Author: Sashko

Здружението на Македонци во Бугарија, ОМО Илинден-Пирин изрази поддршка на иницијативата за отворање на културен центар на Македонците во Благоевград кој ќе го носи името на големиот македонски поет од Пиринска Македонија, Никола Вапцаров. Отворањето е најавено на Илинден или во септември и притоа нагласија оти очекуваат помош од македонските власти. „Инспирирани од најавата на премиерот Димитар Ковачевски, дека ќе се отвори Клуб и Културен центар на Македонците во Благоевград, веднаш започнавме со подготовки за реализација на оваа извонредна намера. Пред неколку недели му пишавме писмо на премиерот и се надеваме дека тој и Владата целосно ќе ја поддржат нашата иницијатива…

Read More

Францускиот предлог за европски гаранции за исполнување на бугарските услови од Северна Македонија е успех за Бугарија. Отфрлањето на тоа е пропуштање можност за добар договор, изјави копретседавачот на партијата „Демократска Бугарија“, Христо Иванов за бугарското државно радио. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бугарија, според Иванов, е на пат да пропушти можност за добра зделка што ја направи француското претседателство. Најважниот параметар на овој договор, како што вели, е дека ќе има обврска од Европската комисија да следи дали Северна Македонија ќе ги вклучи Бугарите во уставот на земјата, како другите народи кои се основачи на републиката,…

Read More

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека сите четворица европски лидери кои допатуваа во посета на Киев ја поддржуваат идејата на Украина да ѝ се додели кандидатски статус за членство во Европска Унија. Тој додаде дека Франција ќе ја интензивира испораката на оружје за Украина. Макрон е во посета на Киев заедно со германскиот канцелар Олаф Шолц, италијанскиот премиер Марио Драги и романскиот претседател Клаус Јоханис.

Read More

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Киев се сретна со премиерите на Албанија и на Црна Гора, Еди Рама, односно Дритан Абазовиќ, а на средбата преку видео врска се приклучи и македонскиот премиер, Димитар Ковачевски. Зеленски, подоцна на Телеграм, објави дека Албанија, Северна Македонија и Црна Гора го поддржуваат кандидатскиот статус на Украина за членство во Европската унија (ЕУ). „Нашите земји не се конкуренти на европскиот пат. Тие се надополнуваат и ги зајакнуваат меѓусебните способности“, истакна Зеленски и им се заблагодари на Рама и Абазовиќ за посетата. Тројцата лидери на земјите од Западен Балкан, кои се членки и на НАТО,…

Read More

„Со оглед на фактот дека се шири лажна вест за наводно барање да биде вратена мојата патна исправа, која ниту еден медиум не ја поткрепува со факт, туку е проста репродукција на неименуван извор, сметам дека е за потребно да реагирам на ваквите објави, затоа што истите имаат само една единствена цел – да се фрли прашина врз судскиот процес кој е во тек“, се вели во реакцијата на Драги Рашковски, поранешен генерален секретар во Влада, по денешната информација на медиумите оти побарал од судот да му биде вратен пасошот.  „Голем дел од јавното мислење околу процесот кој е во…

Read More

Во рамки на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Хрватска, вечерва во Филхармонија се одржа концерт на хрватска клапа и македонски фолклорни ансамбли. Настанот беше отворен со изведба на македонската и хрватската државна химна, по што се обратија двајцата министри за надворешни работи, Бујар Османи и Гордан Грлиќ Радман. „Годините се само бројка. Тоа се три декади одбележани со доверба, но и со политичко, економска и културна соработка. Три декади со кои нашите две земји се соочуваат со слични предизвици да обезбедат пристојна иднина за своите граѓани. Европските и евроатлантските интеграции се во сржта на развојот и…

Read More

„Добредојде во Охрид за претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел кој ја заокружи својата регионална турнеја со посета на Северна Македонија”, објави вечерва претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук. Пендаровски го дочека гостинот од Брисел во раскошната претседателска вила во Охрид. Мишел ќе биде гостин на конференцијата Преспа Форум Дијалог што се одржува утре и задутре во Охрид. Моментот на разговори меѓу Пендаровски и Мишел беше фатен на уметничка фотографија на која, освен нивните контури, може да се види во полна убавина и небото над Охрид. Шефот на државата во својата објава на Фејсбук додаде дека во пресрет на Самитот на…

Read More

Единствениот планински град во Македонија по шести пат по ред ќе го надополни летното уживање со фестивал кој обединува музика, спорт и култура. Дружењето и градењето на летни спомени во Крушево оваа година ќе се одржи 24-26 јуни, конечно со слобода во движење и стариот сјај за забава, велат организаторите на фестивалот. „Целта на фестивалот е промовирање на крушевските убавини преку будење на адреналинот и желбата за слободно дружење“, додаваат организаторите. Официјалното отворање на фестивалот ќе биде во раните вечерни часови со забава на отворено со DJ Estephano, додека наредните денови музичката програма на отворено ќе ја надополнат DJ Bapchu,…

Read More

Претседателот на САД, Џо Бајден, во писмо испратено денеска до американските нафтени компании, повика на зголемено производство на бензин и дизел, критикувајќи ги дека прават профит во време на војна меѓу Русија и Украина, додека Американците се погодени од превисоките цени на бензинските станици.  „Тешкотијата во која семејствата се наоѓаат бара непосредна акција. Вашите компании треба да се ангажираат со мојата администрација да се донесат конкретни, среднорорчни решенија за справување со кризата“, напиша Бајден во писмото испратено до седум нафтени компании – Marathon Petroleum, Valero Energy, ExxonMobil, Phillips 66, Chevron, BP и Shell.  Цените на горивата во САД се рекордно високи и изнесуваат околу…

Read More

Властите во Канада беа принудени да уништат, речиси, 15 милиони дози на вакцини против ковид-19 поради изминат рок за употреба. Според „Нешнл пост“, кој цитира документ доставен до парламентот, во земјата се уништени 13,6 милиони вакцини на „АстраЗенека“ и околу 1,2 милиони дози „Модерна“. Изданието наведува дека Канада била подготвена да ги донира вакцините „АстраЗенека“ во рамки на иницијативата КОВАКС, но дозите останале на залиха кај производителот од јули 2021 година и рокот им изминал. Портпаролот на канадското Министерство за здравство, Шарлин Слеман изјави за весникот дека земјите во развој не ги прифатиле вакцините „поради ограничената побарувачка за вакцини и…

Read More

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска, во седиштето на НАТО во Брисел, имаше средба со помошникот генерален секретар за инвестиции во одбраната, Камил Гранд со кого разговараше за унапредување на капацитетите и вмрежувањето на Центарот за обука на пилоти со останатите капацитети за обука на пилоти во Европа и тоа во рамки на иницијативата за создавање на НАТО структура за летачка обука во Европа. „Северна Македонија има интерес и амбиција да продолжи да го развива Центарот за обука на пилоти кој поседува уникатни капацитети и кој може да даде сериозен придонес во развојот на летачката обука во Европа“, рекла министерката…

Read More

Откако му беше укинат затворскиот притвор, а во февруари оваа година и притворот во домашни услови по прифаќање на приложената гаранција од 192.000 евра, поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, преку неговиот асвокатски тим, денеска се обрати до Кривичниот суд со барање да му биде вратен пасошот. Патната исправа му беше одземена како мерка на претпазливост за евентуално напуштање на државата по укинување на притворите (затворски и во домашни услови). Барањето на Рашковски било доставено до судот на денешното рочиште со кое продолжи предметот „Софтвери“ со изнесување на докази од Обвинителството и читање на пораки што ги разменувале обвинетите.

Read More