Author: Sashko

Македонската фудбалска репрезентација попладнево на „Хувефарма арена“ во Разград го одржа единствениот тренинг пред утрешниот натпревар против Бугарија во првото коло од групата 4 во Ц дивизијата во Лигата на нации. Во отсуство на повредениот Стефан Ристовски, капитенската лента ќе ја носи Енис Барди, кој истакна дека амбициите на македонскиот тим се успешно да ја стартува новата сезона во која целта е преку Лигата на нации да обезбеди бараж за пласман на ЕУРО 2024. „Имаме искуство во тимот. Подготвени сме да играме паметно и кога ние сме фаворити. Имаме победнички менталитет, но овие натпревари се потешки од претходните од баражот. Многу ни…

Read More

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека ќе свика состанок во Брисел на високи претставници од Финска, од Шведска и од Турција, во обид да се надмине противењето на Анкара за пристапување на двете скандинавски земји во Алијансата. „Убеден сум дека ќе најдеме пат за напред“, рече тој, но не наведе детали. Столтенберг додаде дека негова цел е да се стави крај на спорот пред самитот на НАТО на 28 јуни во Мадрид. Поради новата безбедносна ситуација што настана на почетокот на руската инвазија врз Украина, Финска и Шведска минатиот месец поднесоа барање за влез во НАТО.

Read More

Хрватска ги исполни сите услови што ѝ овозможуваат да се приклучи на еврозоната како 20 земја членка, објави денеска Европската централна банка (ЕЦБ) во својот најнов извештај за конвергенција. За да можат да го усвојат еврото, земјите членки на Европската Унија мораат да исполнат услови на конвергенција кои се однесуваат на инфлација, на дефицит, на јавен долг, на каматни стапки и на девизни курсеви. Тоа се економски и правни услови што се усвоени со Договорот од Мастрихт во 1992 година и попознати се како „Мастрихтски критериуми“. Конечната одлука за пристапување на Хрватска во еврозоната ќе ја донесе Советот на Европската…

Read More

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави оти украинските власти го увериле дека нема да ги користат системите за оружје со голем дострел обезбедени од Вашингтон против цели на руска територија. Американскиот претседател Џо Бајден одобри нова испорака на ракетни системи за Украина што можат прецизно да погодат цели на оддалеченост до 80 километри во рамки на воениот пакет помош вреден 700 милиони долари што беше претставен денеска. Претходно денеска Москва негативно го оцени новиот пакет на американска воена помош за Украина.

Read More

Оваа година ќе мора да ја менуваме свеста, ќе менуваме сѐ во земјоделието и ќе мора да го правиме тоа што го бара пазарот. Ако сме најусогласена земја со заедничката европска политика, ќе мора тоа и на дело да го покажеме, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во обраќањето на настан по повод 1 јуни, Светски ден на млекото. „Криза е, ама обезбедивме сѐ што може да се обезбеди. Единствена земја во регионот во која вештачко ѓубриво се субвенционира со 40 отсто, поддршката за зелена нафта, со ребалансот ќе се измени до 100 проценти. Интервентен фонд не…

Read More

Шефот на македонската дипломатија, Бугар Османи е во работна посета на САД, каде во тек е Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, но почувствувал обврска да се произнесе по последните пораки што пристигнуваат од Софија во врска со пристапот на бугарскиот државен врв за отпочнување на процесот на преговори на Македонија за членство во Европската Унија (ЕУ). „Јас сум во редовна комуникација со министерката за надворешни работи на Бугарија, со цел да обезбедиме засилување на разговорите во престојниот период на сите нивоа меѓу двете министерства, во насока на надминување на разликите за време на француското претседателство. Постојат бројни иницијативи од нашите…

Read More

Бугарскиот претседател Румен Радев за првпат ја наметна идејата за можно распишување на референдум на кој граѓаните ќе бидат консултирани по прашањето на македонската интерграција во Европската Унија (ЕУ). Вели „последна инстанца секогаш е народот“ и истакна дека постојат уставни механизми за негово консултирање. „Јавното мислење во Бугарија има цврт став за односите со Скопје, но клучна би била и дилемата како ќе биде формулирано референдумското прашање“, објавија дел од бугарските медиуми по споделување на идејата на Радев, каква што неодамна испорача и бугарската ВМРО. Медиумите во Бугарија нагласуваат дека евентуалното распишување на референдум ќе одземе многу време и би…

Read More

Милиони Германци ќе можат да ги користат предностите на исклучителните намалувања на трошоците за јавен превоз во наредните месеци што беа усвоени од федералната Влада, со цел да ги убедат луѓето да ги сменат навиките за патување во услови на високи цени на горивото, јави германската новинска агенција ДПА. Од денеска секој може да купи месечен билет за патување со регионални возови и автобуси по цена од 9,66 евра. Билетите ќе бидат во употреба во јули и во август. Истовремено, германските власти ги намалуваат акцизите за гориво на најниско ниво дозволено во ЕУ до крајот на август, во обид барем…

Read More

Прашањето за Република Северна Македонија не може да се реши до крајот на француското претседателство со Советот на Европската Унија (ЕУ), изјави денеска шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска пред состанокот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Бугарија. Таа нагласи дека лидерите на владината коалиција од Кабинетот на премиерот Кирил Петков по минатонеделната средба посочиле дека „се потпираат“ на Министерството за надворешни работи, меѓутоа, според неа, „тимови на премиерот продолжуваат да го саботираат процесот на различни начини“. „Тие водат разговори со нашите партнери од ЕУ, ние се обидуваме овие разговори да ги водиме на чисто професионален начин, но…

Read More

Цената на бензинот Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ се зголемува за три денари и ќе се продава за 107 денари за литар, додека безоловниот Еуросупер БС-98, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапат за 2,5 денари за литар и ќе чинат 109 денари, 97,5 денари, односно 95,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 2,11 отсто во просек. Сo одлуката на РКЕ не се менува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и останува 54,64 денари за килограм. Како причина…

Read More

Избор на уставни судии ќе биде точка на дневниот ред на утрешната собраниската Комисија за избори и именувања. Претседателката на Комисијата за избори и именувања, Марија Георгиевска изјави дека продолжението на седницата се одолговлекло поради обврски на членови на Комисијата. Таа посочи дека на претходната седница биле доставени девет предлози за уставни судии и тоа три од мнозинството и шест од опозицијата. Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска во понеделникот одржа средба со шефот на државата, Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието, Талат Џафери за блокадата на изборот на четирите уставни судии. Кацарска по состанокот со државниот…

Read More

Струмица и струмичко вечерва околу 19:30 часот беа погодени од невреме, проследени со силни грмотевици и обилен дожд што предизвика поплави низ улиците. Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица добила барање за интервенција во Муртино, каде гром удрил во една од куќите, пришто се запалила кровната конструкција. Од ТППЕ Струмица информираат дека интервенирале со едно противпожарно возило и пет пожарникари кои го изгаснале огнот и соопштија дека притоа немало повредени или ранети. „Досега добивме барања и за три интервенции за испумпување на вода од поплавени дворови и подруми. Засега нема други јавувања од граѓани“, изјави Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица.

Read More