Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ја потврди својата одлука за исфрлање на Русија и на Белорусија од натпреварувањата во сите возрасни категории под нејзина капа на неодредено време.

Машките сениорски репрезентации на Русија и на Белорусија ќе бидат исфрлени од квалификациите за светското првенство, а сите нивни резултати досега во циклусот ќе бидат избришани. Нивните места нема да ги заземат други репрезентации.

Женската кошаркарска репрезентација на Русија доби забрана за учество на Светското првенство во Австралија од 22 септември до 1 октомври.

Двете земји се исфрлени и од кошаркарскиот формат 3х3 на ФИБА.

Освен исфрлувањата, донесена е одлука дека ниту едно натпреварување нема да може да се одржи во Русија и во Белорусија во наредниот период.