Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Потребата Грција да ги промовира одредбите од Договорот од Преспа, но и да го активира Советот за соработка на високо ниво со Северна Македонија, ја истакна одговорниот за надворешна политика во опозициската СИРИЗА Јоргос Катругалос, јави дописничката на МИА од Атина. По средбата со шефот на грчката дипломатија во рамките на контактите на Денедиас со претставниците на политичките партии за теми од надворешната политика, Катругалос се осврна и на односите со нашата земја. Рече дека иако тоа било прашање за кое не разговарале детално со Дендиас, сепак порача дека сè уште чекаат да бидат донесени за ратификација во Парламентот меморандумите…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега 318.793 граѓани изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk , соопшти Министерството за здравство. На вакциналните пунктови во државата, како што се посочува, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 135.574 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.976 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.976 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 160.425 дози вакцини, а ревакцинирани се 24.851 граѓани. Со последните бројки 35 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. -Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се…
Специјалниот пратеник на Владата на Севена Македонија за Бугарија Владо Бучковски во интервју за емисијата за меѓународна политика „Светот и ние“ на БНТ рече дека му е јасно зошто неговата генерација емотивно гледа на разговорите со Бугарија, со оглед на настани од Втората светска војна и односите со Југославија. Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, според Бучковски, тоа може да се види во инфраструктурата помеѓу двете држави. Според него, нашите позиции се кристално јасни и тоа е дека мора да се најде заеднички именител и со тоа да им го отвори патот на идните генерации. Решението, според Бучковски,…
Рано утрово во земјава пристигна 55-годишниот македонски војник позитивен на Ковид-19 и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска. -Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника. Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен. Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација, напиша Шекеринска. Заразениот војник беше транспортиран под посебни услови и протоколи и ќе биде во изолација, а целиот персонал на Клиниката за инфективни…
Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто денеска ќе престојува во еднодневна посета на државава, при што ќе предаде донација во вакцини наменета за потребите на Министерството за внатрешни работи. Како што најави Министерството за надворешни работи, донацијата на Меѓународниот аеродром Скопје ќе ја преземат министрите за надворешни работи Бујар Османи и за внатрешни работи Оливер Спасовски. Предвидена е и тет-а -тет средба на Сијарто и Османи по која ќе одржат прес-конференција, како и пленарни разговори помеѓу делегациите на министерствата за надворешни работи на двете држави.
Вториот ден од посетата на македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев во Брисел потврди дека нема сомнеж во ниту една ЕУ институција дека Северна Македонија ги исполнува сите услови за формален почеток на преговорите. Македонската страна бара од Брисел засилен ангажман за да се реализира оваа цел, јави дописничката на МИА од Брисел. По средбите со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во понеделникот, вчера премиерот Зоран Заев продолжи со средби со челниците на Европската Унија. Најзначајна беше онаа со високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел. Борел, кој…
Полициски час денеска ќе нема поради верскиот празник Рамазан Бајрам, а веќе од утре тој ќе биде скратен и ќе трае од полноќ до 4 часот наутро. Владата вчера ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести и ги олабави рестриктивните мерки до 18 мај. Се продолжува и работното време на угостителските објекти до 23:30 часот, но тие и понатаму ќе бидат отворени само на летните тераси, а исклучок од ова ограничување се угостителските објекти на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, како и делот за исхрана во хотелите, мотелите, хостелите и пансионите за лицата кои се сместени во овие објекти. Од денеска почнуваат со работа и…
Намалување од 37,2 отсто на бројот нови случаи со Ковид-19 и намалување од 37,1 отсто на бројот на починати, регистрира Институтот за јавно здравје во вчера објавениот извештај за период од 3 до 9 мај. Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk , бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат. -Вкупно се аплицирани 145.043 дози вакцини против Ковид-19 во државава. Од нив 121.181 граѓани се вакцинирани со прва доза, а ревакцинирани се 23.862 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.076 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.033 граѓани. Со последните бројки 35…
Министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири денеска на прес-конференција ќе информираат за јавните повици кои се дел од шестиот пакет мерки. Шестиот пакет на мерки беше усвоен на 66. владина седница и е наменет за најпогодените сектори од корона кризата. Содржи седум мерки и со него се очекува да бидат поддржани 10.000 компании кои вработуваат околу 60.000 граѓани. Вкупната вредност на овој пакет мерки изнесува 17,8 милиони евра.
Можно е политичко решение на спорот со Бугарија за време на техничката влада, но за тоа да се случи потребен е силен притисок од претседателството на ЕУ и некои земји членки, да речат на Софија доволно беше, го загадувате процесот на проширување и атмосферата околу него, вели поранешниот директор за проширување на Европската комисија Пјер Мирел во интервју за ТВ 24. -Можно е да се понуди можност за, така да го наречеме, преодното решение. Тоа би можело да биде, Бугарија да се согласи да го крене ветото, и да објави декларација во која се вели дека ќе го продолжи дијалогот…
Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил ја сподели веста дека на 14 мај во Македонија ќе стигне втората пратка вакцини преку Ковакс механизмот. – Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку Ковакс механизмот и ќе ни бидат испорачани 38 400 вакцини од производителот Астра Зенека. Вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk, напиша Филипче.
Португалското претседателство и натаму вложува напори да се изнајде решение помеѓу Скопје и Софија за да може пред крајот на јуни да се отворат преговорите со Северна Македонија, но и да не се одвои од Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова денеска за МИА го изјави државната секретарка за Европа на Португалија, Ана Паула Закариаш, која претседаваше со денешниот Совет за општи работи каде заседаваат министрите за европски прашање и тело кое ја носи одлуката за почетокот на преговорите со земјите кандидати. -Португалското претседателство се обидува да турка за двете земји да започнат преговори во исто време и…