Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пред почеток на дводневниот Самит на шефовите на држави и влади на ЕУ попладнево, ја повика Унијата да стави крај на внатрешните „кавги“ за кои рече дека само ѝ помагаат на Москва, и ја повика да усвои повеќе санкции против Русија. „Мора да се стави крај на сите кавги во Европа, внатрешни спорови кои само ја охрабруваат Русија да изврши зголемен притисок врз вас“, рече Зеленски во видео обраќањето до лидерите на ЕУ во Брисел. „Време е да не се делиме, да не бидеме посебни делови, туку една целина“, порача Зеленски.
Украина се засити од „специјални решенија“ и од одвоени модели за интеграција во Европската Унија (ЕУ), изјави денеска министерот за надворешни работи на таа земја, Дмитро Кулеба. „Потребна нѝ е јасна правна потврда дека Украина е дел од проектот за европска интеграција, а таквата потврда би било давање кандидатски статус“, порача Кулеба по состанокот со француската колешка Катрин Колона во Киев.
Кога ќе ја носиме новата одлука за цената на електричната енергија на регулираниот пазар што ќе важи од 1 јули оваа година, ќе направиме сè за да се спречат малверзациите кои можат да влијаат на зголемување на цената што ја плаќаат домаќинствата, порача вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимовски. „Ова што го прават општините ниту е етички ниту, пак, морално. Кога беа намалени цените на слободниот пазар, општините штедеа и тогаш беше во ред. Сега кога се зголемија, се прават малверзации за да се вратат на регулиран пазар. Има и компании кои прават…
По титулата почесен граѓанин на Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина го удостои седумкратниот светски првак во Формула 1, Михаел Шумахер и со улица која од денеска го носи името на прославениот германски возач. Како што јавија локалните медиуми, со одлука на Собранието на Кантонот Сараево, А трансверзалата во главниот град е преименувана во А трансверзала „Михаел Шумахер“. Германскиот возач во Ф1 во текот на 90-те години од минатиот век двапати ја посети Босна и Херцеговина, престојувајќи како амбасадор на УНЕСКО и американска хуманитарна организација и притоа донираше пари за помош на децата ранети за време на војната. Кон…
Пожарникарите и во вечерните часови работат на целосно гаснење на пожарот во Тетово, кој во текот на денот беше ставен под контрола и локализиран. Огнот започна во големата управна зграда на поранешната фабрика „Македонија табак“ и зафати два соседни објекта, каде приватна фирма сега произведува и складира градежни материјали. Пожарот беше ставен под контрола и локализиран само во управната зграда, додека во останатите два соседни објекта е изгаснат. „Огнот во текот на вечерта е локализиран и ставен под контрола. Вечерва сè уште има чад, затоа што целата покривна конструкција од големата зграда изгоре и падна. Имаме големи количини на изгорени…
Српскиот претседател, Александар Вучиќ утре ќе положи заклетва пред пратениците во Собранието на Србија за втор претседателски мандат, јави дописникот на МИА од Белград. По свечениот чин е предвидено негово обраќање пред пратениците, а на седницата не е предвидена расправа. Мандатот на Вучиќ истекува на 31 мај, денот на кој ја презеде функцијата во 2017 година. На претседателските избори на 3 април во оваа година, тој ја доби довербата на 58,59 отсто од гласачите, односно на 2.224.914 милиони граѓани. На изборите гласаа 3.811.585 милиони граѓани од вкупно 6.502.307 милиони запишани гласачи во избирачкиот список, односно 58,62 отсто. Претседателските избори беа…
Aнглискиот фудбалски гигант Челзи од денеска и официјално мина во сопственост на американски конзорциум на чело со бизнисменот Тод Боли. Челзи во текот на минатата недела ја најави продажбата, а попладнево преку клупско соопштение ја официјализира трансакцијата. „Чест нѝ е што сме нови сопственици на Челзи. Сто проценти сме во оваа нова работа. Нашата визија е јасна, секоја минута и во секој натпревар ќе работиме за нашите навивачи да бидат горди на клубот“, изјави Боли, кој, воедно, е сопственик и на американската професионална безбол екипа Лос Анџелес доџерс. Челзи е продаден за 4.25 милијарди фунти, со што заврши ерата на рускиот…
Во моментот се соочуваме со 105 милиони евра непланирани трошоци за електрична енергија од кои 30 милиони евра отпаѓаат на општините, а останатиот дел е на компании кои потпишуваат фиктивни договори со некои општини за да останат или се вратат на регулираниот пазар, иако не исполнуиваат критериуми, наместо да одат да набават струја на слободниот пазар. Такви трендови мора да престанат и при носење на одлука за цената на електричната енергија нема да дозволиме тој товар да падне врз грбот на граѓаните, изјави првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на…
Само заеднички и на интегриран начин и обединето ќе можеме да се справиме со предизвиците што се пред нас, порача потпретседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Лилјана Павлова на отворањето на локалната канцеларија на ЕИБ во Скопје што ќе биде лоцирана во просториите на Делегацијата на ЕУ во земјава. „Мило ми е што дојде време и Скопје да се придружи на семејството на ЕИБ канцелариите ширум светот. Верувам дека отворањето на оваа канцеларија претставува многу силен сигнал на нашата долготрајна силна поддршка на земјата и на регионот во пристапните преговори и генерално во евроинтеграциите“, рече Павлова. Отворањето на канцеларијата, додаде,…
Прославениот ракометен стручњак Лефтер Бошковски почина денеска во Скопје на 81-годишна возраст. Бошковски беше тренер на повеќе македонски екипи, како и селектор на женската сениорска репрезентација. Во својата плодна тренерска кариера ги предводеше екипите на Вардар, на Работнички и на Кометал Ѓорче Петров, а го основаше женскиот ракометен клуб Олимпик. Последните години од својот живот на ракометен план ги мина во академиите на Стевчо Алушовски и Кирил Лазаров.
Шефот на дипломатијата на Европската Унија (ЕУ), Жосеп Борел изјави дека е целосно убеден оти ЕУ ќе постигне договор за шестиот пакет санкции против Русија. „Амбасадорите се сретнаа вчера и денеска. Сите притискавме да се постигне договор денеска и многу сум убеден дека ќе го имаме“, изјави Борел. Доаѓајќи на Самитот на лидерите на ЕУ, Борел ја повика Унијата да продолжи да ја поддржува Украина, вклучително и со оружје, како и да продолжи да врши притисок врз Русија преку санкции. „Мораме да ја поддржиме Украина и да бидеме тврдоглави во тоа. Секоја војна има свои подеми и падови. Санкциите веќе…
Албанија и денеска не доби нов претседател, откако ниту еден кандидат не беше предложен за третиот круг на гласање во парламентот. Владејачката Социјалистичка партија и опозицијата не најдоа заеднички јазик за кандидат кој ќе го наследи Илир Мета на функцијата, ниту, пак, беше номиниран независен кандидат. Според албанскиот модел за избор на претседател, победник е кандидатот кој ќе обезбеди најмалку 84 гласови во првите три круга од вкупниот број на пратеници во Собранието или просто мнозинство во последните два круга на гласање. Иако контролираат од 74 до 140 мандати во парламентот, социјалистите, сепак, немаат доволно гласови за избор на посакуваниот…