Кошаркарите на Ефес ја одбранија шампионската титула во Евролигата по вечерашниот триумф во белградска „Штарк арена“ над Реал Мадрид со 58:57.

Победникот во финалето беше решен во последните две минути од натпреварот, како што беше случај и со двете полуфинални пресметки, што упатува на израмнетоста на екипите.

Василие Мициќ беше најефикасен во екипата на Ефес со 23 поени, Тибор Плајс беше „џокерот“ со 19 коша, а Шејн Ларкин учествуваше со 10 поени во големата победа на старо-новиот континентален клупски првак.

Единствен кошаркар со двоцифрен број на поени кај „кралскиот клуб“ беше Валтер Таварес кој уфрли 14 коша.