Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Едно лице загина, а седуммина се повредени при експлозија на барут за време на истовар на муниција во руска воена база во населбата Тејсин во областа Амур, регионот Хабаровск, изјави извор од Службата за вонредни ситуации за ТАСС. „Како резултат на експлозија на барут за време на истоварање муниција, седум лица се здобиле со полесни повреди. Едно лице го изгуби животот“, тврди изворот. Пожарникарите успеале за брзо време да го локализираат.
Утрово (8:30 часот) избувнал пожар во хемиската фабрика „Меламин“, во словенскиот град Кочевје на што претходела силна експлозија, информираат локални медиуми. „Служби за интервенција се наоѓаат на местото на несреќата, а затворен е главниот пат низ Кочевје“, соопштија од Полициската управа во Љубљана. Медиуми пишуваат дека густ црн чад се крева над градот. Според неофицијалните податоци на Радио Словенија, експлодирал бојлер. Од Управата за заштита и спасување информираа за над 10 повредени, меѓу кои едно лице се здобило со тешки изгореници.
Шерпаска од Непал го собори сопствениот рекорд како најуспешна жена планинарка која се искачила на Монт Еверест. Четириесет и осумгодишната Непалка денеска по десетти пат се искачи на највисокиот врв на светот. „Лакпа Шерпа со уште неколку алпинисти го искористија поволното време и рано утринава се искачија на врвот на надморска височина 8,849 метри“, како што изјави нејзиниот брат и организатор на експедицијата, Мингмпа Гелу, за тамошните медиуми. Иако по потекло од Непал, Лакпа живее со своите три деца во Западен Хартфорд, Конектикат, САД. Друг Непалец, Ками Рита во саботата по 26. пат се искачи на Монт Еверест, исто така…
Лидерите на Финска претпладнево објавија дека земјата и официјално ќе побара членство во НАТО што претставува голема промена во политиката на таа земја. Финска, која дели граница (1.300 километри) и тешко минато со Русија, постепено ја засили својата соработка со НАТО, откако Русија го анектира Крим во 2014 година. Но, скандинавската земја досега се воздржуваше од придружување во Алијансата, со цел да одржува пријателски односи со источниот сосед. По повеќедневна дебата за тоа намерата на Финска и официјално да влезе во НАТО, поради војната во Украина, конечната одлука е донесена денеска. Претседателот Саули Ниисто и премиерката Сана Марин денеска објавија…
Нацрт одлуката на американскиот Врховен суд за абортусот, што протече во јавноста овој месец, може да значи дека, судот, по него, ќе се сврти и кон истополовите бракови, правото на контрацепција и на другите права, изјави претседателот на САД, Џо Бајден. „Запомнете ги моите зборови: тие ќе тргнат и на одлуката на Врховниот суд за правото на истополови бракови“, нагласи Бајден на собир на донатори во Чикаго, додавајќи дека и контрацепцијата, исто така, ќе се најде на удар. „Таквите одлуки ќе бидат достапни за сите и ќе предизвикат дополнителни поделби во Соединетите Американски Држави. Ќе се расправаме за работи околу…
Американскиот Сенат го отфрли предлог законот со кој правото на абортус, заштитено со пресуда на Врховниот суд во случајот „Роу против Вејд“, ќе го претвори во федерален закон. „Републиканците го блокираа гласањето на законот со „филибастеринг“, односно право на неограничена дебата, што јасно ги покажа партиските поделби што постојат во врска со историската судска одлука и ограничувањата на законодавната гранка на власта“, пренесе „Гласот на Америка“. Тоа беше обид да се зачува, речиси, 50-годишната судска одлука со која се прогласува уставното право на абортус, што сега е во сериозна опасност да биде поништено во Врховниот суд од страна на конзервативното…
