Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Регистриран е првиот случај на мајмунски сипаници во Србија, соопшти денеска Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ од Белград. Станува збор за лице кое влегло во Србија од странство, пренесуваат српските медиуми. „Институтот за јавно здравје спроведе епидемиолошка истрага за случајот и спроведени се сите мерки на евидентирање, тестирање, пријавување и контрола на натамошното ширење на инфекцијата согласно стручните методолошки упатства, соопштија од „Батут“. Упатството што го наведува „Батут“, меѓу другото, подразбира дека еден пријавен случај подразбира постоење на епидемија на оваа болест во Србија, објавија претходно медиумите. Како што објасни професорот по инфектологија Драган Делиќ за весникот…
Патрола од два воени НАТО авиона од типот Ф35 денеска прелетаа над Скопје и слетаа на Меѓународниот аеродром „Скопје“, во присуство на заменик американскиот амбадасор во земјава, Ерик Маер и неговиот сонародник од Националната гарда на Вермонт, потполковник Џон Мекреј. Настанот беше во насока на демонстрација на силното сојузништво и единство на Севернотлантската алијанса, партнерството меѓу македонската армија и Националната грда на Вермонт кое се негува, речиси, 30 години, но и интенција на НАТО да биде заштитник на државите членки. „Северна Македонија е дел од мисијата на НАТО за воздушни патроли повеќе од една година и тој елемент е еден…
Бугарските барања за кревање на ветото за Македонија да почне преговори за членство во Европската Унија (ЕУ) се неаргументирани и неприфатливи за Македонија, вели Имер Селмани, поранешен пратеник и вицепремиер, во вечерашното гостување во „24 анализа“ на ТВ 24. „И да има разумен предлог за двете земји, Франција знае дека тоа нема да мине кај нас. Можеби може да се отвори Уставот и да се вметнат Бугарите во него, но и тоа е прашање“, истакна Селмани. Според него, времето не работи во полза на изнаоѓање на решение за македонско-бугарскиот спор што би било прифатливо за двете земји, меѓутоа и за…
Унгарската Влада го продолжи ограничувањето на цените на храната и на горивата до 1 октомври, додека ограничувањето на каматните стапки на хипотеките на мало ќе остане во сила до крајот на годината, соопшти денеска премиерот Виктор Орбан. Инфлацијата во Централна и во Источна Европа дополнително се зголеми по руската инвазија на Украина, влошувајќи ги постојните зголемувања на цените по пандемијата на коронавирус, што ги натера централните банки ширум регионот да ги зголемат каматните стапки. Ограничувањата на цените се главната алатка на унгарската влада во заштитата на домаќинствата од повисоките животни трошоци, но дури и со тие мерки, инфлацијата стана двоцифрена…
Луксембург ќе стане втората земја во Европа, по Малта, која ќе го легализира одгледувањето канабис за лична употреба и конзумација, но не и за поседување или продажба, пишува Н1. Министерката за правда, Сем Тансон претстави предлог-закон со кој на сите жители на Луксембург ќе им се овозможи да одгледуваат до четири растенија дома, но исто така истакна дека тие не смеат да бидат на видно место. Тансон додаде дека со новиот закон ќе се дозволи и консумација на марихуана, но само дома, додека на јавни места и натаму ќе биде забранета. „Легализацијата на одгледувањето и приватната потрошувачка е првиот чекор…
Енергетската безбедност на Европа не е во директен ризик, поради тоа што Русија денеска ги намали испораките на гас за голем број европски земји, нагласија од Европската Комисија. „Врз основа на нашата размена утринава со националните претставници преку Координативната група за гас, нема индикации дека во моментов постои ризик за безбедноста на снабдувањето“, порача нејзиниот портпарол. Тој додаде дека Брисел и националните власти на земјите од ЕУ внимателно ја следат ситуацијата.
Полноправното членство на Украина, како и целосната европска интеграција на вашите држави за историско зајакнување на Европа и целосно демонтирање на руската способност да нè победи поединечно. Потребен нѝ е позитивен одговор за нашата и ваша европска перспектива и благодарен сум што работиме на таа цел заедно, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето попладнево на Преспа форумот за дијалог што денеска и утре се одржува во Охрид. „Сега е историски момент за Европа и европската безбедност, кога сите треба да одлучат што е Европа и каква ќе биде Европа во иднина. Дали ќе биде слободна како што е сега?…
Војната во Украина не е позитивна за која било земја и не би кажал дека е поволна за членство на мојата земја во Европската Унија (ЕУ), порача претседателот Стево Пендаровски на панелот „Што по војната во Украина?“ во рамки на Преспа форум за дијалог што се одржува во Охрид. „Дали војната во Украина е помош за процесот на интеграција, дали го поттикнува и олеснува членството на новите кандидати? – Не! Не може да се каже дека било која војна во светот е позитивна за било која земја. Не би сакал да кажам дека војната во Украина е поволна за членството…
Пред бугарското Народно собрание во Софија во моментот се одржува протест за поддршка на сменетиот спикер Никола Минчев и на владата на премиерот Кирил Петков. Демонстрантите се децидни дека гласањето во Народното собрание на Бугарија е последица на дејствувањето на мафијата. Според нив, се појавува нова четирикратна коалиција, составена од ГЕРБ, Движењето за права и слободи, „Има таков народ“ и „Преродба“. Сообраќајот на булеварот каде што се наоѓа зградата на бугарскиот парламент, беше блокиран пред луѓето одеднаш да тргнат кон самиот објект. Меѓу нив и Собранието е поставен полициски кордон. Внатре продолжи дебатата за ребаланс на буџетот, додека толпата скандира…
Од луѓето што ги гледам и енергијата што ја чувствувам, во сабота ќе биде еден од најголемите протести досега во Македонија, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното гостување во „Само интервју“ на ТВ Канал 5. „Десетици илјади граѓани од цела Македонија ќе дојдат во Скопје“, нагласи Мицкоски. Прашан колку автобуси ќе закупи партијата за транспорт на лицата до главниот град, тој рече дека не е запознат со точната бројка и додаде оти за тоа се задолжени други луѓе во опозициската партија. „Си има луѓе во партијата кои се задолжени за тоа. Сите заинтересирани лица кои сакаат да дојдат…
Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО разговараа за зголемување на бројот на силите на Алијансата на исток и со нетрпение очекуваат дополнителни изјави за зајакнување на источното крило на Самитот во Мадрид од 28 до 30 јуни. „Министрите денеска разговараа за зајакнување на одбраната и одвраќањето, особено на источното крило. Голем број на земји веќе изразија подготвеност за засилување на своето присуство, но со нетрпение очекувам понатамошни одлуки на самитот“, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „За самитот, НАТО ќе подготви нов одбранбен модел, вклучувајќи го и источното крило, што ќе биде одобрен од лидерите на Алијансата…
Обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Преспа форум дијалог. https://www.youtube.com/watch?v=H4piJiDLqJI