Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Групата на држави против корупцијата (ГРЕКО) на Советот на Европа, при претставувањето на својот дваесет и прв извештај за работата, повикува да се спречат ризиците од корупција како дел од мерките преземени за борба против економските последици од пандемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА. Владите треба ригорозно да управуваат со ризиците од корупција што произлегуваат од потребата да се преземат вонредни мерки за борба против пандемијата на Ковид-19, вклучително и вбризгување на значителни суми во економијата за ублажување на економските и социјалните последици од кризата со пандемијата, вели ГРЕКО, антикорупциското тело на Советот на Европа, во својот годишен извештај…
Откако пред неколку дена бројот на новозаразени се движеше од 1200 до 1400 лица дневно, министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека има намалување на бројот на новозаразени во земјава. „После тој мини-пик што беше пред неколку дена, денеска имаме намалување на бројот новодијагностицирани од корона вирусот и бројката е нешто под 900 лица. Тоа значи дека мерките се добри, а со тоа се олеснува и работата на здравствените работници“, истакна Филипче. Министерот смета дека вакцинацијата засега оди добро, дневно се вакцинираат по 1.500 граѓани, а штом стигнат дополнителни вакцини, бројот на дневно ниво ќе се зголеми – Во…
Регистрирани се позитивни движена во економијата во првото тримесечје од годинава, кои најлесно и најбрзо може да се детектираат преку приходната страна на буџетот, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил. Во објавата додава дека буџетските приходи се повисоки во однос на преткризниот период, 4,4 отсто е растот на вкупните приходи, а 5 отсто е растот на даночните приходи и придонесите во однос на истиот период лани. -Наплатата на даноците е за 6,2 отсто повисока во однос на истиот период минатата година, од кои: –ДДВ е повисоко за дури 11,4 отсто во однос на првото тримесечје од 2020; –Данокот…
По одлуката на Данска да ја сопре употребата на вакцините против Ковид-19 „АстраЗенека“, Чешка изрази желба да го преземе вишокот неупотребени вакцини. „Подготвени сме да ги купиме вакцините „АстраЗенека“ од Данска“, тврди чешкиот министер за внатрешни работи Јан Хамачек. Вакцините „АстраЗенека“ се на удар последните денови, додека расте загриженоста дека со нивна употреба може да се предизвикаат смртоносни крввни згрутчувања. Неколку земји ја ограничија употребата на таа вакцина, но данска отиде чекор понапред и за сега во потполност ја сопре нивната употреба. Чешка е спора во вакцинирањето Но, понудата од Чешка покажува дека некои земји и понатаму сакаат да ги…
Жените-активистки за човекови права од балканскиот регион бараат од надлежните институции да постапуваат согласно нивните овластувања за темелно и неодложно да го истражат случајот со групите на платформата Телеграм (како Balkan room, Јавна Соба, Гевгелија Хаб, Српска соба, Смоква и други), да ги санкционираат сторителите и заштитат жртвите од понатамошна виктимизација. – Точно една година по појавата на ваква група на мрежата Телеграм во Македонија, која се користи за сексуално вознемирување на девојки преку објави на нивни фотографии без никаква согласност, во порнографски контекст, како и лични податоци за жртвите, сведочиме и на нови случаи на ваква злоупотреба не само…
Сојузничките сили на НАТО од 1 мај ќе почнат со повлекување од Авганистан. Ова е одлуката на состанокот на министрите за одбрана и надворешни работи на НАТО на кој учествуваа министрите Бујар Османи и Радмила Шекеринска. Како што соопшти МНР, сојузниците на состанокот посочија дека очекуваат со тоа да се создадат услови за ново поглавје за иднината на Авганистан, во која главната улога ќе ја имаат граѓаните на земјата. Реафирмирана е силната поддршка за развојот на демократијата, човековите права и зајакнувањето на безбедносните институции на Авганистан. Нашата земја учествува во Авганистан од 2002 година. Во рамките на мисиите учествувавме со…
Можеби услугата во возот не е најдобра, и возот можеби доцни, но ние и понатаму стоиме на истата страница на која сме стоеле пред 30 години и веруваме дека возот што заминува ќе се распадне и дека „Србинот ќе ги надмудри останатите на крајот од вицот“.
Благо намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19 се бележи во државава. Според надлежните, мерките даваат резултат, а нивното евентуално продолжување ќе зависи само од индикаторите. Вакцинацијата засега се одвива успешно. Денеска почнува вакцинирање и на граѓани под 75 години, пријавени преку сајтот „vakcinacija.mk“, или преку матичните лекари. Во салата „Борис Трајковски“ во Скопје вчера заврши вакцинирањето на вработените во критичната инфраструктура. Досега се вакцинирани близу 30 000 граѓани. Како што информираше министерот за здравство, Венко Филипче, од денеска ќе може да се вакцинираат граѓаните на возраст под 75 години, кои се пријавени преку сајтот „vakcinacija.mk“ или преку матичните лекари,…
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ќе престојува во работна посета на Виена во чии рамки е предвидено да е има средби со Каролине Едштадлер, министерка за Европа и Устав, и со министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, посетата е дел од турнејата на вицепремиерот Димитров на главни градови на земји членки на ЕУ, а во контекст на изразените австриски заложби за интензивирање на процесот на проширување на ЕУ со државите од Западен Балкан, како и ангажманот на Австрија во справувањето со пандемијата КОВИД-19 и обезбедувањето помош…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека истрагата за случајот „Двојник“ во врска со злоупотребите при издавање на пасоши, ќе се прошири, без разлика дали се работи за структури во МВР или надвор, и без разлика колку високо ќе се дојде во хиерархијата на полицијата. – Со партнерските служби работиме надвор од територијата на државата, при утврдување на идентитетите и при преземање на мерки против лица кои тие ги користеле, рече Спасовски во „Само вистина“ на ТВ Канал 5. Министерот додава дека токму еден од уапсените луѓе во акцијата „Двојник“ е оној што ги извадил документите на 27 јануари…
Петтиот пакет економски мерки кои треба да го помогнат стопанството и граѓаните зафатени од кризата што ја предизвика пандемијата од корона вирусот, а кои денеска беа изгласани во Комисијата за финансирање и буџет, сепак ќе почекаат, утре продолжува расправата по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за периодот 2021-2025. Ова е заклучокот од попладневната координативната средба кај претседателот на законодавниот дом Талат Џафери на која присуствувале координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО – ДПМНЕ и претставник на политичката партија Левица. Џафери ја свика координативна средба во насока на деблокирање на целокупната работа на Собранието,…
Од Советот на ЕУ потврдија попладнево дека дебатата за Западниот Балкан е повторно одложена, овој пат за мај, јави дописничката на МИА од Брисел. И покрај притисоците на речиси половината земји членки на ЕУ, и заложбата на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, западниот Балкан, сепак, нема да биде на дневен ред на 19 април на Советот на ЕУ за надворешни работи, потврдија од прес службите на оваа институција. За потсетување Западен Балкан од декември лани не е вратен на дневниот ред во Советот на ЕУ, а во декември за првпат немаше ниту заклучоци за проширувањето и земјите од…