Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата донесе одлука: Забрана за движење од 20 часот, затворање на кафеаните, фитнес салите, обложувалниците

0
By Нова ТВ on April 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 5, 2021 14:45

На денешната седница на Владата донесе нови мерки за заштита од Ковид-19. Премирот Зоран Заев рече дека поради растот на бројот на заразени и починати, а на предлог на министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести донесени се повеќе рестриктивни мерки.

Прво, забрана и посебен режим на движење на граѓаните од 20 до 5 часот наутро, почнувајќи од утре, до 20 април.

На граѓаните кои извршиле вакцинација им се дозволува враќање дома и во полициски час.
Се воведува и целосна забрана за посетители и гости во сите ресторани, кафулиња, хостели, мотели, хотели, а оние кои подготвуваат храна може да ја доставуваат  онлајн или по нарачка преку телефон, почнувајќи од 7 април до 20 април.

Исклучок се угостителските објекти во аеродромите во Скопје и Охрид, како и за хотелите, мотелите и хостелеите, за гостите сместени во објектите.

Се вовездува забрана за посета на обзложувалниците, уплата да се врши само на шалтер исто од 7 до 20 април.

Забрана за посета на сите фитнес сали, теретани и слично. Се забрануваат семинари, обуки, курсеви од 6 до 20 април.

На земјоделците им се дозволува одење на нива и на пазари.

Сите кои живеат во колективни домови и имаат куче може да ги шетаат од 22 до 23 часот, најмногу до 100 метри околу објектот.

Останува забрана за групирање повеќе од четворица на отворено.

Премиерот повика да се почитуваат мерките, да не се организираат прослави и собири.

Тој рече дека новиот сој на вирусот е далеку позаразен и поопасен од претходните и овој трет бран на пандемијата од Ковид-19 е многу посилен од претходните.

– Најновиот вирусен бран со новиот британски сој на коронавирусот не се споредува со минатите бранови. Вирусот во овој бран е многу поопасен и многу побрзо прогресира, а кај заболените се случува многу побрзо и неочекувано да им се влоши состојбата, дури и после првиот контакт. Затоа е клучно да се ограничи бројот на контакти, оцени денеска премиерот Зоран Заев.

– Ова е момент кога е потребна целосна мобилизација на граѓаните и општеството за заштита на јавното здравје што е обврска на секој од нас. Мора да констатираме дека досега недоволно се почитуваа мерките на лична и колективна заштита, а посебна олабавеност се гледа во последните седмици, рече Заев на денешната прес-конференција во Владата.

Тој смета дека во овој бран заболуваат и млади луѓе и последиците и кај нив може да бидат исклучително сериозни и фатални, а тие ги доведуваат во ризик и повозрасните граѓани кои не се движат колку младите заради можноста да го донесат вирусот дома.

– Затоа клучно е да се ограничи бројот на контакти кои ги правиме сите ние со други луѓе. Апелирам во мое име и во името на Владата седете сите дома во наредните две недели и не излегувајте ако не е потребно и никако не се групирајте, потенцира Заев.

Премиерот нагласи дека мерките за ограничување на движењето во наредните две недели се воведуваат непосредно пред празниците со цел да се овозможи за празничните денови секој граѓанин и секое семејство да ги помине во мир и спокој со, како што рече, саканите на број и на трпезата во домот.

– Со мерките очекуваме да се намали влијанието на заразата и притисокот  врз здравствените работници, посочи Заев, додавајќи дека во меѓувреме нормално ќе продолжи процесот на вакцинација на највозрасните и хронично болните како и најизложените граѓани на можна инфекција.

Овие две недели, порача премиерот, бидете дома со своите најблиски колку можете повеќе и задолжително носете маски, одржувајте растојание, не се групирајте и не организирајте никакви прослави.

– Ова е моментот кога треба најсериозно и најодговорно да е исправиме и да се заштитиме и себе си и нашите најблиски. Сите заедно да се спротивставиме на опасниот вирус и овие две недели да се исправиме и да го возвратиме ударот врз тековниот ковид бран. Ова битка е заедничка и можеме да ја добиеме само заедно, рече Заев и ги повика сите одговорно да се однесуваат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

ВЕСТИ June 19, 2026

Израел и Хезболах постигнаа договор за примирје којшто стапи во сила денеска во 16 часот…

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.