Утрово (8:30 часот) избувнал пожар во хемиската фабрика „Меламин“, во словенскиот град Кочевје на што претходела силна експлозија, информираат локални медиуми.

„Служби за интервенција се наоѓаат на местото на несреќата, а затворен е главниот пат низ Кочевје“, соопштија од Полициската управа во Љубљана.

Медиуми пишуваат дека густ црн чад се крева над градот.

Според неофицијалните податоци на Радио Словенија, експлодирал бојлер.

Од Управата за заштита и спасување информираа за над 10 повредени, меѓу кои едно лице се здобило со тешки изгореници.