Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Албанија купи противтенковски ракети „Џавелин“ за да ја зајакне својата одбрана, соопшти денеска министерот за одбрана, Нико Пелеши. Во соопштението се наведува дека Албанија склучила договор со американската компанија „Локт Мартин“, но не се наведува бројот на проектилите, цената и кога ќе бидат испорачани. Пелеши рече дека целта на купувањето на ракетите е модернизација на армијата. „За да не дојде до паника, нема конкретна закана. Ние сме земја членка на НАТО и прашањето за националната безбедност е решено. Заштитени сме“, рече министерот. Пелеши рече и дека НАТО не претставува закана за ниту една земја, вклучително и за Русија. Тирана ја…
Русија забрани влез во земјата за 963 Американци, меѓу кои и претседателот Џо Бајден. Забраната дојде по пакетот помош за Украина што го потпиша Бајден во износ од, речиси, 40 милијарди долари. Меѓу лицата на руската „црна листа“ се најде и државниот секретар, Ентони Блинкен и шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, пренесува „Ројтерс“. Бајден моментно е во посета на Јужна Кореја, каде оствари средба со јужнокорејскиот претседател Јон Сук-јеол.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата војска нанела сериозна штета на руските вооружени сили и покрај падот на клучниот пристаништен град Мариупол. „Украина го „скрши ‘рбетот“ на руската армија. Нема да може да застане на нозе во следните неколку години“, рече Зеленски во телевизиско интервју. Неговата изјава дојде откако последните 2.400 украински борци од Мариупол се предадоа. Киев ќе го врати сето тоа назад, рече тој, додавајќи дека Украина ќе се врати на линиите на фронтот од пред 24 февруари, кога Русија изврши инвазија. „Тоа ќе значи дека не нè покорија и дека ние ја браневме нашата земја“, рече…
Неповратен грант од 10.000 евра по корисник за поддршка во опрема и инвестиции добиваат 59 мали семејни винарии. Договорите за нивна поддршка во вкупен износ од над 33 милиони денари денеска во Градскиот парк во Скопје ги врачи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. „Денеска за нас е посебен ден. Исполнивме уште едно битно ветување кое го дадовме на малите винарии за поддршката која што им е потребна. Денеска доделуваме 59 договори за поддршка на малите семејни винарии, во вкупен износ од над 33 милиони денари. Тие добиваат неповратна финансиска поддршка, односно неповратен грант од 10.000 евра по корисник,…
Десет повредени лица во пожарот во хотелот „Буши“, префрлени во ГОБ „8 Септември“ и на Токсикологија
Десет лица се повредени во пожарот што попладнево избувна во хотелот „Буши“ во Скопје и со возила на Итната медицинска помош (ИМП) се однесени во Градската општа болница „8 Септември“ и на Клиниката за токсикологија, изјави раководителката на Итната медицинска помош (ИМП), Милица Бубало за МИА. Од нив, посочи таа, двајца се здобиле со потешки повреди. Додаде дека екипите на ИМП на лице место интервенирале и за други полесно повредени лица кои се пожалиле на тешкотии со дишењето. Попладнево во пожарот што избувна во хотелот „Буши“ во Старата скопска чаршија биле зафатени дел од рецепцијата и кујната на хотелот, информираа…
Шестгодишно дете го загуби животот, откако денеска околу 13 часот паднало во реката Пена во Тетово. Детото живеело во населбата веднаш по последниот мост на реката Пена, на т.н. Индустриска улица каде куќите се непосредно до речното корито. Откако паднало во реката, мештаните ги повикале пожарникарите чија станица е во близина на оваа маало, кои, пак, ги алармирале останатите институции по што е почнато пребарување на местото. Според информациите на тетовските пожарникари, дошле припадници на специјалните единици на полицијата, како и на Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи по што е започната четири часовна претрага. Безживотно…
Попладневото во хотелот „Буши“, во старата скопска чаршија, изби пожар додека во објектот се правеле подготовки за свадбена веселба. Пожарот избувнал во кујната на ресторанот. https://www.youtube.com/watch?v=CxcF0eVdcpA&feature=emb_title Настанот бил веднаш пријавен во противпожарната бригада на Град Скопје чии припадници експресно интервенирале и набрзина го локализирале огнот. На лице место пристигнала и екипа на Брзата помош која помогнала на неколку лица кои се пожалиле дека вдишиле чад. Неофицијално, лекарска помош побарале 10 лица, меѓу кои три деца. Причините за пожарот засега се непознати.
