Author: Sashko

Жителите на Тајланд во иднина ќе можат дома да одгледуваат канабис и да го продаваат, бидејќи државата ја отстрани марихуаната од списокот на забранети наркотици. Тајланд е првата земја што го направи тоа во Југоисточна Азија, регион познат по строгите закони за дрога, јави „Би-Би-Си“. Но, употребата на марихуана за рекреативни цели е сè уште забранета. Владата се надева дека развојот на локалната трговија со канабис ќе ги поттикне земјоделството и туризмот. За да ги поттикне граѓаните да одгледуваат канабис, владата донира милион садници. „Тоа е можност за луѓето и државата да генерираат приход од марихуана и коноп“, изјави Анутин…

Read More

Американското Министерство за правда синоќа обвини лице кое се заканувало дека ќе го нападне и киднапира Брет Кавано, судија на Врховниот суд на САД.  „Николас Џон Роске (26), допатувал до домот на судијата во Мериленд, а потоа се јавил во службата за итна помош и кажал дека има самоубиствени намери и дека носи пиштол во ташната. Ова било причина за негово задржување“, се наведува во тужбата.  На истражителите им рекол дека дошол од Калифорнија да убие „одреден судија на Врховниот суд“. Според документите од истрагата се дознава дека Роске бил вознемирен од протекувањето на документ на Врховниот суд поврзан со…

Read More

Воен авион се урна во јужна Калифорнија, соопшти портпаролот на американската морнарица, без да сподели детали за несреќата или евентуални жртви. Американската армија во исто време ги демантира информациите во некои медиуми дека урнатиот авион превезувал радиоактивен материјал. „Можеме да потврдиме дека авион на американската морнарица се урна во близина на Гламис. Воени и цивилни спасувачки тимови се упатени на местото на несреќата. Авионот не превезувал радиоактивен материјал, како што можеше да се прочита на социјалните мрежи“, рече портпаролот на морнарицата на САД. Воената база на морнарицата, која се наоѓа недалеку од местото на несреќата во Јума, Аризона, има голем број авиони…

Read More

Сообраќајот на патниот правец Куманово – Кратово е во прекин во двата правца поради сообраќајна несреќа кај село Железница. Како што информираат од Автомото Сојузот на Македонија, сообраќајот е во прекин од 8 часот.

Read More

Лидерите на „Отворен Балкан“ ја потврдија заложбата за отворени граници, слободен проток на стоки, капитал и работна сила, a соработката и меѓусебната поддршка, како што рекоа на Самитот во Охрид, веќе дава резултати. Иницијативата „Отворен Балкан“ се однесува на стабилен и на развиен регион кој во сите области го подобрува животот на граѓаните, формирана е за поголема регионална соработка и за економски развој на земјите-членки, но не е замена за Европската унија, беше пораката од дводневниот Самит на кој присуствуваа премиерите на Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, Димитар Ковачевски, Еди Рама и Дритан Абазовиќ, претседателот на Србија Александар Вучиќ,…

Read More

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно, со услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар во попладневните часови. Утринските температури ќе бидат во интервал од 10 до 16 степени, а дневните од 22 до 29 степени. Во Скопје, времето ќе биде прoменливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Утринската температура ќе биде до 14 степени, а дневната ќе достигне 27 степени. Според прогнозата на УХМР, до сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Од недела…

Read More

Денеска е последниот училиштен ден за околу 255.000 основци и средношколци во учебната 2021/22. Годината завршува во редовниот термин и покрај одложениот почеток на второто полугодие за десетина дена, поради влошената состојба со ковид-19, како и загубените 12 дена од наставата во април додека траеше штрајкот на СОНК. Учебната 2021/22 почна со физичко присуство за сите ученици. Првпат од затворањето на 11 март во 2020 година, поради пандемијата, училиштата лани во септември беа отворени во нивниот полн капацитет, со примена на  соодветни антиковид-протоколи. Учениците ја следеа наставата со заштитни маски до пред околу два месеца кога по препорака на Комисијата…

Read More

Делегација на МПЦ – Охридска Архиепископија на чело со неговото блаженство, архиепископот г.г. Стефан престојува во Истанбул, каде в недела на роденденот на Црквата, Педесетница, во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар ќе одржи заедничка патријаршиска и синодална света литургија со вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј. Како што објави НоваТв во црковната делегација на МПЦ-ОА покрај Архиепископот Стефан се и владиците Тимотеј, Петар, Климент и Партениј.  Во пресрет на заедничката литургија, патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан попладнево ќе одржат богослужба на која на нашата Црква официјално ќе и биде предаден Патријаршискиот и синодален акт на Светиот синод на Вселенската патријаршија со…

Read More

Украина денеска објави дека нема да ја деминира областа на црноморското пристаниште Одеса за да овозможи извоз на житни култури, наведувајќи ја заканата од руски напади врз градот како причина за тоа. „Во моментот кога ќе го ослободиме пристапот до пристаништето во Одеса, руската флота ќе биде таму“, рече портпаролот на регионалната администрација Сергеј Брачук. Тој додаде дека Русија „сонува како падобрански трупи влегуваат во градот“ и дека московската армија „сака да ја нападне“ Одеса. Министрите за надворешни работи на Турција и на Русија денеска разговараа во Анкара за организирање на безбедносен коридор за отпремување на украинско жито што е…

Read More

Автомобил од марката „рено“ денеска влета меѓу толпа луѓе пред трговски центар во Берлин, при што едно лице го загуби животот, а 30-тина се повредени. Полицијата соопшти дека несреќата се случила околу 11 часот по локално време, кога засега неидентификуван возач на „рено“ за кој е посочено само дека е германски државјанин, „покоси“ луѓе пред трговски центар. https://www.youtube.com/watch?v=eOlRjTjmywU Тој набрзо е уапсен, а силни полициски сили за кратко време го блокираа градот, додека хеликоптери го надлетуваа местото на инцидентот. Според германските медиуми, над 60 пожарникари се ангажирани на лице место, како и голем број на екипи на Итната медицинска помош. Повредените…

Read More

Изјавата на украинскиот претседател, Володимир Зеленски дека за преговори со Москва е неопходно Русија да ги повлече војниците на линијата од пред 24 февруари, претставува апсолутно несериозен пристап, смета рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров. Тој тврди дека изјавата на Зеленски е целосно спротивна на иницијативите што на 29 март во Туркије ги изнесе украинската делегација. Околу шансите за состанок меѓу претседателите на Русија и Украина, според Лавров, неопходно е прво да се обнови работата на рускиот и украинскиот преговарачки тим. Како што додаде Лавров, „топката е на страната на Киев“. Лавров на оваа тема се осврна во Анкара, по…

Read More

Посвежиот временски бран, проследен со силен дожд и ветар, кој во текот на ноќта ги зафати, речиси, сите делови во Словенија, уништи дрвја и покриви, а пожарникарите мораа да испумпуваат вода од поплавените згради и да интервенираат на пожар што го предизвика молња. Словенечката управа за цивилна заштита и помош при катастрофи соопшти дека невремето е низ целата земја, со исклучок на Приморска, а пријавени се вкупно 135 инциденти, со интервенција на 66 доброволни територијални противпожарни бригади и три професионални противпожарни бригади. „Тимовите за интервенција имаа најмногу работа во источниот дел на земјата, каде што удари на гром оштетија неколку…

Read More