Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Министерот за финансии, Фатмир Бесими, на денешната прес-конференција порача дека заедно со Владата работат на економскиот раст во земјава и инвестиции, кои се најавени да се остварат во наредните четири години. „Ние сме реални и свесни дека пандемијата трае. Фокусирани сме на заздравување на економијата и затоа постојано комуницираме со бузнис седницата. Имаме позитивен економски раст во земјава, а тој се очекува да расте и во иднина. Започнавие средби со Светската банка и ММФ. Инвестициите неколкукратно ќе растат од 2021 до 2025 година, ќе инвестираме во иновативни и еколошки проекти, кои ќе помогнат за забрзан раст“, истакна Бесими.
Клиничката болница „Жан Митрев“ соопшти дека согласно состанокот одржан со министерот за здравство Венко Филипче, а со цел да им излезат во пресрет на што поголем број граѓани во оваа тешка ситуација, од денеска овозможува пакети за лекување од Ковид-19. Досега пациентите плаќаа 12 000 евра, од сега за пациенти кои ќе се лекуваат на полуинтензивна нега, лекување во траење до 10 дена ќе чини 6000 евра, за пациентите на кои им е потребно интензивно лекување, односно се преземени во сериозна здравствена состојба од други институции каде биле претходно хоспитализирани, цената за максимум 10 дневно лекување ќе изнесува 8000 евра.…
Полнењето на државната каса оди според планираното, приходите се на повисоко ниво од преткризниот период од минатата година, а добрата кондиција на буџетот во првиот квартал и позитивните трендови што се препознаваат се должат на преземените мерки, но и на довербата на деловната заедница во мерките кои овозможија стопанството да не работи во грч туку да ја следи бизнис логиката дури и во вакви услови, оцени денеска премиерот Зоран Заев. Како што истакна на прес-конференцијата во Владата заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, имплементирани се околу 70 мерки преку кои на граѓаните и на стопанството им биле ставени на…
Денеска одбележуваме 31 година од прогласувањето на 8 април за Светски ден на Ромите од страна на Обединетите нации. Важни јубилеи за Ромите оваа година се и 50 години од одржувањето на првиот Светски конгрес на Ромите во Лондон, како и 20 години од впишувањето на Ромите во Уставот на нашата држава. Денеска се потсетуваме на досегашни конкретни политики и мерки од непосреден интерес за ромската заедница, преку кои им се подобрија можностите за еднакво учество со останатите заедници, објави на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев. Имаме, посочува премиерот, политичко преставување на Ромите во Владата, во мојот кабинет, во…
По повеќе шпекулации, но и најави од германските надлежни дека ќе набавуваат руска вакцина против корона вирус, тоа и се случи. Имено, како што пренесоа некои странски агенции, главната германска Комиција за вакцинација на покраината Баварија ѝ одобри прелиминарна нарачка на „спутник V“. Дека Германија навистина се подготвува да набави руски вакцини и да започне билатерални преговоти со Русија јави порано и Ројтер, повикувајќи се на свои извори од состанокот на министерите на членките на ЕУ со Европската агенција за лекови ЕМА. На тој сосотанок на министрите им е речено дека ЕМА и ЕУ нема да почнат преговои за набавка…
По проценката на Европската агенција за лекови, ЕМА, вчера дека Астра Зенека сепак е поврзана за ретки нус појави кои можат да предизвикаат тромбоза, Европската Комисија сака да види обединет став во земјите членки на ЕУ. За сега секоја земја членка сама одлучува дали и како ќе ги користи вакцините, вклучително и Астра Зенека. Некои земји ја ограничуваат употребата под 55-годишна возраст, други под 60- годишна, некои целосно ја суспендираа во исчекување на повеќе детали. Здравствената политика во ЕУ е национална надлежност и секоја земја е целосно слободна во своите одлуки, но проблемите со АстраЗенека предизвикаа голема конфузија кај граѓаните…
Прес-конференција на премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими. Тема на прес-конференцијата е збирниот ефект од четирите пакет мерки, реализацијата на буџетот, информација за тековните економски движења, како и за очекувањата за оваа економска година. На прес-конференцијата ќе бидат присутни и Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Крешник Бектеши, министер за економија и Кире Наумов, генерален извршен директор на Развојната банка.
Пет осудени лица, меѓу кои поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, кои се на издржување на затворска казна во Штипскиот затвор се позитивни на ковид-19. Од затворот потврдија дека има заразени и тројца вработени. „Во моментов, во КПД Штип има три вработени лица позитивни на корона вирусот и пет осудени лица. Петте осудени лица позитивни на коронавирус се во две посебни простории изолирани и издвоени од останатите осудени лица“, рече директорот Мики Тодоров. Чавков ја издржува казната во затвореното крило и најверојатно се заразил од некој од вработените, бидејќи не користи викенд. Вчера во затворот се…
Последната мега афера со издавање пасоши на припадници на мафијата и лица опасни по безбедноста, само ги потврди оценките дека партизацијата на МВР и другите безбедносни институции директно ја загрозуваат националната безбедност и ги кочат евроинтеграциските процеси, оценува Демократски сојуз. „Повеќе од 20 години селекцијата за прием во безбедносните служби ја прават партиите и се доминантни при конечната одлука за вработување, без да се почитуваат цврстите критериуми, базбедносните проверки, тестот на интегритет, здравствената состојба и други параметри клучни за конечната оценка дали некој може да биде дел од највиталните институции во државата. Изостануваат и контролни механизми во работата на овие…
На првиот ден од двонеделното затворање сите угостителски објекти низ државата, како и рестораните и кафитериите во хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување, со цел превенција и заштита на граѓаните од Ковид-19, од Владата вчера стигна најава за нови мерки за помош на овие економски оператори. – Во моментов разгледуваме неколку модели кои ќе се базираат на покривање на дел од остварените приходи во последните месеци. Секако за споредба мораме да земеме месеци со кои би можеле да симулираме колку тие истите би направиле приходи доколку не се случи ова затворање. Во моментов приоритет е здравјето и…
Во услови кога во земјава прдоложува процесот на имунизација на повозрасните лица и вработените во Армијата и образованието, Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера потврди дека постои поврзаност помеѓу вакцината на „Астра Зенека“ и појавите на згрутчување на крвта, но нагласи дека оваа последица е многу ретка и бенефитите од вакцината и натаму се поголеми од ризиците. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Комитетот за фармаковигилентност на ЕМА заклучи дека е утврдено невообичаено згрутчување на крвта по вакцинирањето со „Астра Зенека“, но дека начинот на кој се случува оваа реакција не е јасен. Сепак според, експертите од ЕМА…
Заедничкото истражување на Кина и Светската здравствена организација (СЗО) за потеклото на коронавирусот не даде веродостојни одговори за тоа како почна пандемијата и потребни се поригорозни истражувања, со или без Пекинг, соопштија група меѓународни научници и истражувачи. Во заедничката студија, објавена минатата недела, се наведува дека најверојатната патека на пренесување на вирусот што предизвикува Ковид-19 вклучува лилјаци и други диви животни во Кина и Југоисточна Азија. Исклучена беше можноста дека вирусот протекол од лабораторијата. Во отворено писмо, 24 научници од Европа, САД, Австралија и Јапонија изјавија дека истражувањето било нарушено од политиката. -Тие сакаа да постигнат онолку компромиси колку што…