Author: Нова ТВ

Грција ги отвора границите на 14 мај и за македонските граѓани, изјави денес Министерот за здравство Венко Филипче. „Ние имаме многу честа комуникација и со грчкиот министер за здравство, а утрово разговарав и со грчкиот министер за туризам Теохарис, и тој ме извести дека двата гранични премини Дојран и Евзони ќе ги отворат на 14 мај и за македонските граѓани. Притоа, ќе биде задолжително да се покаже потврда за вакинација или негативенн ПЦР тест. „Тоа што јјас земав обврска утрово да испратам е како ќе изгледаат нашите сертификати за вакцинација со сите потребни кодови и листата на официјални и овластени…

Read More

Петре Шилегов направи противзаконска промена на имињата на улиците. Согласно Законот за именување на улици, мостови и инфраструктурни проекти ваква промена не е можна шест месеци пред оддржување на избори и една година пред оддржување на попис. Со ова Шилегов брутално го прегази законот. Воедно ја наруши и процедурата на носење на измените, ниту пак е дадена согласност од општините која е неопходна согласно законот, информираат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и најавуваат иницијатива по судски пат да биде укината оваа противправна одлука на градоначалникот на Скопје. -Воедно оваа одлука на Шилегов значи и минимум 100 евра нова…

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска се обрати на онлајн „Generation Equality Forum “, кој во организација на UN Women и владите на Франција и Мексико, годинава се одржа со седиште во Мексико Сити од 29-31 март. -Женското здравје, правата, можностите и пристапот до здравствена заштита на жените се во фокусот на сексуалните и репродуктивни права. Со последните измени на Законот за прекин на бременост жената има право на репродуктивна слобода, самата да одлучува за сопственото тело, дали, кога и колку деца ќе роди, истакна министерката Шахпаска во своето обраќање. Таа потенцираше дека концептот на Владата на Република…

Read More

Насилство и закани за насилство кон новинари, корупција на виско ниво, примери на насилство и закани кон членови на ЛГБТИ заедницата, се забележани меѓудругото во најновиот извештај на Стејт департментот за човекови права. Според извештајот, членови на безбедносните сили направиле одредени злоупотреби, вклучувајќи прекумерна употреба на сила од страна на полицијата и затворските чувари. „Владата презеде чекори да ги идентификува, истражи, обвини и казни официјалните лица кои направиле злоупотреби“, се вели во извештајот, кој нагласува дека Народниот правобранител верува оти неказнивоста на полицијата продолжува да биде проблем. Извештајот забележува дека постојат одредени пријави за полициска злоупотреба на притворени и затворени…

Read More

Премиерот Зоран Заев во понеделникот по разговорите со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоси, најави дека за денеска во 10 часот е закажана средба со претставници на Алијансата за Албанците и Алтернатива на која ќе се разговара за Законот за државјанство, но и за сите останати прашања. Средбата, според Заев, е на барања на Алијанса и Алтернатива, а на неа ќе присуствуваат и министрите за внатрешни работи и за правда, а поканети се и координаторите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА. – Нека дојде и Левица ако мислат дека треба да бидат присутни. Јас ќе бидам присутен со министерот за внатрешни…

Read More

Вакцинација на 20 000 граѓани на возраст над 77 години со хронични болести почнува денеска во вакциналните пунктови ширум земјава. Според најавите, вакцинацијата од денеска почнува во поликлиниките „Јане Сандански“, Чаир и Букурешт во Скопје, во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица, како и во болницата во Кавадарци. Од петок ќе почне вакцинацијата во Тетово, Струга, Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод. – Националниот систем „Мој Термин“ ги отвори термините преку кои матичните…

Read More

Нема потреба од воведување нови дополнителни рестриктивни мерки. Тие не би дале резултат зашто се наоѓаме на шестата до осмата недела од третиот бран. Ова е заклучокот од вчерашната координација на министерот за здравство, Венко Филипче со директорите на ковид-центрите и претседателот на Комисијата за заразни болести околу епидемиолошката состојба во земјава. На координацијата било заклучено дека болничките капацитети за прием на ковид-пациенти се зголемени за 50 отсто во однос на ноември, а зголемена е и потребата од хоспитализација. Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколу е потребно може да се стават на располагање за прием на…

Read More

Дваесет и две години подоцна, на Косово сè уште му недостасува национална стратегија за справување со минатото. Таква стратегија не постои првенствено поради недостаток на политичка волја, но и поради недостаток на вистинско ангажирање на националните и меѓународните актери.

Read More

Руски хакери најверојатно имале незаконски пристап до илјадници електронски пораки од претставници на американскиот Стејт департмент во кибер напад во 2020 година, пишува Политико, повикувајќи се на извори во Конгресот. Цел на нападот биле пораки на лица од одделот за Европа и Евроазија на Стејт департментот, како и на одделот за Источна Азија и Пацифичкиот регион. Тие два оддела работат со документи поврзани со партнерите во НАТО и САД во Европа, Далечниот исток и Пацификот. Според извори на Политико, ова не значи дека кибер криминалците добиле пристап до класифицирани информации. Се уште не е јасно дали акциите на хакерите во…

Read More

Властите во Бугарија „преземаат чекори за гонење и казнување официјални лица кои ги прекршиле човековите права, но владините активности не се доволни и неказнивоста е проблем“. Тоа се наведува во годишниот извештај на Стејт департментот на САД за состојбата со човековите права во светот. Во делот за Бугарија од извештајот, Стејт департментот ги нагласува како сериозни проблеми случаите на „полициско насилство, произволно апсење, сериозни проблеми со независноста на судството, сериозни ограничувања на слободното изразување, вклучително и цензура во медиумите, насилство и закани за насилство врз новинари, корпоративен и политички притисок врз медиумите“ и други. Владата во Софија генерално ја почитува…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во „КликПлус“ на ТВ 21 најави дека вакцината од производителот „АстраЗенека“ нема да се дава на граѓаните под 60-годишна возраст, откако денес таква одлука донесе Германија. Тоа значи дека имунизацијата на македонските граѓани утре ќе започне со заинтересираните граѓани над 60 години, но, како што рече Филипче, и така планот бил да се започне со постарите лица. Филипче најави дека ќе испратат писмо до Европската агенција за лекови (ЕМА) од која ќе бидат побарани дополнителни информации за процесот на имунизација со оваа вакцина.

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев вечерва ги прими Никола Стојаноски, претседател на Главниот одбор делегација на Сојузот на борците од НОВ и Борко Зафировски, потпретседател на Главниот одбор. Претставниците на Сојузот на борците на средбата ја потенцираа симболиката на јубилеите со кои оваа година се одбележуваат значајни настани од поновата историја, како што се 30 годишнината од прогласувањето на независност на нашата земја, првата годишнина од членството во НАТО, како и 80 годишнината од антифашистичкото востание и народноослободителната војна кои започнаа на 11 октомври 1941 година. По тој повод премиерот Заев ја прифати поканата да биде…

Read More