Златниот трофеј на Жил Риме, кој традиционално се врачува на капитенот на победничката репрезентација на Светските фудбалски првенства, денеска „гостуваше“ во Скопје на пропатување низ земјината топка во пресрет на турнирот во Катар во ноември и декември оваа година. Со пехарот во главниот град на Македонија, 51. држава во рамки на неговата турнеја, допатува и бразилската фудбалска легенда Жилберто Силва, а на свечениот настан присуствуваше и македонскиот претседател Стево Пендаровски. https://www.youtube.com/watch?v=DCSq2ki5KBs Пендаровски се заблагодари на честа што Македонија е попатна станица на престижниот шампионски трофеј и посака во иднина да заврши и во рацетре на капитенот на македонскиот национален тим.…
Австралискиот премиер Скот Морисон го призна поразот на парламентарните избори, велејќи дека тоа била „тешка ноќ“ за неговата конзервативна влада, пренесува агенцијата ДПА. „Вечерва разговарав со лидерот на опозицијата и идниот премиер Ентони Албанес и му честитав на изборната победа“, рече Морисон. Лабуристите ќе можат да формираат малцинска влада, но, според ТВ „Еј-Би-Си“, може да добијат и доволно гласови за мнозинска влада. Според прелиминарните бројки, партијата може да смета на најмалку 71 место во Сенатот, каде што се неопходни 76 места за да се дојде до мнозинство, додека конзервативната коалиција на Морисон освои само 49 места. Повеќе од 17 милиони…
Владата работи одговорно и прудентно и овој ребаланс е соодветен и навремен финансиски план на политики кои би се преземале за годинава да го завршиме циклусот на заздравување на економијата и стандардот на граѓаните, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими, претставувајќи го Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2022 година, што го усвои вчера Владата. Бесими порача дека, дури и во сценарио на продолжена криза на светскиот пазар на енергенси и примарни производи, со фискалната проекција до крајот на годината се овозможува дополнителна интервенција за заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите. Економскиот раст, со ребалансот,…
Дефицитот и отплатата на надворешниот и на домашниот долг во износ од 11,8 милијарди денари, или вкупно 54,5 милијарди денари, ќе се финансираат преку задолжување на меѓународниот и нa домашниот пазар, информираше министерот за финансии Фатмир Бесими, претставувајќи го ребалансот на Буџетот за 2022 година. Со оглед на актуелните економски и надворешно-политички состојби, оваа година ќе биде ставен поголем фокус на финансирање од меѓународните пазари. Ваквата определба, укажа тој, ќе овозможи повеќе пари од домашниот банкарски сектор да бидат искористени во македонската економија, а дополнително, преку надворешните извори за финансирање ќе се зголемат државните девизни резерви. „Во рамки на домашното…
Украинските борци во челичарницата Азовстал со недели се бореа против руското напредување. Бомбардирањата беа, речиси, секојдневни, а евакуациите на цивили повремени. Русија вчера потврди дека во нејзини раце се последните борци од Азовстал и оти челичарницата е под руска контрола. Украина сè уште молчи за таквите тврдења. Видео снимки на социјалните мрежи покажуваат како последните борци ја напуштаат челичарницата, еден ден по наредбата на украинскиот командант да ги сочуваат животите. Евакуираните борци се руски заробеници во самопрогласената Доњецка Народна Република и дел од семејствата полека добиваат вести за нивната судбина. „Сопругот ми пиша пред два дена. Ситуацијата е навистина тешка…