Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција, истакна дека новиот сој на корона вирусот остава посериозни последици кај заразените, поради што и се лекуваат подолго. -Хоспитализацијата сега трае подолго, претходно по 14-от ден се сметаше дека пациентот е излечен, а сега се случува 12, 13, 14 ден влошување, на една форма која ретко се гледа, со драстично влошување на сликата на белите дробови и крвната слика, која за жал завршува со фатален исход, истакна Филипче, кој додаде дека бројките на заразени растат во Куманово Битола, Кичево и Тетово. Затоа, како што рече, сметаат дека празниците кои доаѓаат дополнително…
Согласно одлуката на Владата на Република Македонија за забрана за движење на населението во периодот од 20:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите управни служби на територија на државата кои работат втора смена ќе работат до 19:00 часот. – Сите граѓани, на кои термините за аплицирање за лични документи им се закажани во периодот од 18:30 до 19:45 часот, ќе можат да ги искористат во текот на целиот работен ден (до 18:30 часот), притоа почитувајќи го датумот на закажаниот термин, соопштуваат од МВР.
Почнувајќи од 7 до 20 април, сите угостителски објекти ќе имаат целосна забрана за гости/посетители, соопшти на својот фејсбук профил Министерот за економија Крешник Бектеши. Тој информира дека целосна забрана да примаат гости ќе имаат и хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна. Објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или доколку има можност за самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт, напиша ресорниот министер. Во соопштението стои дека исклучок…
Македонскиот центар за меѓународна соработка ги соопшти резултатите од истражувањето на јавното мислење според кои повеќе од половина од населението во земјава или 56,4 отсто има доверба во новите вакцини и е подготвено да се вцакцинира, што пак претставува зголемување на интересот во однос на анкетата спроведена во декември 2020 година, кога 38,7 отсто од граѓаните рекле дека е многу веројатно или веројатно дека ќе се вакцинираат. Истражувањето е составено од три дела, во вториот се обработени ставовите за носење заштитна маска, ограничувањата и забраните за организирање настани, ставовите за работата на здравствените институции, работата на министерот за здравство и…
Повеќе од една година светот, Европа и ние живееме со ковид-19. Затворени, исплашени, збунети, економски исцрпени, а веќе илјадници – и болни и починати. Од самиот почеток на пандемијата, светската медицина и фармакологијата се обидуваат да најдат решение за тешката ситауција. Она што сите го сметаат за тоа решение и за светлото на крајот од тунелот е имунизацијата. Од декември минатата година почна аплицирањето на првите вакцини, а најбрзи (или најхрабри во нивната примена беа властите на Велика Британија. Таму живее и работи охриѓанката др. Теута Ѓуладин-Хелон, која е професорка на Медицинскиот факултет при Универзитетот на Централен Ланкашир, каде го…
– Обвинението за случајот „Трезор“ е засновано врз претпоставки, а обвинителството со ниту еден доказ не докажа дека Сашо Мијалков ја злоупотребил својата положба. Набавките во МВР се вршат преку помошник-министер кој одговара директно пред министерот, а директор не може да даде наредба на помошник-министер, рекоа во завршните зборови адвокатите од одбраната на Мијалков на денешното судско рочиште. Според адвокат Љупчо Шврговски постапката во овој случај ја води неовластен тужител. – Ѓоко Поповски, кажа дека не се сеќава кој, кога и како дал препорака дека преку фирмата „Финзи“, ќе се врши набавката на опремата. Не постојат физички и електронски докази…
На денешната седница на Владата донесе нови мерки за заштита од Ковид-19. Премирот Зоран Заев рече дека поради растот на бројот на заразени и починати, а на предлог на министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести донесени се повеќе рестриктивни мерки. Прво, забрана и посебен режим на движење на граѓаните од 20 до 5 часот наутро, почнувајќи од утре, до 20 април. На граѓаните кои извршиле вакцинација им се дозволува враќање дома и во полициски час. Се воведува и целосна забрана за посетители и гости во сите ресторани, кафулиња, хостели, мотели, хотели, а оние кои подготвуваат храна…
Најмалку двесте пасоши со украдени идентитети издало македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) на познати балкански нарко-босови и криминалци, откри денеска ВМРО-ДПМНЕ во скандалот именуван „Мафија“. Со ова, носителите на власт, премиерот Зоран Заев и министерот задолжен да го гони криминалот, Оливер Спасовски ја ставиле на располагање целата државна апаратура на балканските криминални структури кои важат за најсилни во Источна Европа. Во периодот од декември 2017 до јануари 2021 година издадени биле оригинални македонски документи на шефови на повеќе нарко-картели заради непречено патување и престој во странство. – Аферата „Мафија“ е потврда дека државата станала гнездо, дала закрила и соработувала…
Владата денеска во 13:00 часот преку видеоврска ја одржа 63-тата редовна седница на која членовите на Владата разговараа за актуелната состојба, текот и прогресот на активностите во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19. Проследете ја прес – конференцијата на која премиерот Заев, министерот Филипче и епидемиологот Караџовски информираат за донесените одлуки и заклучоци од владината седница. https://www.youtube.com/watch?v=5kGdYmY9VcM
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешното гостување во Студио 10, на ТВ 24 зборуваше за состојбата со КОВИД 19 во детските градинки при што потенцираше дека бројките во моментов се стабилни и нема екстремно покачување. „Во моментов имаме 59 нови позитивни вработени и 11 деца. Таа динамика е константна. Втората седмица во ноември беше пикот во градинките. Родителите веруваат во функционирањето на поставените протоколи во градинките,а за тоа потврдува дека нема ширење на заразата во нив,“ посочи Шахпаска. Таа потенцираше дека МТСП цело време работи на тоа да се зголеми опфатот на деца. Како и дека…
Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност открива скандал со пратениците од Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и нивното политичко делување во режимскиот Азербејџан на претседателот Илхам Алијев, особено на пратениците кои се дел од набљудувачката мисија на ПССЕ, пишува Слободен печат. Од 2013 година наваму, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски, постојано е член на таа мисија, па наводите кои во јавноста ги изнесува Кнаус, преку угледниот Франкфутер Алгемајне Цајтунг, може да се однесуваат и на него, уште повеќе кога ќе прочитате дека го нарекуваат лидер на измамничка мисија. Пред неколку денови, поточно на 30-ти март, весникот пренесува интервју…
Армијата не добила никакво барање за помош во спасувачката акција на завеаниот овчар во кратовските планински предели. Доколку такво барање дошло до неа, преку ноќ би било одобрено и Армијата би помогнала, како што тоа го направила многупати досега бидејќи има на располагање и армиски хеликопетри, но и стручни единици, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски. Тој вели дека овој случај е уште една поразителна и трагична приказна за државата. -Таквото барање не е проследено воопшто до Армијата. Јас се зачудив кога го видов целиот извештај. Тоа е една поразителна и трагична приказна за сите нас како држава. Не сакам да…