Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
„Не излегувајте од засолништа и подгответе ги маските за лице кои треба да бидат намокрени со раствор од сода, Русите погодија резервоар со азотна киселина“, напиша гувернерот на Луганск, Серхиј Хајдај на „Телеграм“. Тој ги предупреди граѓаните да ги преземат посочените мерки, бидејќи азотната киселина може да предизвика оштетување на белите дробови и губење на видот. Проруските сепаратисти, пак, објавија дека резервоарот со азотна киселина „експлодирал“ во фабрика за азот во Северодоњецк. Хајдај објави и фотографии од голем розов облак што се издига над станбените згради во градот. Гувернерот на Луганск додаде дека голем дел од Северодоњецк, најважен град на…
„Се надевам дека денешната порака на консензуалност и политичка култура што надвладеа во државата ќе продолжи и во други сфери, за да си го средиме системот, да ја намалиме разочараноста, да нема партизација, да нема врски, да ја вратиме довербата на младите во системот и во државата. Верувам дека ова е само почеток за некои покрупни промени што би ги очекувале“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во гостувањето во дневникот на ТВ Сител, во врска со донесените измени во Собранието на Законот за земјоделство и рурален развој, со кој се отстранува пречката за исплата на субвенции…
Соопштението на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за новите, максимални, цени на горивата што ќе стапат од полноќ, беше сигнал за граѓаните за, буквално, да ги „окупираат“ бензинските пумпи попладнево. Метежот што е регистриран во главниот град е слика и во останатите делови на земјата. Бензинот Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по цена од 104 денари за литар, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 106,5 денари за литар, додека дизелот ќе се точи за 95 денари за литар, објави попладнево Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 9…
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во петок ќе донесе одлука за генерален штрајк, најави претседателот Дарко Димовски од Охрид. Според него, таквиот чекор е неминовен по очекуваниот нов бран на поскапувања поради тоа што на полноќ завршуваат дел од мерките од антикризниот пакет на владата која, пак, на денешната седница не расправаше за нивно продолжување и предложување на нови. Павел Трендафилов, потпретседател на Советот на ССМ задолжен за приватниот сектор, рече дека Сојузот на синдикати се подготвува за генерален штрајк, бидејќи инфлацијата, како што истакна, „веќе ја „изела“ минималната плата што беше договорена со власта“ и порача дека „линеарно…
Стотици украински борци пред две недели го положија оружјето и ја завршија одбраната на челичарницата Азовстал во Мариупол. Околу 2.400 војници се предадоа на руските трупи кои сега го контролираат пристаништниот град на југот на Украина. Нивните семејства велат дека сè уште не слушнале информации за најблиските и дека не знаат каде тие се наоѓаат. „Не сум контактирала со мојот сопруг, ниту сум добила било какви информации во последно време“, вели Ана Ивлева, сопруга на Антон, маринец кој беше тешко ранет за време на руските напади на челичарницата Азовстал. Таа додаде дека минале повеќе од месец дена од последниот разговор…
Бензинот Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по цена од 104 денари за литар, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 106,5 денари за литар, додека дизелот ќе се точи за 95 денари за литар, објави попладнево Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). „Со оглед дека вечерва на полноќ истекува времетраењето на намалената акциза и данокот на додадена вредност за соодветните нафтени деривати, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која изврши усогласување со законските прописи кои ќе бидат на сила од полноќ со што малопродажните цени на нафтените деривати се…
Вечерва на полноќ завршува да важи дел од владиниот сет со 26 антикризни мерки чија цел во изминатиот период беше да спречат покачување на некои од основните прехранбени производи со што граѓаните се соочуваат со нова можност за ценовен шок од утре. Дел од основните прехранбени производи од утре повторно ќе бидат во малопродажба со ДДВ. Пресметките велат дека, на пример литар масло за јадење, ќе се продава за 12 отсто повисока цена и ќе достигне околу 155 денари. Повисоки цени ќе имаат млекото и млечните производи, јајцата, месото, лебот, брашното, оризот и шеќерот по враќање на ДДВ-то на 5…
Цените на нафтата денеска се зголемија на 124 долари, како последица на договорот на Европската Унија (ЕУ) за забрана за увоз на руска нафта од бродови и најавата за укинување на пандемиските ограничувања во Шангај. На лондонската берза, цената на барелот во договорите со рок на испорака во јули порасна за 2,11 долари од претходното затворање, и достигна 123,78 долари. Во договорите со рокови за испорака во август, се зголеми за 1,57 долари и достигна 119,17 долари. Еден барел на американскиот пазар се тргуваше за 3,46 долари поскапо, односно по цена од 118,53 долари. Трговците денеска се фокусираа на договорот…
Обвинителот Љубомир Лапе побара затворски казни за поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и за поранешниот генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски, но и конфискација на седиштето на опозициската партија и нејзините штабови во предметот „Талир 2“, објави а1он.мк. Според него, како што пренесува порталот, „„Бетон“ го изградил објектот во кој е сместено седиштето на партијата за подоцна да добиваат државни пари, односно приходи од јавни набавки, а ВМРО-ДПМНЕ на тој начин ги заобиколила законските ограничувања за финансирање на политички партии“. Кај Груевски, според Лапе, „преовладуваат отежнителни околности оти бил свесен за противправните дејствија“, додека и „во случајот со Божиновски…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да ја прифати иницијативата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој сака да организира средба со Владимир Путин, објави денеска украинскиот портал „Вести“, цитирајќи го Серхиј Никофоров, член на прес-службата на украинскиот претседател. Порталот соопшти дека го контактирале Никифоров, кој им соопштил дека е рано да се зборува за форматот на средбата. Агенцијата ТАСС пренесува дека, според Никифоров, станува збор само за начелно прифаќање на ваква средба. Зеленски вчера имаше телефонски разговор со Ердоган, а претходно и рускиот претседател разговараше со својот турски колега. Според соопштението од кабинетот на Ердоган, тој му соопштил на…
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека би сакал да го види рускиот претседател Владимир Путин „целосно отстранет“ од Кремљ, јави агенцијата ДПА. „Доколку Европа и слободниот свет ја загубат оваа битка, ја загубиме оваа војна, ние повеќе нема да бидеме безбедни, бидејќи секогаш ќе бидеме под закани и уцени од Путин“, изјави Моравјеци за „Скај њуз“ за време на самитот на Европската Унија (ЕУ) во Брисел, посветен на војната во Украина. „Се разбира, ние би сакале тој целосно да биде тргнат од власт“, дециден е полскиот премиер.
Холандската компанија „Гас Тера“ (GasTerra) нема да добива гас од руски „Гаспром“ од 31 мај, откако одби да плати во рубљи што е услов на Москва, објавија денеска двете компании. „Гас Тера“, која купува и продава гас за холандската влада, објави дека договорила од друго место да набави две милијарди кубни метри гас, што требаше да ги добие од „Гаспром“ во октомври. „Одлуката нема да има никакви последици на испораката на гас во холандските домаќинства“, објави холандскиот министер за енергетика, Роб Јетен на Твитер. Во соопштението на „Гас Тера“ се наведува дека холандската компанија одлучила да не ги прифати руските…