Author: Нова ТВ

Како што обично имало контраиндикации од вакцините против грип, така има и со овие вакцини. Со оглед дека сега е пандемија, вакцината АстраЗенека излезе некако надвор од ситуацијата. Сепак го поддржувам фактот на претпазливост, вели д-р Аспазија Софијанова, директор на Детската клиника за емисијата „24 анализа“. Според неа, бенефитот од АстраЗенека е враќање во нормалниот живот. -Генетиката е интересна работа, никој не знае што носи во себе. Сепак, според мојот податок, еден наспроти милион и двеста се шансите дека АстраЗенека може да даде контраиндикации и сето тоа е минимално, истакна Софијанова.

Read More

Првиот човек на МВР Оливер Спасовски упати директна порака до лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но и до сите кои, како што рече, мислат дека со опструкции и саботажи ќе ги спречат во пресметката со криминалните структури“. – Бадијала се трудат. Нема да застанеме ниту да не поколебаме. Се соочивме со саботажа од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, но истата не успеа. Со тоа се можеше да се загрози се што беше сработено во период од повеќе од една година“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција посветена на денешната полициска акција во која обвинети…

Read More

МВР уапси криминална група чии членови биле вработени во управната служба на МВР кои пак издавале патни исправи злоупотребувајќи туѓ идентитет. – Кон почетокот на 2019 воспоставена е криминалистичка истрага за лица вработени во управните служби при МВР, како референти и контролори, кои издавале македонски патни исправи за лица странски државјани употребувајќи туѓ идентитет, а пред тоа лицата немале биометриски лични документи, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција. Според неговите информации 215 лица, од кои 214 странски државјани и еден македонски државјанин се здобиле со патна исправа под туѓ идентитет. – Беше утврдено дека станува збор…

Read More

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе одржи прес – конференција на која ќе информира за полициската акција која се случи денеска. Уапсени се девет полициски службеници кои биле дел од синџир за фалсификување патни исправи и лични документи. https://www.youtube.com/watch?v=8wgjdu5Pl7k

Read More

До крајот на март, 2021 Европската Унија има дадено вкупно 107 милиони вакцини што ја исполни една од иницијалните Ковид-19 цели за првите три месеци од годината. Односно целта да се дадат 100 милини вакцини до крајот на март е исполнета. Но, ЕУ државите потфрлија во некои од другите цели што беа поставени од Европската Комисија околу вакцинација на одредени таргет групи. Според Politico, само 5 ЕУ држави успеле да ги вакцинираат 80% од луѓето над 80 години и многу мал број држави може да се пофалат со 80% вакцинација на нивните здравствени работници и работници за социјална заштита. Ова…

Read More

Ковид-19 пандемијата, која безсомнено имаше огромни ефекти врз здравјето и економијата на глобално ниво, сега станува важен фактор во дипломатската политика на повеќе светски и регионални сили. На 5ти април, 2021 администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден назначи координаторка за глобална Ковид дипломатија. На оваа позиција беше назначенa Гејл Смит, поранешната координаторка на USAID за време на претседателските мандати на Барак Обама, од страна на државниот секретар Антони Блинкин. Назначувањето на Смит индицира одредена поврзаност на администрацијата на Бајден со поранешната администрација на Обама каде тој самиот беше потпретседател. „Знам дека многу држави бараат САД да прави повеќе, некои дури…

Read More

Портпаролката на Европската Комисија задолжена за проширувањето, Ана Писонеро, вели дека Брисел „ги охрабрува и Бугарија и Северна Македонија да изнајдат заеднички прифатливо решение за тековните билатерални прашања. -Со нетрпение очекуваме да се одржи првата Меѓувладина конференција што е можно поскоро, додаде Писонеро во изјава за МИА. Од Европската Комисија за МИА не сакаат да влегуваат во детали околу политичката ситуација во Бугарија после изборите што се одржаа во неделата, но се надеваат дека Скопје и Софија ќе постигнат компромис. Северна Македонија е блокирана во Советот на ЕУ за усвојувањето на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција со…

Read More

Изборниот резултат нема да донесе ништо ново во политиките кон Македонија бидејќи без разлика кој и да формира влада ГЕРБ, Слави Трифонов или БСП,  ставовите се исти по однос на ова прашање, вели  бугарскиот европратеник од партијата на Бојко Борисов, Андреј Ковачев. Тој во изјава за порталот МКД.мк вели дека не разбира зошто некој во Скопје очекува дека изборите во Бугарија ќе имаат некакво значење. Според Ковачев Договорот меѓу двете земји постигнат во 2017 година треба да се исполнува, особено, како што вели, „во делот на заедничката историја на еден ист народ кој бил разделен на сила“, а заедничката Комисија…

Read More

Новата Концепција за основно образование стартува од есен во прво и четврто одделение, а до подобар образовен систем на сите нивоа можеме да стигнеме само ако направиме исчекор од комфорната зона, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во Утринската програма на Националната радиотелевија. „Новиот концепт на учење ќе ги менува наставниците, но ќе го менува и пристапот на учениците. Најважно е дека конечно во фокус го ставиме ученикот. Зошто? Досега сите други параметри ни беа значајни, но не што бара ученикот. Погледнете како едно дете од прво, второ, трето одделение се справува со сите дигитални алатки коишто му…

Read More

Ќе отвориме на 14 мај, ќе ги отвориме сите копнени премини, за да ги немаме тешкотиите што ги имавме лани, рече министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката на СИРИЗА, Кирјаки Малама, во врска со туристичката сезона, конкретно за Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина. Теохарис уште еднаш го објасни владиниот план во пет точки со предусловите за патување во Грција: или вакцинација или негативен тест, во комбинација со контроли при влезот за доколку има позитивни посетители да се откриваат, хотели- карантин за изолација на заразените, вакцинација на туристичките работници, како и строго…

Read More

Шеесет и тригодишниот маж од кратовското село Емирица кого пет часа го носеа на раце во импровизирана носилка, утрово починал во Штипската болница. Причина за падот на непристапниот терен бил мозочен удар, а поради долгото чекање помош се здобил со тешко мозочно крварење. Пред да стигне помошта 12 часа лежел во снег, а неговото тело неколку часа го греела неговата 90 годишна мајка. За случајот јавноста дозна откако д-р Павле Зафиров, кој веќе три години е доктор во Брза помош во Здравствениот дом во Кратово, на својот Фејсбук профил револтиран од неажурноста на институциите, детално го опиша спасувањето на мажот.…

Read More

Дали Мицкоски одработува за криминалци? – запрашаа јавно од СДСМ во врска со акцијата за апсење на десетина полицајци поради  издавање фалсификат документи. -Дали Христијан Мицкоски намерно пласираше информации во јавноста за да се саботира голема полициска акција на нашите институции, МВР и меѓународни органи со помош на нашите стратешки партнери, саботажа која не успеа? Очекуваме официјални информации од надлежните институции кои треба да покажат дали Христијан Мицкоски одработува за криминалци, реагираа од СДСМ. Мицкоски на прес – конференција денеска изјави дека има докази за тесна поврзаност на мафијата со највисоките структури на власта во Македонија. -Аферата „Мафија“ потврдува дека…

Read More