Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Вакцината против Ковид-19 на компанијата „АстраЗенека“ од утре ќе треба да се дава само на лица над 60 години, одлучија денеска германските сојузни и државни министри за здравство, јави ДПА. Луѓето под 60 години треба да можат да ја примат вакцината, но само „по одлука на лекарите и по индивидуална анализа на ризик и детално објаснување“, се наведува во одлуката на министрите за здравство, пренесена од ДПА. Германскиот министер за здравство Јенс Шпан и министрите за здравство на 16-те покраини одлуката ја донесоа на попладневниот итен состанок, откако здравствените власти во Берлин и Минхен одлучија да ја прекинат употребата на…
Министерот за здравство Венко Филипче е изненаден од изјавата на Стево Пендаровски дека вакцинирањето во Србија е срам за нашата држава, вели изостанала поддршката од претседателот во набавката на вакцини. Пендаровски, пак, одговори дека е крајно зачуден што министерот не го спомнал фактот дека претседателот ги направил првичните контакти со најголемите фармацевтски компании кон крајот на декември минатата година. Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза, соопшти Филипче преку Министерството за здравство Тој додаде дека покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но…
Неопходно е итно да се одржи меѓувладината конференција за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија, изјави американскиот заменик-помошникот државен секретар Метју Палмер. – Чувствуваме момент на итност. Сметаме дека Северна Македонија и Албанија ја заслужија Меѓувладината конференција и формалното отворање на пристапните преговори. Многу сакаме да видиме тоа да биде договорено оваа година, нагласи Палмер во изјава за Гласот на Америка. Тој истакнува дека САД сакаат „да ги видат препреките отстранети“, посочувајќи дека Северна Македонија и Албанија заршија тешка работа, ја одработија нивната домашна задача и ги направија неопходните реформи. – Одржете ја Меѓувладината конференција…
„До Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести имаме поднесени барање наставници да бидат дел од приоритетите групи за вакцинирање. Сметам дека нивниот став е позитивен“, изјави министерката за образование, Мила Царовска на прес-конференција. Според неа, согласно овој тренд на вклучување на потребен кадар, ќе дојдат и наставниците на ред и дека и тие ќе влезат во групите за вакцинирање. Национална техничка група за имунизација против ковид-19 донесе одлука од почетокот на следната недела да започне и вакцинацијата на вработени во, како што се нарекува, критичната државна инфраструктура и за нив се издвоени 4.000 дози вакцини од првичните 24.000…
„Нема никакви причини за одложување на утрешната средба со АА и Алтернатива. Тие претходно веќе имаа предлог да се одложи пописот од исти причини, од април за јуни“, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференција. Тој верува дека утре ќе разговараат за оваа работа и верува дека ќе се најде решение. „Сите ние треба да стоиме позади вака сложена и важна статистичка операција, која што е насочно потреба за креирањето на сите политики во државата. Верувам сите координатори ќе седнеме, се со конечна цел да изнајдеме усогласени ставови и да застанеме зад пописот, кој мора да биде успешен“, потенцира Заев. Алијанса…
Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година. Како што соопшти владината прес-служба, до Собранието ќе биде доставен Предлог-закон со внесени измени и дополнувања со кои се одлага пописот за септември 2021 година, односно дека се врши менување на датумите за спроведување на Пописот и дека тој ќе се спроведе во септември оваа година. – Една од измените што се предлагаат е продолжување на процесот на самопопишување на граѓаните од дијаспората до крајот на одржувањето на пописот во септември,…
Министерот за здравство, Венко Филипче реагираше на изјавата на претседателот Стево Пендаровски, дека сликите кои ги гледавме изминатиот викенд кога многу граѓани отидоа во соседна Србија беа срам за нашата држава. „Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја. Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре. Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна…
„Ја имам таа чест да ви соопштам дека од денес повторно ги имаме Ленинова, Железничка, Мексичка, Каирска, Стив Наумов, Салвадор Аљенде, 4 Јули и други на местата каде што сите ние сакавме да бидат и да останат како дел од колективната меморија на нашето Скопје. Со денешната одлука на Советот беа именувани 485 улици и 8 мостови, плоштади и други инфраструктурни објекти во нашиот град“, објави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, откако Советот на Град Скопје на денешната седница ја утврди листата за дополнување на листата на имиња на улици, мостови и плоштади на подрачјето на Град Скопје и…
Љубомир Фрчкоски ќе биде шеф на Мисијата на Република Северна Македонија при Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк, дознава „360 степени“. Откако надлежните институции ја прекинаа постапката за негово назначување за амбасадор на земјава во Соединетите Американски Држави, по кампањата што против него ја поведе Обединета македонска дијаспора (ОМД), заминувањето во Њујорк би било „утешна награда“ за Фрчкоски. За разлика од процедурата за именување амбасадор во одредена држава, која подразбира добивање агреман (одобрение, согласност од една држава за прифаќање дипломатски претставник од друга држава), за назначување шеф на мисија во мултилатерална меѓународна организација, каква што се Обединетите нации, не…
Пендаровски: Сликите од Србија не смее да се повторат, државата мора да овозможи здравствена заштита
Шефот на државата упати личен апел до приватните болници да ги намалат цените за лекување на ковид-пациентите и им порача дека никој не треба да ги искористува личните трагедии за профит За да нема сомнеж за злоупотреби, на Советот за безбедност е договорено функционерите да се пријават за вакцинација преку веб-страницата на Министерството за здравство и да се вакцинираат тогаш кога ќе им дојде редот, како и на сите други граѓани Вакцинирањето мора да се спроведе во најдобар ред и така да остане до целосна имунизација на населението. Прекини во процесот не смее да има – ова го побарал шефот…
Демократската унија за интеграција смега дека предлогот за пролонгирање на онлајн регистрацијата на дијаспората од 1 март до 30 септември го помага пописниот процес и обезбедува дополнителни можности за регистрација на целата дијаспора, соопшти ДУИ. Партијата нагласува дека имајќи ги предвид бојкотот на опозицијата, оспорувањето на процесот на попис, блокадата на Собранието, започнувањето на имунизацијата на населението, како и имајќи го предвид јавното здравје, пролонгирањето на Пописот за резидентните жители на Македонија за септември претставува правилна и правична одлука. „Контрадикторните реакции на албанската опозиција зборуваат за нивната недоследност и искреност кон граѓаните. Албанската опозиција (Алијанса за Албанците и Алтернатива) манипулираат…
Премиерот Зоран Заев прими делегација на Министерството за одбрана на Народна Република Кина предводена од министерот за одбрана, генерал Веи Фенгхе, на која апелирал тој да пренесе до надлежните институции во НР Кина дека Северна Македонија очекува да се забрза испораката на набавката од 200 000 вакцини од компанијата „Синофарм“ за да бидат вклучени во процесот на имунизацијата во земјава која ќе почне утре. – Генерал Веи Фенгхе на средбата истакна дека оваа порака ќе им биде веднаш пренесена на надлежните институции во НР Кина за да се потврди пријателството меѓу двете земји и за време на актуелната криза заради…