО-ДПМНЕ да спречи граѓаните да ја добијат економската помош од државата! Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски дејствуваше агресивно за граѓаните да не добијат економски мерки и за да ми го одземе правото на збор. Притоа Мицевски…

Read More

Како прво, би било добро да се знае што (сѐ) е праведно. Како второ, трето и четврто, би било добро да ги имаме оние што ќе носат добри закони, оние што добро ќе ги спроведуваат и оние што добро ќе ги почитуваат.

Меѓутоа, животот носи други решенија.

Read More

Поранешниот премиер Никола Груевски ќе си носи одговорност за се што и има направено на оваа држава, изјави синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување на ТВ21. – И бегството и азилот и се што започнало има крај и тој ќе излезе пред лицето на правдата, нагласи Спасовски. Тој потенцираше дека во државава од секогаш имало бегалци, па затоа лани во септември е започната посебна оперативна акција за пронаоѓање на лицата во бегство и за четири месеци се пронајдени повеќе од 400 бегалци по кои имало распишано меѓународни или домашни потерници. – Никогаш нема бегство од правдата. Каков…

Read More

По мини пикот на новозаболени од Ковид-19 на почетокот на неделава, последните бројки на новодијагностицирани бележат тренд на намалување, па така според вчерашната статистика регистрирани се 890 нови случаи на инфицирани со коронавирусот од направени 3.284 тестови. Во исто време, продолжува имунизацијата на населението со динамиката согласно располиживите вакцини и во очекување на нови дози од Кина и „Фајзер“, кои според најавите, треба да пристигнат во земјава до крајот на месецов. Министерот за здравство Венко Филипче вчера оцени дека притисок во болниците, кој го имаше претходно, последниве денови е намален, нагласувајќи дека бројката на новохоспитализирани неделава е помала отколку претходната…

Read More

Во одделот за управни работи во Скопје евидентирани се 660 двојни лични броеви, при што поништени се 580, а за 80 постапката е во тек. Да обвиниш дека над 20.000 граѓани имаат два матични броеви е невкусно, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако опозицискиот лидер Христијан Мицкоски денеска обвини дека 20 илјади граѓани имаат по два матични броеви. „Јас кажав и вчера, постојат одредени граѓани со двојни матични броеви. Според Законот за матични броеви од 1980 година, тогаш се евидентирало според живеалиштето, а за новородените е според местото на раѓање. Во 1985 доаѓа до технички пропусти по 2…

Read More

Европската федерација на новинари (ЕФН )и нејзината членка, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го оспоруваат толкувањето на Граѓанскиот суд за новинарот Горан Трпеноски кој вчера бил одбиен од судот во Скопје кој не му го признал статусот на новинар и го повикуваат уште еднаш да ја разгледа својата одлука. „Горан Трпеноски известуваше за настаните на 27 април 2017 година за онлајн  медиумот САКАМДАКАЖАМ.МК (sdk.mk). Откако кон него беа упатени закани се одлучи да поднесе тужба за попречување на правото за пристап до информации и нанесената психолошка штета. Вчера, во својата пресуда, судијката Јованка Спировска Панева објасни дека во тоа време Трпеноски…

Read More

Русија ќе одговори соодветно на какви било нови незаконски санкции на САД, соопштува Кремљ, и предупреди дека со ваквите активности се помали се шансите Џо Бајден да оствари средба со својот руски колега, Владимир Путин. Русија ги отфрла тврдењата на САД за мешање во изборите во 2020 година и дека стои зад хакерски напад врз софтверот на „Солар Виндоус“. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Москва ќе почека за развојот на настаните пред да ги коментира санкциите. Во телефонскиот разговор во вторникот, Бајден го покани Путин на состанок за повеќе прашања и и порача на Москва да ги намали…

Read More

„Ние немаме отворени етнички прашања, што е добро. Од 2016 година наваму етничките прашања ги нема на дневен ред и така се обидуваме да остане. Некој ги користеше етничките тензии во минатото за да владее, а ние ги разговараме и ги затвораме.“- изјави генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, во „Анализа 24“ на телевизија 24. Во врска со спорот со Бугарија околу евроинтеграциите на Северна Македонија, тој напомена дека прашањето не е безбедносно и дека очекуван е позитивен исход. „Прашањето со Бугарија го преговараме но тоа не е безбедносно прашање, не може да потпишеш нешто што не сакаш да потпишеш.…

Read More

Република Северна Македонија е членка на НАТО и нејзиниот територијален интегритет и стабилноста на земјата е забетонирана еднаш засекогаш. Тоа е придобивката од нашето членство во НАТО Алијансата, и за нашата територијална безбедност, и нашиот територијален интегритет не се грижиме само ние туку сите членки на НАТО. Ова го истакна генералниот секретар на Владата и потпретседател на СДСМ Мухамед Зеќири, во емисијата „24 анализа“ на ТВ24, одговарајќи на прашање во врска со нон-пејперот на словенечкиот премиер Јанез Јанша, за кој Владата на Република Северна Македонија нема официјална информација дека постои. Вакви темите на Балканот не ретко се отвораат, поради отворените…

Read More