Украинските борци во челичарницата Азовстал со недели се бореа против руското напредување. Бомбардирањата беа, речиси, секојдневни, а евакуациите на цивили повремени.

Русија вчера потврди дека во нејзини раце се последните борци од Азовстал и оти челичарницата е под руска контрола. Украина сè уште молчи за таквите тврдења.

Видео снимки на социјалните мрежи покажуваат како последните борци ја напуштаат челичарницата, еден ден по наредбата на украинскиот командант да ги сочуваат животите.

Евакуираните борци се руски заробеници во самопрогласената Доњецка Народна Република и дел од семејствата полека добиваат вести за нивната судбина.

„Сопругот ми пиша пред два дена. Ситуацијата е навистина тешка и ужасна“, вели Наталија Зарицка, чиј сопруг беше во Азовстал.

„Мојот сопруг е на пат од еден во друг пекол“, додаде таа.

Украинскиот град Мариупол беше под руска опсада, речиси, три месеци. Најголоем дел од пристаништниот град на југот на земјата е под руска окупација од средината на април и од тогаш украинските борци се криеја во челичарницата Азовстал.