Author: Sashko

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, синоќа, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, при контрола на угостителски објекти на подрачје на СВР Скопје лишија од слобода 12 лица, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Притоа кај Н.В. (42), Г.Н. (20), С.Ј. (21), А.Ј. (35), Г.Т. (33), Л.Р. (34) била пронајдена прашкаста материја, додека кај Д.М. (23), Ј.Ѓ. (21), Л.Ј. (18), Б.Б. (26), Х.И. (20) и Д.М. (39) била пронајдена марихуана“, соопштија денеска од МВР. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе…

Read More

Вчерашниот пожар во хотелот „Буши“ во старата скопска чаршија за малку ќе се претвореше во трагедија според билансот на повредени лица и оние кои побарале лекарска интервенција на самото место. На 19 лица им била укажана помош во комплексот, шест биле примени на Токсикологија, тројца завршиле во ГОБ „8 септември“. Пожарот, според противпожарната бригада на Град Скопје, избувнал во кујната на ресторанот и благодарение на брзата интервенција на нејзините припадници било спречено да се прошири и на објектите околу комплексот.

Read More

Пишува: Нано Ружин Зошто геополитичката имагинација e толку популарна како никогаш досега? – Војната во Украина и тектонските придвижувања придонесоа да се зборува исклучиво низ јазикот на геополитиката и геостратегијата. Пред некој месец во Скопје гостуваше Френсис Фукујама, кој во врска со украинската криза истакна дека „се работело само на довршување на отпочнатите процеси од 1989 година кога падна тоталитаризмот во Европа“. Во колумната на списанието „Национален интерес“ тој пишува: „борбата околу сите клучни прашања е завршена“ (1989 година) и советува дека „САД насекаде треба да го наметнат овој модел со помош на „меката сила“. Познатиот француски филозоф Жак Дерида…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски, преку видео обраќање, се заблагодари на сите владини претставници во овој и во минатиот состав за трудот што го вложиле за реализација на едно од најважните ветувања на Владата, просечна плата од над 30.000 денари. „Со покачувањето на платите се штитиме од големиот раст на цените, а буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно – директно во приходите на граѓаните“, напиша Ковачевски на Фејсбук во постот во кој е прикачено и видео обраќањето.

Read More

Независниот синдикат на професионални војници на Македонија (НСПВМ) за денеска (11 часот) најави протест пред Владата со поставување на шатори и вреќи за спиење, се наведува во соопштението до медиумите. „Независниот синдикат на професионални војници на Македонија од основањето континуирано и интензивно работи за подобрување на стандардот на вработените во Армијата на Република Северна Македонија, на подобрување на односите Синдикат – работодавач – Министерство за одбрана на Република Северна Македонија, подобрување на условите за работа, инсистира на зголемување на буџетот, на подобрување на опремата за вработените, на корекции во Законот за служба во АРСМ за подобрување на условите за живот…

Read More

Украина денеска ја отфрли можноста да се согласи за прекин на огнот со Русија и порача дека Киев нема да прифати никаков договор со Москва што вклучува отстапување на територија. Признавајќи дека позицијата на Киев за војната станува сè побескомпромисна, советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак во интервју за „Ројтерс“ изјави дека отстапките би ѝ се одмаздиле на Украина, бидејќи Русија ќе возврати уште посилно по секој прекин на борбата. „Војната нема да заврши (и покрај какви било отстапки). Само ќе биде ставена на пауза некое време“, изјави Подољак во добро чуваната претседателска канцеларија, каде што некои прозорци и ходници…

Read More

Северна Кореја соопшти дека во изминатите 24 часа биле пријавени над 186.000 случаи со треска и дека уште едно лице починало како последица на веќе признатата епидемија на ковид-19 во земјата, денеска јави државната агенција КЦНА. Агенцијата, меѓутоа, не соопштува податоци за тоа колку од овие пациенти се позитивни на коронавирус. Бранот на ширење на коронавирусот ја зголеми загриженоста за недостатокот на вакцини, недостаток на медицинска инфраструктура и потенцијален недостиг на храна во земјата со околу 25 милиони луѓе, која одбива странска помош и своите граници ги држи затворени. Висок официјален претставник на американската администрација денеска изјави дека токму ограничувањата…

Read More

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска повтори дека секој обид да се игра на „картата на Тајван“, со цел да се ограничи Кина, ќе биде осуден на пропаст. „Широката поддршка на меѓународната заедница за Пекинг уште еднаш покажува дека принципот на една Кина е заедничка аспирација и доминантен тренд“, изјави портпаролот, Ванг Венбин. Стејт департментот во средата соопшти дека на Тајван треба да му се дозволи да присуствува на собранието на СЗО следната недела, истакнувајќи дека исклучувањето на островот од оваа организација на барање на Кина е неоправдано и предизвикува загриженост за глобалното здравје. Пекинг, според кинеското МНР, не може…

Read More

Сообраќајот на патиштата во државата се одвива непречено и по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти Авто-мото сојузот. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне, претежно во западните делови, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа и во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветар. Утринските температури ќе бидат во интервал од 7 до 15 степени, а дневните меѓу 24 и 33 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветар. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени. „Во…

Read More

Најмалку пет лица загинаа во пад на туристички авион на југоистокот на Франција, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на извори од полицијата и спасувачките служби. Несреќата се случила во департманот Изер, во француските Алпи. Авионот, кој припаѓал на локален авиоклуб, бил на прв лет и полетал од аеродромот Верси, недалеку од Гренобл. Пронајдени се пет јагленосани тела и засега не се потврдени сомнежите дека меѓу нив има и дете, наведува ТВ БфМ. Локалните медиуми тврдат дека четворица од петте жртви се членови на исто семејство.

Read More

Кошаркарите на Ефес ја одбранија шампионската титула во Евролигата по вечерашниот триумф во белградска „Штарк арена“ над Реал Мадрид со 58:57. Победникот во финалето беше решен во последните две минути од натпреварот, како што беше случај и со двете полуфинални пресметки, што упатува на израмнетоста на екипите. Василие Мициќ беше најефикасен во екипата на Ефес со 23 поени, Тибор Плајс беше „џокерот“ со 19 коша, а Шејн Ларкин учествуваше со 10 поени во големата победа на старо-новиот континентален клупски првак. Единствен кошаркар со двоцифрен број на поени кај „кралскиот клуб“ беше Валтер Таварес кој уфрли 14 коша.

Read More