Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
„Алтернатива“: Нема причина за реконструкција на владата, Сали и Алити се едни од најуспешните кадри
Од партијата „Алтернатива“ велат дека Владата функционира нормално и оти нема причина за некаква реконструкција по пишувањата во дел од медиумите дека со оставката на министерот за локална самоуправа ќе има и мини реконструкција со која ќе бидат опфатени и министрите за здравство и за информатичко општество и администрација од редовите на „Алтернатива“. „Сега засега Владата функционира нормално и нема причина за никаква реконструкција. Нашите министри Беким Сали и Адмирим Алити се едни од најуспешните кадри, не само на Алтернатива, туку и во целата Влада воопшто. Затоа, не гледаме причина за отворањето на вакви непотребни теми“, велат од „Алтернатива“. Прашањето…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Владимир Путин е подготвен да разговара. „Заедно бевме во Узбекистан и имавме долги разговори. Тој покажа знаци дека е подготвен ова да заврши што поскоро. Тоа е мој впечаток“, изјави Ердоган за ПБС додавајќи дека е договорена размена на 200 затвореници. Веста доаѓа по големата украинска контраофанзива во која беше ослободен североисточниот дел на земјата, коментираат светските агенции. Ердоган вели дека му рекол на Путин да го врати Крим на неговите вистински сопственици. „Од 2014 година на мојот драг пријател Путин му зборуваме за тоа и го баравме тоа од него. Баравме Крим…
Многу земји тешко ќе најдат замена за ограничената или блокирана испорака на руската нафта. Нејзиното поскапување ќе се одрази и на пазарите на земјоделски суровини, предупреди Банката за меѓународни порамнувања. Основен проблем е големиот пазарен удел на руската нафта, оценува Банката, потсетувајќи дека Русија сочинува една десетина од светскиот извоз. Губењето руски нафтени деривати би било голем шок за глобалната економија. Малку е веројатно други производители да имаат доволно капацитети да го надополнат недостигот, нагласува Банката во тримесечниот извештај, објавен во текот на вчерашниот ден. Дополнително, вложувањето во истражување и експлоатација на нови нафтени извори сè уште е на претпандемиското…
За овие 30 години независност, многу жени, без оглед дали доаѓаат од политичката сфера или од некој друг дел од општественото живеење, покажаа дека имаат доволно квалитети успешно да работат на позициите кои ги имале и имаат, смета министерката за одбрана Славјанка Петровска. „Денес професиите не ги делиме на машки и на женски, туку нас жените нè има во секоја професија затоа што сметаме дека имаме доволно капацитет и квалитети кои треба да ги покажеме и со кои што треба практично да помогнеме во општественото живеење, а со тоа да и помогнеме и на нашата држава“, истакна Петровска во денешното…
Времето во утрински, вечерните и ноќните часови ќе биде студено, а преку ден сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умeрен ветар од, претежно, северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 1 до 12 степени, а максималната меѓу 16 и 23 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветар. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 21 степен. Во текот на работната седмица времето ќе биде претежно стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат…
Министерот за локална самоуправа од редовите на Либерално-демократската партија, Горан Милевски денеска се очекува да ја депонира својата оставка до Владата. Милевски, како што најави вчера, се повлекува од лични причини, а до крајот на неделата се очекува неговата партија да предложи нов кандидат за министер. Новиот министер, според Милевски, нема да биде од редовите на пратениците. „Се исклучува можноста тоа да биде некој од пратениците“, изјави Милевски за МИА. Дел од медиумите објавија дека Милевски ќе се повлече и од лидерската функција во ЛДП, а како еден од кандидатите кои би го замениле е актуелната потпретседателка Моника Зајкова која…
Украина соопшти дека нејзините сили навлегле подлабоко на исток во територијата што неодамна ја напуштиле Русите, отворајќи го патот за потенцијален напад врз окупациските сили на Москва во регионот на Донбас. „Окупаторот очигледно е во паника“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното телевизиско обраќање, додавајќи дека сега е фокусиран на „брзината“ во ослободените области, „брзината со која се движат војниците, брзината со која се обновува нормалниот живот“. Украинскиот лидер, исто така, посочи дека ќе го искористи утрешното видео обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации за да ги повика земјите-членки да ја забрзаат испораката на оружје и помош. „Правиме се за…
Во тропската бура што беше проследена со обилни врнежи од дожд во Јапонија загинаа две лица и повредени се повеќе од 100, го парализираше сообраќајот и остави илјадници домови без струја, соопштија денеска локалните власти. Нови штети се пријавени во јужниот дел на Јапонија, каде тајфунот Нанмадол удри во текот на викендот пред да ослабне додека се движеше кон север. На островот Танегашима, јужно од островот Кјушу, оштетен е ѕидот на вселенскиот центар на Агенцијата за воздухопловство и истражување, соопшти Министерството за економија и индустрија. Се проценува степенот на штетата на објектот каде што се склопуваат ракети. Вчера беа пријавени двајца загинати…
Украинската војска тврди дека заробила најнапреден руски тенк Т-90М. Под фотографиите објавени на социјалните мрежи, се забележува дека најверојатно се направени во регионот Харкoв. #Ukraine: For the first time ever the most advanced Russian main battle tank T-90M was captured by the Ukrainian army – presumably in #Kharkiv Oblast. This tank is also covered with Nakidka radar-absorbent and heat-insulating material. pic.twitter.com/EgS9gxnd3b — 🇺🇦 Ukraine Weapons Tracker (@UAWeapons) September 18, 2022 Т-90М е опремен со најновата руска воена опрема, а се вели дека е технолошки најнапреден и непробојлив поради експлозивниот оклоп и софистицираната димна завеса која се активира доколку открие дека…
Во периодот пред нас ќе мора да се насочиме кон исполнување на европските барања и стандарди во реформирање на јавната администрација и подобрување на стручноста на државните службеници, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ во воведното излагање на објаснувачкиот скрининг за реформа на јавната администрација. Тој истакна дека оваа област ќе биде важна за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ и уште еден предизвик во кластерот „Темели“, додавајќи дека професионалноста на јавната администрација е важна, како за исполнување на обврските на европскиот пат, така и за создавање администрација која квалитетно ќе…
Вкупно 50,4 отсто од испитаниците во истражувањето на Фондацијата „Конрад Аденауер“, во рамки на публикацијата „30 години надворешна политика и одбрана“, сметаат дека руската воена агресија врз Украина е неоправдана и неприфатлива, додека 26,2 отсто сметаат дека е оправдана и прифатлива, што претставува сооднос од 2:1 во однос на првата група. Според истражувањето, 65,7 отсто од испитаниците го поддржуваат проектот „Отворен Балкан“, додека 15 отсто не го поддржуваат, што значи дека за 50,7 отсто е поголем бројот на испитаниците што ја поддржуваат оваа форма на поблиска соработка помеѓу Македонија, Албанија и Србија, а Русија е на второ место после Бугарија…
Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Вестминстерската опатија во Лондон присуствуваше на државната погребна служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора. По службата, како што инфиормира неговиот кабинет, претседателот Пендаровски присуствуваше на приемот што го приреди Секретарот за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство, Џејмс Клеверли. Претседателот Пендаровски вчера во Вестминстерската сала оддаде почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, а во Ланкастер хаус се потпиша во книгата на жалост. Вчеравечер, претседателот Пендаровски во Бакингамската палата присуствуваше на приемот што за шефовите на делегациите го приреди Неговото Величество Кралот Чарлс Трети. На погребната…