Author: Sashko

Франција е посветена на европската перспектива на Северна Македонија, напиша македонскиот премиер Димитар Ковачевски на Фејсбук по телефонскиот разговор што го имал попладнево со францускиот претседател, Емануел Макрон. „Нема време за губење и секое натамошно одложување на преговорите може да донесе регионални и безбедносни предизвици. Разговаравме и за нашите одлични билатерални односи и традиционалното пријателство меѓу двете земји, но и за интензивирањето на економската соработка која во изминатата година доби ново поглавје со влегувањето на Француската агенција за развој во Северна Македонија“, додаде Ковачевски во постот.  Премиерот Ковачевски ја искористил приликата да му честита на Макрон за победата на претседателските…

Read More

Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека силно ги поддржува барањата на Шведска и Финска за влез во НАТО, потег со кој, како што истакна, „дополнително ќе се зајакне меѓусебната соработка и ќе донесе корист за целата Алијанса“. Бајден рече дека САД ќе соработуваат со Финска и Шведска за да останат будни во случај на какви било закани за нивната заедничка безбедност, во време кога се разгледува приемот за членство на двете нордиски земји.

Read More

Најавената Конференција на француското претседателство за Западен Балкан ќе се одржи на 23 јуни со лидерите од регионот и од Европската Унија (ЕУ), јави дописничката на МИА од Брисел. Француското претседателство од самиот почеток најавуваше дека ќе организира посебен настан со шесте земји од регионот. Европскиот Совет (ЕС) потврди дека оваа конференција ќе се одржи на 23 јуни непосредно пред редовниот јунски ЕУ лидерски самит. Лидерите од шесте земји ќе бидат поканети на 23 јуни наутро да учествуваат на овој заеднички настан со лидерите на ЕУ, кои подоцна истиот ден ќе го отпочнат редовниот јунски самит. Во овој момент е…

Read More

Четириесет и една санкција за неисправност на возила со кои се врши јавен превоз на територијата на Македонија се изречени во акциска контрола на полицијата, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Шеснаесет од нив се санкционирани за неисправен уред за запирање, 14 поради неисправен уред за управување, како и други видови неисправности“, се вели во соопштението на МВР. Од МВР додаваат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбеден сообраќај.

Read More

Еврокомесарот за економија Паоло Џентилони денеска во интервју за ТВ „Раи њуз 24“ потврди дека одлуката за шестиот пакет на санкции на Европската Унија (ЕУ) против Русија е блокирана. „Многу брзо и едногласно усвоивме пет пакети на санкции, но одлуката за шестиот пакет сè уште е блокирана од познати причини“, изјави еврокомесарот за економија. Агенцијата ТАСС пренесува дека Џентилони, сепак, истакнал оти е оптимист за изгледите за изнаоѓање компромис за ова прашање.

Read More

Македонската Влада на денешната вонредна 46-та седница го овласти амбасадорот во НАТО, Дане Талески да изрази согласност за приемот на Шведска и Финска во Алијансата. „Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа вонредната, 46-та седница, и донесе одлука да го овласти постојаниот претставник на нашата земја во НАТО, амбасадорот Дане Талески да даде согласност за прием на Шведска и на Финска за членство во Алијансата“, се вели во соопштението на владината прес-служба. Шведска и Финска официјално ги доставија апликациите за членство во НАТО до генералниот секретар Јенс Столтенберг на онлајн видео-церемонија минатата недела. Попладнево, пак, неименуван претставник на Алијансата,…

Read More

Лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин, денеска изјави дека украинските команданти во челичарницата „Азовстал“ во Мариупол не се меѓу оние кои денеска го положија оружјето и се предадоа. И сепаратистите и руското Министерство за одбрана соопштија дека се предале 959 бранители на „Азовстал“. Некои беа пренесени во болниците, но повеќето беа однесени со автобуси во поранешна казнена колонија во сепаратистичкиот регион. „Во моментот ги нема највисоките команданти. Тие не се меѓу предадените војници“, рече Пушилин за медиумите од Доњецк.

Read More

Финска од оваа недела може да остане без испораки на руски гас, пред сè, поради барањето на Москва за плаќање на енергенсите во рубљи и денешното официјално барање на Хелсинки да се приклучи на НАТО, соопшти денеска компанијата „Гасум“, фински државен снабдувач со гас. „Гасум“ соопштува дека не добил никакви информации во врска со прекинот на испораката на гас од руската компанија „Газпром експорт“ или руската компанија за пренос на гас, но дека во тек се подготовки во случај Москва да го исклучи гасот до крајот на работната недела или во деновите од викендот. „Гасум ќе продолжи да се подготвува…

Read More

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ја потврди својата одлука за исфрлање на Русија и на Белорусија од натпреварувањата во сите возрасни категории под нејзина капа на неодредено време. Машките сениорски репрезентации на Русија и на Белорусија ќе бидат исфрлени од квалификациите за светското првенство, а сите нивни резултати досега во циклусот ќе бидат избришани. Нивните места нема да ги заземат други репрезентации. Женската кошаркарска репрезентација на Русија доби забрана за учество на Светското првенство во Австралија од 22 септември до 1 октомври. Двете земји се исфрлени и од кошаркарскиот формат 3х3 на ФИБА. Освен исфрлувањата, донесена е одлука дека ниту едно…

Read More

Неименуван претставник на НАТО изјави дека Турција ги блокираше пристапните преговори на Финска и на Шведска за членство во Северноатлантската алијанса, објави германската новинска агенција ДПА. Поради тоа Северноатлантскиот совет, раководно тело на НАТО, не можеше да донесе одлука за отпочнување на процесот на пристапување. Шведска и Финска официјално ги доставија апликациите за членство во НАТО до генералниот секретар Јенс Столтенберг на онлајн видео-церемонија минатата недела. Турскиот претседателот Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Анкара не може да прифати проширување на Алијансата, а притоа да ја загрози безбедноста на Турција. Тој ги обвинува Шведска и Финска дека го поддржуваат тероризмот.

Read More

Русија соопшти дека протерува вкупно 85 дипломати од Франција, од Шпанија и од Италија, како одговор на слични потези на тие земји, истакнувајќи дека односите со водечките членки на Европската Унија (ЕУ) се затегнати од почетокот на војната против Украина. Амбасадорите на Франција, на Италија и на Шпанија денеска биле повикани на разговор во руското Министерство за надворешни работи, каде и официјално се информирани за одлуките што ги донесе Москва. Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека протерува 34 членови на дипломатскиот персонал од Франција, 27 од Шпанија и 24 од Италија. Трите европски земји заедно протераа над 300…

Read More

Претседателот на Европскиот Совет (ЕС), Шарл Мишел денеска предложи формирање на европска геополитичка заедница која ќе придонесе за зближување и за зајакнување на соработката меѓу европските земји, вклучително и Западен Балкан, во решавањето на заедничките предизвици, промовирањето мир и стабилност и безбедноста на континентот. „Земјите од Западен Балкан, земјите кои се приклучуваат од нашето источно партнерство и другите европски земји со кои имаме блиски односи се првите на кои мислам. Лидерите на земјите кои би учествувале во овој проект ќе се состануваат најмалку двапати годишно, а надворешната политика би била најважната област на соработка во таа заедница“, рече Мишел. Во…

Read More