Северна Кореја официјално информираше за прв случај на коронавирус, објавија денеска државни медиуми, јави агенцијата ДПА. Тестирањето на жители на Пјонгјанг покажа инфекција со варијантата омикрон. Точниот број на лица со позитивен тест на ковид-19 не е соопштен. Владејачката Работничка партија одлучи да го префрли нивото на вонредна состојба на пандемијата на „максимално“ „и строго да ја контролира и командува севкупната работа за превенција на епидемијата во земјата“, пишуваат медиумите. Земјата досега не достави податоци за ниту една коронавирусна инфекција до Светската здравствена организација во Женева. На состанок на централниот комитет на Работничката партија, лидерот Ким Џонг Ун притисна официјални…
Кинески патнички авион утрово се излизга при полетување од пистата на аеродромот во Чонгчинг по што дојде до пожар, јавуваат кинеските државни медиуми. „Сите 122 лица во авионот „Ербас 319-115“ од кои 113 биле патници се евакуирани, а повредените се пренесени во болница“, пренесува агенцијата Синхуа. A plane veered off the runway during take-off and caught fire at an airport in SW China’s Chongqing on Thursday morning. 113 passengers and 9 crew members have been evacuated safely and some people slightly injured have been sent to hospital, said the Tibet Airlines. pic.twitter.com/FUZX3MSnfA — People’s Daily, China (@PDChina) May 12, 2022…
Организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“ во најновиот извештај наведува дека руските сили постојано користеле касетна муниција во нападите во кои загинале цивили и се оштетени домови, болници и училишта. „Украинските сили, исто така, користеле касетни бомби најмалку еднаш“, се вели во извештајот. „Хјуман рајтс воч“ документирала неколку руски напади врз населби во градовите Чернихив, Харков, Николаев и Вухледар. Во извештајот се вели дека двете страни мора да престанат да го користат овој вид муниција. „И Русија и Украина мора да се обврзат да пристапат кон меѓународниот договор за забрана на касетна муниција“, се вели во документот. Извештајот од 20 страници…
Финска денеска се очекува да ја соопшти одлуката дали ќе побара членство во НАТО, а Шведска најверојатно ќе го направи истото наскоро, пишуваат британски медиуми. „Според дипломати и официјални лица, Финска денеска ќе се изјасни за намерите да му се придружи на НАТО сојузот“, објави „Гардијан“. Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон вчера вети дека земјата ќе ги брани Шведска и Финска, доколку дојде до руска закана. Во Стокхолм и Хелсинки, Џонсон потпиша безбедносни договори. „Норвешка, Данска, Летонија, Естонија, Литванија се веќе во НАТО. Влезот на Финска и Шведска, најверојатно, ќе ја налути Москва. Земјата тврди оти зголемувањето на Алијансата…
Учесниците на регионалната конференција за млади #ThinkForward: YOUth ACTion NOW!, организирана од Делегацијата на ЕУ и Europe House и поддржана од Советот за регионална соработка (RCC) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) ќе ја преземат Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија за да презентираат решенија на прашања од три области пред премиерот Димитар Ковачевски и членовите на Владата, соопштија од Делегација на Европската Унија (ЕУ) во земјава. Делегацијата на ЕУ и Europe House оваа година го одбележуваат Денот на Европа во контекст на тоа што 2022 година е Европска година на младите. Триесет млади активисти и Млади…
Министерска конференција за Западен Балкан насловена „Укинување на бариерите за одржлив развој на туризмот“ ќе се одржи денеска во Тирана, во организација на Регионалниот совет за соработка (РСС). На конференцијата, ресорните министри од Западен Балкан, претставници од Европската комисија и други релевантни засегнати страни, на четири панели ќе расправаат за состојбите што ги остави пандемијата со ковид-19 во туризмот, како и за подобрување на деловната клима за одржливи инвестиции и на човечкиот капитал во туризмот. На првиот панел посветен на состојбите предизвикани од ковид-19 ќе се разговара за влијанието на имплементираните мерки, како и за оние кои допрва треба да…