Author: Нова ТВ

Вицепремиерот Артан Груби денеска на прес-конференција ја покани албанската опозиција на средба на која ќе разговараат за пописот на населението и посочи оти му е жал за одбивањето од нивна страна за меѓупартиска соработка. – Средбата меѓу секретарите на албанските политички партии кои се дел од Парламентот беше свикана пред да се одржи средбата меѓу Заев и Мицкоски. Нивната покана беше испратена претходно, до вчера тие не дадоа одговор за оваа покана. Во врска со оваа средба темата беше пописот на населението, законот за државјанство, како и меѓупартиската соработка во врска со проекти кои се во Парламентот. Многу искрено беше…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ги поздрави напорите што, како што рече, биле направени за одблокирање на работата на Собранието, но, требало во нив да биде вклучен и тој како претседател затоа што треба да ги спроведе сите процедури во институцијата. Во однос на Законот за попис и измените на Изборниот законик рече дека не знае кога бидат донесени, бидејќи, како што нагласи, мора да бидат запазени сите постапки. Информира дека од формален аспект предлозите ги вратил до предлагачите, од каде очекува во најбрз рок да ги вратат повторно во Собранието. – Ги поздравувам напорите направени последните денови надвор…

Read More

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска оцени дека неколкуте претходни протесни ноти од Бугарија до земјаваа и повикувањето на  македонскиот в.д. амбасадор во Софија на разговор ги симнале односите меѓу двете земји на најниско ниво.  -Можам да констатирам дека се можеби на најниската точка во последниот период, но јас мислам дека постои потенцијал за враќање на довербата помеѓу држави, на враќање на нормалната комуникација, на враќање на меѓусебната соработка, само треба да се рационализира таа дебата и тој пристап. Изборите не помагаат обично во рационализација на таа дебата и не само во Бугарија. Така беше и кога ние имавме избори. Така е…

Read More

Фабриката за хартија „Пејпар мил“ од Кочани ја комплетираше последната фаза од поставувањето на таканаречен вреќест филтер за прочистување на воздухот од фините честички прав, со што се создаваат услови таа да продолжи со работа. Според информациите од фабриката, со неговото поставување значително ќе се намали емисијата на ПМ честички, односно трипати под дозволеното ниво со А интегрираната дозвола, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. Истовремено, ќе се испочитуваат и строгите европски стандарди за испуштање честички до 50 микрограми на кубен метар воздух. Поставениот филтер е од најсовремена технологија и претставува гломазен контејнер со над 130 „ракави“,…

Read More

Регионалниот директор на Француската агенција за развој на Западен Балкан,  Доминик Отберг, ја презентираше денес во македонското МНР новата стратегија за поголемо присуство на Франција и за побрз економски и социјален развој на Македонија – што ќе ни ја отвори побрзо вратата во Европската унија. Според Отберг, Агенцијата ќе располага со фонд од две милијарди евра за целиот регион, или на годишно ниво ќе финансира проекти во вредност од 200 до 300 милиони евра. Тие пари ќе бидат дадени како буџетска поддршка на владите за спроведување на јавните политики во економијата, социјалната заштита, урбаниот развој, животната средина, за енергетската ефикасност,…

Read More

На добар пат сме кон изнаоѓање законско решение за државјанство како постојана законска рамка преку која сите граѓани на кои досега им беше овозможено добивање државјанство и живеење достоинствен живот во државата, ќе може да го добијат, изјави пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива. Тој во изјавата по средбата што се одржа во Собранието со пратеничката група на СДСМ и премиерот Зоран Заев истакна дека од Владата имало предлог да има закон со преодна одредба, што, како што рече, заедно со коалицискиот партнер Алијанса за Албанците, ќе го разгледаат. Истовремено, побарале Владата да разгледа неколку точки што тие ги предложиле и…

Read More

Ако нема придвижување во пристапниот процес ќе биде многу тешко Европската Унија да го зачува кредибилитетот во регионот на Западен Балкан после толку многу одложувања, изјави денеска во Љубљана вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на заедничката прес-конференција со шефот на словенечката дипломатија Анже Логар. Димитров потсети дека оваа година земјава одбележува две децении од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ во 2001, и оти 16 години сме земја со статус кандидат за членство. -Го решивме проблемот со Грција, чекавме на новата методологија за да се зајакне довербата во пристапниот процес и пред нас сега е овој,…

Read More

Северна Македонија ќе биде дел од проектот за изградба на терминал за течен природен гас на 17 километри од Александруполи за складирање и гасификација на течниот природен гас со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри, изјави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев, по повод потпишување на меморандумите за реализација на проектите за терминал на течен природен гас, обезбедување  капацитет за природен гас и гасната централа Александруполи. Северна Македонија учествува со 25 проценти во гасната централа на природен гас во Александруполи со 800 мегавати, проценетата инвестиција од над 380 милиони евра, во гасниот терминал 10 проценти учество со вредност од…

Read More

Токму на Денот на македонското правосудство пристигна позитивен Извештај за состојбите со човековите права на американскиот Стејт департмент, во кој е констатирано дека Владата покажала сериозна почит кон независноста на судството и непристрасност во споредба со претходните години, вели премиерот Зоран Заев во пораката упатена до сите судии и обвинители, адвокати, и сите останати вработени во правосудниот сектор по повод Денот на правосудството. – Ова е уште еден доказ дека тоа што го работиме дава и ќе дава резултати и дека реформите во правосудството остануваат наш врвен приоритет. Ја враќаме довербата на граѓаните во правосудниот систем. Систем кој ја испорачува…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска во својот коментар за вчерашното препукување и меѓусебно обвинување помеѓу министерот за здравство Венко Филипче и претседателот Стево Пендаровски за доцнењето на вакцините против Ковид-19 го оцени како слобода во демократско општество. – Слободата е придобивка. Порано беше мисловна именка да не се согласуваат. Здраво е да имеме несогласувања, но тоа не значи дека не се почитуваме, рече Заев, одговарајќи на новинарско барање да ја искоментира вчерашната преписка помеѓу Филипче и Пендаровски. Според Заев, не е срамота тоа што граѓаните се вакцинирале во Србија, како што искоментира Пендаровски, затоа што тие таму оделе како индивидуалци по…

Read More

Тензиите меѓу Северна Македонија и нејзиниот источен сосед Бугарија, кои ја блокираат кандидатурата за членство на Скопје во ЕУ, би требало „природно да се намалат“ по изборите на 4 април во Бугарија, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за „Еуроактив“. Со интензивен дијалог по бугарските избори, Маричиќ во интервјуто нагласува, дека може да постигнеме договор ако имаме вистинска подготвеност и волја за тоа … и ако бараме решение што ќе се заснова на меѓусебно почитување, на рационалност, на европски вредности и на модерните концепти од 21 век. На прашањето дали е добра стратегија да се чека исходот од…

Read More

Девојка на возраст од 28 години од Македонија која пред шест – седум дена се вакцинирала во Србија со вакцината АстраЗенека е хоспитализирана вчера поради тромботичен ефект, изјави денес министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека немало претходни заболувања кај неа, а проблемите се појавиле после шест до седум дена од нејзиното вакцинирање. Филипче рече дека вакцинирањето засега се одвива без проблем, а состојбата со вакцинацијата со АстраЗенека ќе мора да се следи со голема претпазливост. „Ќе чекаме потврда дека вакцината е безбедна. Сакаме да бидеме претпазливи, денеска имаме закажано состаноци со МАЛМЕ, а ако треба ќе се обратиме…

Read More