Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Последниот извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во 2020 година, во кој во делот за Република Северна Македонија се нотира пречекорување на роковите за истраги, тема на денешниот онлајн состанок на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески со јавните обвинители на јавните обвинителства во Република Северна Македонија. Според соопштението на ЈОРСМ јавниот обвинител од јавните обвинителства во државава, побарал да направат увид во предметите во кои е детектирано продолжување или пречекорување на роковите за истрага со цел да се утврдат причините за тоа, како и можностите за нивно надминување. Според Јовески, оценката изнесена во Извештајот на Стејт департментот…
Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска оствари средба со поглавари на верските заедници во земјава на која е донесен заеднички заклучок да се упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките на владата за спречување на ширењето на Ковид – 19. Според информациите на состанокот станало збор и за други актуелни прашања од значење на верските заедници во земјава. Присутните на средбата исто така изразиле поддршка на процесот на вакцинирање по што упатија заеднички повик до сите граѓани да се пријават за вакцинација, со што ќе дадат придонес во сочувувањето на своето и на јавното здравје. Заеднички е констатирано дека…
Русија доследно ќе го испочитува договорот со Македонија, во тек е испорака на договорените количини од вакцината „Спутник V“. До сега испорашани се 6.000 дози, а земјава има нарачано 200 илјади од овој производител, вели рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин. – Договорот потпишан од страна на Рускиот фонд за директни инвестиции и македонското Министерство за здравство ќе биде испочитуван. Не може да каже кога точно вакцините од Русија ќе пристигнат во земјава, во моментов се работи за испораката на останатите договорени количини на препаратот, вели Бездникин. Рускиот амбасадот нагласи дека вакцината „Спутник V” е апсолутно безбедна, нејзината ефикасност е…
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека деновиве се чувствува мало олеснување во здравствениот систем односно забележан е благ пад на бројот на новозаболени лица. Вели доколку ваквиот тренд продолжи тоа ќе значи дека пикот на третиот најсилен бран до сега е веќе зад нас. „Вчера во текот на денот осетивме мало спласнување. Денес и бројката е нешто помала, околу 1.200 треба да биде. Да не избрзуваме, мора да ја следиме состојбата и оваа недела, веројатно пикот е зад нас, но тоа ќе го кажеме некаде на почетокот на следната недела“, рече министерот Филипче. Во однос на имунизацијата на населението…
Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека по состанокот што утрово го имале со работната група за имунизација бил донесен заеднички став по однос на имунизацијата со вакцините на компанијата Астра Зенека дека истите ќе се користат само за вакцинирање на лица над 60 годишна возраст. До ваква одлука дошле откако го разгледале вчерашното мислене по однос на ова прашање на Европската агенција за лекови од каде посочија дека има индикации според кои во многу ретки случаи со употреба на оваа вакцина кај пациентот да се појави несакан ефект, згрутчување на крвта. „Утрово го разгледувавме ставот на бордот на ЕМА…
– Додека здравствената криза е во тек не може да се дозволи да работат рестораните за свадби. За сите угостителски објекти кои се затворени овој период со одлука на Владата ќе следи економска поддршка, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој додава дека не може да се направи отстапка за да им се дозволи да работата додека е здравената криза во тек. – Ќе направиме се што треба за да влезат во системот, да бидат категоризирани и соодветно да се постапи со нив во редовните програми на Министерството за економија и ако е потребно и со дополнителни мерки. Тие…
– Очекувам Законот за поддршка на платите да биде изгласан наскоро и да бидат исплатени парите за помош на компааниите кои аплицирале за средства од петтиот пакет еклономски мерки наменети за исплата на плати на вработените за месеците февруари и март, вели министерот за финансии Фатмир Бесими. Дополнително, Бесими вели дека има амандманска интервенција со цел двете заостанати плати – и мартовската и февруарската, да се исплатат одеднаш. – Законот е почнат да се носи и се надевам дека брзо ќе биде донесен. Предвидуваме и олеснување на мерката преку амандман со кој се утврдува на 15 април работниците да ги…
Актуелниот бугарски премиер и лидер на партијата ГЕРБ која победи на парламентарните избори минатиот викенд поднел барање до Централната изборна комисија за откажување од пратеничко место во идниот бугарски парламент. Ваквата информација ја соопшти самиот додавајќи дека не му е потребна заштита од кривичен прогон. Во новоизбраниот парламент влегуваат вкупно шест, делумно меѓусебно раскарани партии, а засега нема јасно мнозинство за состав на влада. Борисов тешко би успеал да формира нова владина коалиција, особено откако четири партии откажаа желба да владеат заедно со ГЕРБ. Новата парламентарна партија „Исправи се! Мафијата надвор!” бара формирање комисија за испитување на работата на владата…
Премиерот Зоран Заев очекува в понеделник на состанокот со претставниците од Алијанса на Албанците и Алтернатива да се изнајде решение во однос на нивното барање за начинот на добивање државјанство на Република Северна Македонија. Според премиерот извесно е решението, знаејќи ги сите детали од анализи, но и како што информира, работните состаноци што ги имал со министерот и со заменик министерот за внатрешни работи за оваа тема. Рече дека тоа би биле услови кои се среќаат секаде на европскиот континент или во нашиот регион. Заев истакна дека верува оти со самото законско решение, во кое се земени предвид и барањата…
Премиерот Зоран Заев изјави денес дека најголемите фалсификати на лични документи се случувале во времето на ВМРО-ДПМНЕ и дена не држат барањата одговорност за него и министерот Оливер Спасовски. „Не може да се обвинува министер, премиер или слично заради тоа што спровеле успешни акции, посебно докажувајќи дека тие акции биле месеци на анализа, документирање, аргументирање за да бидат изведени пред суд. Кога во анализите ќе видите кога се случувало тоа, кога се правени ваквите најголеми фалсификати и криминали или со лажни матични броеви, ќе видите дека тоа е за време на режимот односно за времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави…
Пристапот до квалитетно образование за секое дете е врвен приоритет на Министерството за образование и наука и на Владата. Затоа со новата концепција за основно образование создаваме „ново училиште“ во кое главни столбови се подобрувањето на меѓуетничката интеграција, заштитата од дискриминација и инклузијата со цел унапредување на образованието на помалите етнички заедници, соопшти Министерството за образование и наука. Министерката за образование и наука Мила Царовска, честитајќи го 8 Април, Светски ден на Ромите и 50-годишнината од одржувањето на првиот Ромски конгрес во 1971 година, вели дека со новите наставни програми, кои се во подготовка, целта е да се изградат нови…
Премиерот Зоран Заев, на прашање за вакцините, најави дека до крајот на овој месец ќе пристигне поголемо количество на вакцини, со цел што побрза имунизација. Заев рече дека ќе стигнат дози на руската вакцина „Спутник В“, и дополнителни вакцини како донација од соседна Србија, на што премиерот повторно се заблагодари за солидарноста и поддршката.