Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски смета дека неговите избраници ја надиграа Бугарија на денешниот натпревар од Лигата на нации кој заврши 1:1. „Мислам дека Македонија беше многу подобар тим на теренот. Не сум задоволен од резултатот. Ги контролиравме настаните, имавме добри ситуации кои не ги реализиравме, но јас сум среќен со изданието на мојот тим“, истакна Милевски. Неговиот колега од бугарскиот национален тим, Јасен Петров смета дека неговата селекција може повеќе. „Нашата желба беше да победиме, но вистината е дека наидовме на многу добро воигран противник. На моменти не успеавме да ја контролираме средината на теренот. Направивме многу…
Македонската фудбалска репрезентација ремизира (1:1) против Бугарија во Разград во меч од првото коло во групата 4 на Ц дивизијата во Лигата на нации. Бугарите поведоа преку Десподов во 13-та минута, израмни Милан Ристовски во 50-та минути и до крајот на натпреварот, резултатот остана непроменет. Во судиското продолжение, францускиот судија Жером Пињар досуди пенал за Бугарија поради контакт на топката со рака од Висар Муслиу. По реакцијата на македонските фудбалери и, веројатно, сугестијата од ВАР собата, Пињар ја прегледа снимката и ја поништи својата првично донесена одлука и отсвири крај на натпреварот. Македонија во недела ќе го има и вториот…
Договор со владата нема, но одлука за штрајк утре ќе има, изјави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски по денешната двочасовна средба со владини претставници за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари. „Разочаран сум од преговорите со владините претставници. Не излегоа со конкретни предлози, одговор имаа за се, само за усогласување на платите немаа. Нѝ понудија кафе и вода. Не бевме сфатени сериозно за нашите барања за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари. Ценовните шокови и инфлацијата која е двоцифрена, нѝ даваат право да бараме усогласување на платите, бидејќи ова повеќе не се издржува“,…
Ако наскоро не се отворат преговори со Европската унија (ЕУ), тоа нема да биде пораз за Македонија, туку за ЕУ, рече премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5. Тој неколку пати истакна дека не се врзува со датуми, дека посакува брзо решение со Бугарија за решавање на спорот и кревање на ветото, но не и избрзано. „Македонија и Албанија заслужуваат да добијат датум за почетокот на преговорите за членство со Европската унија. Во спротивно, ќе значи намалување на релевантноста на ЕУ, раст на евроскептицизмот, иако несомнено направивме големи жртви и донесовме тешки одлуки“, нагласи Ковачевски.
Министерството за финансии и Министерството за економија работат на нов сет на анти-кризни мерки за амортизирање на ценовниот шок со кој се соочуваат граѓаните, најави премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5. „Двете министерства работат на нов пакет на мерки. Во тек се анализи и штом бидат направени, веднаш ќе бидат објавени. Ние, како влада, го следиме движењето на цените. Притисок врз граѓаните е поголем во зимскиот период, меѓутоа има притисок и во летниот период, на пролет и на есен, го има низ целата година. Во секој случај, будно ја следиме ситуацијата и ќе реагираме, со оглед дека…
Во Полска има уште работа на полето на владеење на правото, изјави денеска претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен за време на посетата на Варшава. Нејзината изјава доаѓа по одобрените милијарди евра за економско закрепнување на Полска од ковид-19. „Не сме на крајот од патот во однос на владеењето на правото во Полска“, рече Фон дер Лајен на прес-конференција.
Македонија, во рамки на стратешкото партнерство со САД, ја одржува првата рунда од Стратешкиот дијалог. Што може да се очекува од овој дијалог и за што станува збор? – Добар пример е Грција која, исто така, е во овој процес од октомври во минатата година. За резултатите од грчко-американскиот дијалог, НоваТВ ги презентира заклучоците што ги постигнаа двете страни. Прва точка во заклучоците е регионалната соработка. Покрај другите активности утврдени во оваа област, со цел да се унапреди соработката во регионот, меѓу другото се потенцира Преспанскиот договор, но и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. „Грција и САД ја потврдија…
Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) денеска, во рамки на 31-от Конгрес на организацијата што се одржува во Мускат, Оман, ја избра Французинката Доминик Прадали за нова претседателка на организацијата. Таа е втора жена на позицијата во, речиси, 100-годишната историја на ИФЈ. Доминик Прадали е генерален секретар на синдикатот на француските новинари, а целата своја професионална кариера ја мина на националната телевизија, каде што беше и главна уредничка. Била и член на Француската комисија за новинарска етика и медијација. Прадали беше член на Извршниот одбор на ИФЈ во два мандата. Доминик Прадали вети дека ќе го посвети својот мандат за слободата…
Претставници на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) попладнево ќе одржат состанок со владини претставници на кој се очекува да се разговара за нивното барање за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари. Синдикатот бараше средба со премиерот, вицепремиерот за економски прашања и со министрите за финансии и за труд и социјална политика, откако по презентирањето на ребалансот на Буџетот видоа дека не се планирани средства за ова нивно барање како што им било ветено за време на преговорите. За утре се закажани и седници на Претседателството и Советот на ССМ, како највисоки тела на синдикатот, на кои треба да…
Соединетите Американски Држави усвоија нов пакет на санкции против Русија, во кој се вклучени 17 лица, соопшти денеска американското Министерство за финансии на својата веб-страница. Меѓу лицата опфатени со санкциите е и Сергеј Ролдугин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин. „Најновите санкции се насочени и кон 16 субјекти, седум пловни објекти и три авиони“, се вели во соопштението.
Собраниската Комисија за избори и именувања попладнево го утврди предлогот Фатмир Скендер да биде избран за судија на Уставниот суд. По гласањето, претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска ја прекина седницата и закажа нејзиното продолжение за утре во 11 часот. Освен Фатмир Скендер, граѓански судија во Апелациониот суд во Скопје, пратениците треба да ги разгледаат биографиите и на републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, на Тања Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство кои се предложени од владеачките партии, како и на универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија, Бранко Секуловски, обвинителот…
ЕУ треба да одлучи за новите модели за членство – геополитичка унија или зачленување во ЕУ на рати!?
Војната во Украина отвори многу прашања и дилеми за иднината на Европската унија (ЕУ) и новите земји членки. Како да се задоволат геополитичките интереси и притоа да не се наруши веќе нарушената ефикасност на европската конструкција? – Борјан Јовановски разговараше со професорот Флориан Бибер. НоваТВ: Што се случува со процесот на проширувањето? – Гледано однадвор делува многу хаотично. – Ситуацијата со процесот на проширување е конфузна. Има повеќе причини. Прво се отворија многу дискусии за тоа што да се прави со апликациите за членство на Украина, Молдова и Грузија. Знаеме дека Европската комисија подготвува извештај за тие земји и тој…