Author: Sashko

Руската војска соопшти дека бомбардирала воен транспорт во близина на Киев, пренесе агенција ДПА. „Ракети со висока прецизност лансирани од море беа употребени за уништување на оружје и воена опрема на 10-та украинска јуришна планинска бригада од Ивано-Франковск на железничката станица Малин во регионот Житомир, кои требаше да бидат префрлени во Донбас“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков. Украински извори го пријавија бомбардирањето на малиот град претходната вечер, известувајќи за една жртва и неколку повредени. Конашенков наведе и бројни руски ракетни и воздушни напади во источниот украински регион Донбас, додека го презентираше последниот извештај за ситуацијата. Таму,…

Read More

Убиен е чувар на катарската Амбасада во Париз, а едно лице е уапсено за време на истрагата, соопшти денеска париското Обвинителство, со што се потврдени претходните  написи. „Можам да потврдам дека денеска е отворена истрага по обвинение за убиство. Околностите за смртта на заштитникот допрва треба јасно да се утврдат“, наведуваат извори од Обвинителството. Весникот „Ле Паризиен“ претходно објави дека едно лице е убиено во амбасадата, повикувајќи се на полициски извори.

Read More

Рускиот војник, Вадим Шишимарин (21), на кого му се судеше за убиство на невооружен цивил во Украина, е прогласен за виновен и осуден е на доживотна казна затвор. Додека судиите ги изнесуваа наводите од обвинението, Шишимарин стоеше во судницата со наведната глава, пренесува „Би-Би-Си“.

Read More

Кина денеска го повика американскиот претседател Џо Бајден да не ја „потценува нејзината цврста решителност да го заштити својот суверенитет“, обраќајќи му се директно по неговото ветување што го испрати од Токио дека „САД воено ќе интервенираат во случај на кинеска инвазија на Тајван“. Од друга страна, Тајпеј не го криеше своето воодушевување од изјавата на Бајден. Бајден во Токио кажа дека САД воено ќе го бранат Тајван во случај на инвазија на Пекинг на овој автономен остров, предупредувајќи дека Кина „флертува со опасност“ со своите воени маневри и дека ќе го брани Тајван од можен кинески напад. „Веднаш бараме…

Read More

Премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија во политичка смисла „јасно сè има одредено“ кон конфликтот во Украина, во согласност со принципите на меѓународното право, јави дописникот на МИА од Белград. „Србија го избра не само својот пат, туку и патот во согласност со сите принципи на меѓународното право. Ако го почитувате својот територијален интегритет, тогаш мора да го почитувате територијалниот интегритет на сите меѓународно признати држави. Сметаме дека е многу погрешно да се нарушува територијалниот интегритет на Украина“, изјави Брнабиќ на ТВ Хепи. Таа оцени дека светот е во ситуација во која меѓународниот правен поредок се заснова на „владеење на…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски, во придружба на неговата ќерка Тамара Ковачевска, и делегација на Владата на Македонија, којашто е во дводневна посета во Рим и Ватикан во рамките на традиционалните свечености во чест на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, денеска беше примена од неговата светост Папата Франциск. Ковачевски имаше тет-а-тет средба со Неговата светост Папата Франциск, по што следуваше приемот и на останатите членови на македонската делегација. На аудиенцијата кај Светиот отец Франциск, како една од централните активности од програмата за чествување на животот и големото дело на Светите Кирил и Методиј, премиерот Ковачевски изрази…

Read More

Денеска се очекува пресудата за Вадим Шишимарин, првиот руски војник обвинет за воени злосторства за време на инвазијата на Украина, кој за време на судењето призна вина за убиство на невооружен цивил. Обвинителството вели дека Шишимарин командувал со единицата на тенковска дивизија, кога конвојот бил нападнат од украинските сили. „Тој и уште четворица војници украле автомобил што го возеле во близина на Чупакивка. Таму сретнале 62-годишен Украинец на велосипед“, велат од Обвинителството. Според обвинителот, на Шишимарин му било наредено да убие цивил, што го направил со автомат „Калашников“. Тој се соочува со доживотна казна затвор. Украина вели дека досега идентификувала…

Read More

Британскиот премиер Борис Џонсон напиша писмо до украинските деца, нагласувајќи дека тие се пример за другите и оти „Велика Британија никогаш нема да ги заборави“. Тој напиша дека да не била таквата ситуација, тие сега би излегувале со пријателите после училиште, би играле фудбал и би уживале во безгрижниот живот. „Но, ова е посебна година за вас“, наведе Џонсон. Во писмото го споменува неговото патување во април во Киев, каде што се состана со украинскиот претседател Володимир Зеленски кога тој пофали „одлучното лидерство и големото херојство“ на украинскиот претседател. Тој им порача на децата на Украина дека треба „да бидат…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Токио предупреди дека САД „воено ќе го бранат Тајван, доколку Пекинг го нападне овој автономен остров“, предупредувајќи дека Кина „флертува со опасноста“. „Тоа е обврска што ја презедовме“, рече Бајден на прашање на новинарите дали САД ќе интервенираат воено против обидите на Кина да ја заземе територијата насилно. „Се согласивме со политиката на една Кина, ја потпишавме, но идејата дека Тајван може да биде преземен со сила едноставно не е соодветна“, кажа Бајден. Тој додаде дека таквиот чекор „ќе го наруши целиот регион и ќе биде уште една акција слична на она што се…

Read More

Кина најави голема жетва на житото за да ги подобри сопствените потреби за храна, среде растот на глобалните цени поради војната во Украина, пишуваат странски медиуми. „Околу 80 отсто од житото во југозападна Кина е собрано. Во тек е жетвата во средниот и долниот тек на реката Јангце“, соопшти кинеското Министерство за земјоделство и рурални работи. „И покрај предизвиците од ковид-19 и одложеното садење на пченица на повеќе места, успешната жетва на летното жито ќе биде постигната, благодарение на ефикасните политика и поддршка“, изјави заменик шефот на Одделението за растително производство при Министерството за земјоделство и рурални работи. Централната влада…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне, особено во западните делови, ќе биде нестабилно со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Процесите, локално, ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Утринските температури ќе бидат во интервал од 6 до 14 степени, а дневните од 23 до 32 степена. Во Скопје, времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, во делови од котлината, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен…

Read More

Европската Унија (ЕУ) има потреба од сопствени вооружени сили за да ја осигура нејзината безбедност, изјави министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел. „Новото безбедносно опкружување покажува дека ЕУ мора да преземе поголема одговорност за својата безбедност. Затоа нѝ е потребна модерна и интероперативна европска армија“, објави Борел на својот блог. Според него, ЕУ треба да работи во три главни насоки за реализација на тоа – прво, членките на Унијата да работат на зајакнување на борбената готовност на силите; второ, квалитативно и квантитативно да се зголемат постоечките капацитети во следните пет години и трето – да се развијат клучни…

Read More