Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Вакцинацијата на сите пунктови во државата и во А1 Арената – СЦ „Борис Трајковски“ се одвива одлично. Досега се вакцинирани 18 261 граѓанин, соопшти на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче. Според приоритетот следната недела ќе се вакцинираат вработени во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници. Направивме сè за да обезбедиме вакцини, системот е добро поставен – планот е да се имунизираат меѓу 7000 и 10 000 лица дневно, истакна ресорниот министер. Во вакциналните пунктови во здравствените установи тече вакцинацијата на возрасни граѓани над 76 години, а во спортската сала се вакцинираат здравствени работници и припадници на т.н.…
Скопјанецот Раиф Мифтари е лицето што се гони за посредување за македонски пасоши со лажен идентитет. Министерството за внатрешни работи на веб страницата објави дека е распишана меѓународна потерница по него. Тој пред четири дена успеа да им избега на припадниците на МВР, кои ја спроведуваа акцијата, а во која беа уапсени десет лица. За него беше распишана локална потерница, а откога не е пронајден, Обвинителството издаде наредба за распишување меѓународна. Тоа значи дека постојат сомневања дека Мифтари е надвор од Македонија. „Мифтари Раиф, од татко Емин и мајка Радифе, роден 14.11.1981 година во Скопје, каде што и живее на…
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху, во изјава за ТВ21 ги повика муслиманските верници да не бидат скептични и да се вакцинираат иако им претстои месецот на рамазански пости, бидејќи како што посочува со имунизацијата не се нарушува постот. „Вакцината не е витаминска и не е хранлива, не продира преку грлото и желудникот, затоа без трошка сомнеж вакцината треба да се прими според барањата на надлежните институции и без трошка сомнеж дека вакцинацијата не го нарушува постот во деновите на месец Рамазан. Доколку евентуално во моментот на вакцинирање се случи некое мало влошување кое може да биде нормално, тогаш во консултација…
Многу е битно сега и верските лидери да сфатат дека ситуацијата е навистина сериозна, дека епидемиолошката слика може дополнително да ја искомплицира состојбата во болниците, нешто што сакаме да го избегнеме. Би сакал да ги повикам следната недела двајцата лидери, и на МПЦ и на ИВЗ и да ги замолам да упатат апел кон верниците – да останат дома оваа година, да не се групираат во цркви и џамии, да нема служби, рече вечерва министерот за здравство, Венко Филипче. Во гостување на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, Филипче потенцира дека натамошните мерки ќе се димензионираат зависно од тоа како…
Како последица од коронавирус на 59-годишна возраст почина фотографот и дипломат на МНР Драган Тодоровски. Тодоровски од 1996 година беше вработен во Министерството за надворешни работи (МНР) како официјален фотограф, кој во периодот до 2010 е хроничар на најзначајните надворешно-политички активности на македонската држава. Последната деценија работеше во Директоратот за билатерални односи со европските држави и беше одговорен за земјите од Северна Европа. Во периодот од 2015 до 2018, престојуваше во дипломатска мисија во Кралството Норвешка, извршувајќи ја функцијата вршител на должност во амбасадата Македонија во Осло. Тодоровски беше еден од многуте заразени од коронавирусот во МНР, кои или беа…
Припадници на МВР денеска кај планинсклиот премин Плетвар пресекоа организиран транзит на дрога вредна 800 илјади евра. Во организацијата на транспортот на дрогата постои сомнеж дека е вмешан висок полициски службеник, Кире Спиркоски, со чин командир во полициска станица, пренесува порталот СДК. Според информациите од МВР, станува збор за поголема група на лица кои се уапсени но поради истрагата се уште не се откриваат детали ниту бројки. Кај уапсените е пронајдено и оружје. Според информации од истрагата оваа нарко-дилерска група и транзитот овозможен со командирот на прилепската полиција, немаат врска со трговците со кокаин од Грчец, кои беа апсени минатата…
Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека обвинувањата на опозицијата за справувањето со кризата не се издржани. Потенцираше дека членови на ВМРО-ДПМНЕ шират антивакцинална кампања. -Справувањето со кризата дава резултати, кривата паѓа. Ниту еден пациент не остана без кревет во болниците. Обвивувањата на опозицијата не се темелат на ништо издржливо. Само лаги и клевети. Некои членови на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста кажуваат нешто што оди во прилог на антивакцинална кампања. Конкретно докторот Вело Марковски, нешто што е незамисливо за докторската фела. Тој ја спори безбедноста на вакцините. Тоа може да го загрози јавното здравје, рече…
Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) отворила случај во врска со владините хонорарци, чии имиња не се обелоденети, информира претседателката на ДСКСК, Билјана Ивановска, додавајќи дека ќе ги бара нивните имиња. Сите исплати од буџетски сртедства, нагласи таа, треба да бидат јавни бидејќи буџетот се полни од јавни давачки. Според неа, многу е погрешно да се крие намената и на кого е извршена исплатата. – Од она што добивме досега како информации забележавме дека сите исплати се извршени преку Агенција за авторски права. Се поставува прашањето дали толку многу авторски дела и требаа на Владата, од една страна, од друга…
Истрагата да покаже каде е пропустот за да видиме каде да го зајакнеме системот за итен транспорт на пациенти. Битно е да се расчисти докрај што точно се случило и да научиме од ова што треба да направиме за другпат да не ни се случуваат вакви работи, рече министерот за здравство Венко Филипче за ненавремената помош и транспорт до болница на Златко Божиновски, овчар од Кратовско. Во „Само интервју“ на ТВ Канал 5 министерот рече дека лекарот што бил на терен и ја проценил ситуацијата, направил се што треба, го контактирал надлежниот директор на Здравствениот дом, но треба, рече, да…
Вакцинацијата на сите пунктови во државата и во А1 Арената – СЦ „Борис Трајковски“ се одвива одлично. Досега се вакцинирани 18 261 граѓанин, соопшти на Фејсбук министеропт за здравство Венко Филипче, кој денеска бил информиран на состанок со членовите на Националното координативно тело за имунизација против КОВИД-19. Следната недела ќе се вакцинираат вработени во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници. Во вакциналните пунктови во здравствените установи тече вакцинацијата на возрасни граѓани над 76 години, а во спортската сала се вакцинираат здравствени работници и припадници на т.н. критична инфраструктура. – Освен возрасни граѓани, здравствени работници, вакцинирани се најкритичните групи…
Почина Тони Николовски, советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и поранешен снимател, со искуство во повеќе медиумски куќи. Николовски работеше како снимател во Агенција Анадолија (АА), Сервисот на македонски и Сервисот на албански јазик во Скопје, од 2015 до 2020 година, пред да стане советник во МЗШВ. Тој е сопруг на поранешната пратеничка Ленче Николовска. Во својот работен век работел и во МРТВ, како и во поранешната А1 телевизија. Николовски почина од последиците на Ковид-19.
Роднини на двајцата осудени за убиството на Никола Саздовски поддржани од навивачката група „Шверцери“ попладнево на протест пред Кривичен побараа преиспитување на судската пресуда и преквалификација на делото од свирепо убиство во насилство со смртни последици. „Заедно со семејствата и пријателите протестираме за правата на нашите пријатели и браќа. Го креваме гласот против неправда. Не бараме ништо повеќе од вистината. Поминаа две и пол години, се надевавме на правда, затоа молчевме. Но, одлуките засновани на етничка припадност не ни оставија простор да се надеваме… Осудените не сакале да му го одземат животот. Тие никогаш не размислувале за убиство, уште помалку…