Времето во утрински, вечерните и ноќните часови ќе биде студено, а преку ден сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умeрен ветар од, претежно, северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 1 до 12 степени, а максималната меѓу 16 и 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветар. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во текот на работната седмица времето ќе биде претежно стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд.