Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев ја прифати оставката на Рашковски

0
By Нова ТВ on April 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 14, 2021 13:32

Премиерот Зоран Заев ја прифатил оставката на Драги Рашковски која според информациите била доставена до него во понеделникот. Ваквата информација ја соопшти портпаролот на Влада, Душко Арсовски.

„Драги Рашковски достави писмо со кое го известува дека се повлекува од функцијата, тоа е негова лична одлука и има право на тоа“, истакна Арсовски.

Тој се осврна и кон тоа дека набавката на софтверот е спроведена во целосно транспарентна процедура и во целосна согласност со законот за јавни набавки.

Поранешниот генерален секретар на Владата во писмото кое го објави на социјалните мрежи вели дека не сака да се крие зад функции и дека очекува институциите да ја докажат вистината.

„Кога политиката (политикантството) ќе станат погласни од природните науки тогаш работната атмосфера станува непогодна за некој кој е научен во се да ја бара логиката. Токму заради тоа, до Вас го доставувам ова неотповикливо повлекување, стои во писмото кое Рашковски му го напишал на Заев.

„За некој на кого во светските рамки има добиено досега 11 златни и 2 сребрени медали за своите иновации е деградирање на интелектуалниот капацитет споредбите кои се прават од страна на одредена јавност. Останува на времето да покаже која е вистинската причина за тоа“ – вели Рашковски.

Името на Рашковски се споменува во спорната набавка на опрема за аеродромот преку фирмата Леонардо, во центарот на вниманието се најде откако медиумите објавија дека додека бил Генерален секретар на Владата набавил софтвер за сообраќајни прекршоци кој на полицијата воопшто не и бил потребен.

Премиерот Заев изјави дека штом Рашковски го набавил, софтверот тој сигурно бил потребен, но откако медиумите јавија дека Рашковски веројатно и самиот го креирал решението што и го продал на полицијата, Обвинителството за организиран криминал отвори истрага и вршеше претреси.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.