Author: Нова ТВ

Група граѓански организации, универзитетски професори и архитекти упатуваат јавен повик до премиерот Зоран Заев за поддршка на суспензијата од Општина Центар за Деталниот урбанистички план ЦО8 (паркингот спроти х. „Холидеј Ин“), како и други ДУП-ови коишто не се усогласени со Генералниот урбанистички план. Во барањето се повикуваат Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје, но и другите надлежни институции да се произнесат и да се обврзат дека нема да издадат согласности да ДУП-ови коишто не се усогласени со ГУП. Во Јавниот повик се посочуваат низа аргументи зошто е спорен ДУП-от кај „Холидеј Ин“. Јавниот повик го пренесуваме во целост: Ние, долупотпишаните…

Read More

Премиерот Зоран Заев ја прифатил оставката на Драги Рашковски која според информациите била доставена до него во понеделникот. Ваквата информација ја соопшти портпаролот на Влада, Душко Арсовски. „Драги Рашковски достави писмо со кое го известува дека се повлекува од функцијата, тоа е негова лична одлука и има право на тоа“, истакна Арсовски. Тој се осврна и кон тоа дека набавката на софтверот е спроведена во целосно транспарентна процедура и во целосна согласност со законот за јавни набавки. Поранешниот генерален секретар на Владата во писмото кое го објави на социјалните мрежи вели дека не сака да се крие зад функции и…

Read More

Во тек е прес конференцијата на МГ Фешн на која треба да биде презентиран проектот кој треба да „никне“ на паркингот спроти хотелот Холидеј ин. Еве какков зафат се планира на овој дел во центарот на Скопје.

Read More

За Шидер е неприфатлива блокадата за почетокот на преговори со Северна Македонија од страна на Бугарија. Тој нагласи дека најчесто политичарите ги користат идентитетските прашања за да ги прикријат слабостите за поважните прашања како образованието или вработеноста

Read More

Досега во СЦ Борис Трајковски се вакцинирани речиси 30 илјади граѓани и зголемен интересот за вакцинација во земјава. Вакцинацијата продолжува со преостанатите дози на Спутник В, а спуштена е и границата за вацкинација на граѓаните на 76 и 75 гопдини со Астра Зенека, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој најави дека на 19 и 26 април, пристигнуваат уште по 10.000 дози од компанијата „Фајзер“, а Министерството за здравство е во преговори со АстраЗенека, кинеската и руската амбасада за набавка на нови количество од нивните вакцини. „Од Фајзер на 19-ти и 26-ти април пристигнуваат по 10 илјади дози вакцини. Очекуваме…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во гостувањето во Утрински брифинг се осврна на шпекулациите дека словенечкиот премиер испратил нон-пејпер до претседателот на Европскиот совет, во кој наводно се предлага поделба на БиХ, Македонија, Косово и Црна Гора. -Не е до крај јасна ситуацијата. Мислам дека од мене би било неодговорно да влезам во тој домен на шпекулации дали имало или немало нон пејпер од Јанша. Треба д а следиме тоа што официјално пред камера изјавуваат портпаролите во ЕК, портпаролот на европскиот Совет Мишел, самиот Јанша. Но мислам дека не смееме да бегаме од дебата и од изразување на јасна…

Read More

Во 2020 година вкупниот приход од царини, ДДВ, акцизи и други надоместоци е повисок за 4,8 отсто во однос на планираното. Овие показатели на годишно ниво, во време кога заради пандемијата значително е намален интензитетот на економијата и трговија, со своето високо професионално и чесно работење царинските службеници и Царинската управа на Република Северна Македонија се покажа како сериозен и еден од најголемите учесници во полнењето на Буџетот на нашата земја. Ова го порача премиерот Зоран Заев во видео обраќање во кое на царинските работници и на Царинската управа им го честиташе 14 Април – Денот на Царинската управа, што…

Read More

Поранешниот генерален секретар и советник во Владата Драги Рашковски изјави дека се повлекува од функцијата и му се обрати на претседателот на Владата Зоран Заев преку писмо со порака дека кога политиката ќе стане погласна од природните науки, тогаш работната атмосфера станува непогодна за некој кој е научен во се да ја бара логиката. -Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во…

Read More

С. Македонија и БиХ се држави кои се родени заробени – и двете се деца на мировни договори (Дејтонскиот и Охридскиот), во кој етничките елити ги вградиле своите интереси – да можат да ги контролираат како парите така и срцата и умовите на народот.

Read More

Коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива вчера најавија дека ќе ги повлечат амандманите поднесени во Собранието за законите од петтиот пакет на економски мерки. ВМРО-ДПМНЕ, пак, претходно вчера соопшти дека ќе ги повлече своите амандмани што ги поднесе во Собранието за Предлог законот за државјанство. Елми Азири од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива изјави дека штом ќе се деблокира дебатата во Комисијата за обрана и безбедност за законот за државјанство, тие ќе ги повлечат нивните амандмани од Комисијата за финансирање и буџет за законите за петтиот пакет економски мерки. – Ние остануваме на она што го изјавивме претходно…

Read More

Владата на Република Северна Македонија на денешната 65-та седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за здравство добива дополнителни овластувања во услови на кризна состојба прогласена заради заштита на јавното здравје и прогласена епидемија или пандемија на заразна болест. Со предложените измени се уредува и начин на вршење на здравствена дејност од страна на приватните здравствени установи при утврдено постоење на кризна состојба заради заштита на јавното здравје и прогласена епидемија или пандемија на заразна болест, а на Владата и се овозможува законско овластување да определува највисоки цени во приватните болници…

Read More

„Не е спорно да се вратат парите. Во овие две недели ќе отвориме постапки. Но, решение може да биде Министерство за транспорт и врски, кое може да потпише суспензија на елаборатот, но и ДКСК со поведување на одредени постапки. Ние не бегаме од одговорност, но притисокот треба да се пренасочи и кон другите одговорни инситуции“, истакна во гостувањето во Клик Плус на ТВ21 градоначланикот на општина Центар Саша Богдановиќ кој  додаде дека во овие две недели, општината ќе направи се што е во нејзина моќ во однос на спорниот проект кај Холидеј Ин. Богадновиќ вели дека не е доцна за…

Read More