Author: Sashko

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Слично време се очекува и во Скопје со утрински температури до 8 степени и дневни до 25 степени. Во следните денови ќе преовладува сончево и потопло време, со ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Понестабилно време се очекува во сабота.

Read More

Рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андреев денеска беше полеан со црвена боја за време на церемонијата на полагање на цвеќе во Варшава. Тој беше нападнат додека оддаваше почит на војниците на Црвената армија кои ги загубија животите за време на Втората светска војна. На снимката на социјалните мрежи се гледа како Андреев е опколен од група демонстранти со украински знамиња на 9 мај, денот што Русија и неколку други земји го слават како пораз на нацистичка Германија и нејзините сојузници. The Russian ambassador to Poland was doused with red paint during an attempt to lay flowers at the cemetery of…

Read More

Пола од сите претставки што биле поднесени до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) во првите три месеци од 2022 година се однесувале на областа на јавно информирање и медиуми и најчесто се поради вознемирување на социјалните мрежи. Најтежок, пак, облик на дискриминација во првиот квартал од годинава е случајот со 11-годишната ученичка со посебни потреби во ОУ „Братство“ во Гостивар, за кој Комисијата утврдила сегрегација, постапувајќи по службена должност. КСЗД постапувала по 95 претставки во периодот од јануари до крајот на март, од кои 57 биле поднесени за тој квартал. Игор Јадровски, член на Комисијата, рече дека…

Read More

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата предаде 10 нови Дачии за полициските служби при Министерството за внатрешни работи (МВР). Тоа, според министерот Оливер Спасовски, е уште еден од мноштвото докази за заедничкиот и, пред сè, партнерски однос што две институции го имаат изградено и негувано со децении наназад во сферата на сообраќајната безбедност. „Ланската година заврши со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години. Најголемо намалување на сообраќајните незгоди е забележано на подрачјето на СВР Скопје, како подрачје со најголема фреквенција на возила. Трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните незгоди продолжува и…

Read More

Вандализам врз ормарите за уличното осветлување од непознати сторители била причината за прекин на електричната енергија вчеравечер во Градски парк, соопштија од Град Скопје од каде остро го осудија таквиот чин. „По реакција од чуварските служби на Град Скопје оти во Градски парк вчеравечер немало улично осветлување, надлежните градски екипи веднаш излегоа на терен во увид и во рок од 15-тина минути го санираа проблемот. При увидот е утврдено дека непознати сторители насилно ги отвориле кутиите (орманчиња) за електрична енергија кај ЗОО Скопје и во близина на споменикот на Гоце Делчев, а осигурувачите биле исклучени. По истото е веднаш постапено…

Read More

Министерството за транспорт и врски со најавениот ребаланс на Буџетот ќе бара дополнителни 300 милиони денари за доизградба на гасоводна инфраструктура, ставка кај која, според ресорниот министер Благоја Бочварски, се бележи доста добра реализација. Дополнителни пари, овој ресор ќе бара за сите области каде има добра реализација на капиталните инвестиции. Бочварски денеска изјави дека со ребалансот на Буџетот очекува Министерството за транспорт во најголем дел да ги задржи средствата за изградба на инфраструктура и до крајот на годината да го подигне процентот на реализација на капитални инвестиции. „Околу 300 милиони денари ќе побараме дополнително за доизградба на гасоводите, бидејќи таму ќе…

Read More

Ирската рок ѕвезда и фронтмен на групата U2, Боно Вокс имаше изненадувачки настап на метро станица во центарот на Киев, изведувајќи хитови како што се Sunday Bloody Sunday, Desire и With or Without You. Боно, исто така, пееше заедно со Тарас Тополиа, пејачот на популарниот локален бенд Антитила, кој го повика светот да ја поддржи Украина во услови на континуирани руски напади врз земјата.

Read More

Најмалку 226 деца се убиени од почетокот на руската инвазија врз Украина, а уште 415 се повредени, тврдат обвинители. Канцеларијата на главниот обвинител на Украина објави дека најмногу деца настрадале во регионот на Доњецк во кој досега се убиени 139. Тие тврдат дека бројките не се конечни, поради борбените дејствија што се во тек.

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази благодарност до земјите од групата Г7 кои ветија засилена изолација на руската економија. „Главната работа што ја почувствував е уште поголема подготвеност и решителност на светот да ни помогне“, рече тој. „На целиот слободарски свет му е јасно дека украинската страна е добра во оваа војна. А, Русија ќе загуби, злото секогаш губи“, изјави Зеленски.

Read More

Членовите на грчката партија Движење на промена, одлучија во името на партијата да се врати и зборот „ПАСОК“ како и стариот партиски симбол, зеленото сонце, јави дописничката на МИА од Атина. Над 170.000 членови на вчерашните внатре партиски избори за делегати во пресрет на Конгресот за две седмици, меѓу другото гласаа и за ново име на партија. Првата опција беше актуелното име „Движење на промена“ со актуелниот симбол, додека пак втората опција беше комбинација од старото и новото име, односно „ПАСОК – Движење на промена“, пропратено со симболот на ПАСОК, зелено сонце. Лидерот на партијата Никос Андрулакис рече дека граѓаните…

Read More

Зградите на Европската Унија (ЕУ) во Брисел се осветлени во боите на украинското знаме по повод Денот на Европа. „Ние сме со Украина и нејзиниот народ во нивната борба за слобода, мир и демократија: истите вредности врз кои беше изградена ЕУ пред 72 години“, напиша Европската служба за надворешни работи на Твитер. Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен на својот Твитер профил напиша дека зградите на ЕУ, во пресрет на Денот на Европа, блескаат во боите на украинското знаме. „Тие блескаат исто како нашата надеж да видиме враќање на мирот во Европа. И да започнеме да градиме…

Read More