Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ денеска потврди дека очекува силен раст на приходите во 2022 година поради најавените инвестиции на Бундесверот и војната во Украина по стагнацијата што ја забележа во првиот квартал. Нивниот приход бил на ниво на истиот период лани и изнесувал 1,3 милијарди евра. Консолидираната оперативна добивка пораснала за 10 отсто, односно на 92 милиони евра, а нето добивката порасна за 52 отсто на 61 милион евра. Побарувачката се зголеми за четири пати во одделот за артилерија и за муниција, достигнувајќи 1,1 милијарда евра, пред сè благодарение на големата нарачка на муниција од Унгарија, вредна неколку стотици…
Фудбалерите на Рома и на Феенорд ќе бидат актери во првото финале на новоформираната Лига на конференции, откако вечерва го елиминираа Лестер, односно Олимпик Марсеј во реванш полуфиналните мечеви. „Римската волчица“ го совлада Лестер со 1:0 и со вкупни 2:1 си обезбеди место во мечот за титулата. Холандскиот претставник, пак, успеа да ги сочува почетните 0:0 на „Велодром“ во Марсеј и по триумфот со 3:2 во Ротердам се пласира во големото финале. Финалето во Лигата на конференции е на 25 мај во Тирана.
Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов ренџерс ќе играат во финалето во Лига Европа на 18 мај во Севилја. Бундеслигашот вечерва го совлада Вест Хем и на домашен терен со 1:0, откако и во првиот меч славеше со 2:1. Ренџерси, пак, пред своите навивачи го поразија Лајпциг со 3:1 и на тој начин ја анулираа негативата од 0:1 од првата средба.
Најмалку три лица се убиени, а четири се ранети од кои двајца се наоѓаат во тешка состојба во напад со нож што се случи вечерва во градот Елад во близина на Тел Авив, соопштија израелски лекари. Полицијата се сомнева дека зад нападот стои екстремист кој побегнал со возило од местото на крвавиот настан. #Israel #Palestine: Zaka: “Next to Elad, this is a terrorist who attacked passers-by with an ax and a knife. Magen David Adom teams treat a number of seriously injured people.” pic.twitter.com/50XQQgzemC — Heedo Abu Laban | عبد الحميد | (@HeedoAbuLaban) May 5, 2022 Безбедносните сили поставија блокади…
Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА) ги предупреди авиокомпаниите на зголемен ризик поради војната во Украина. Европскиот регулатор во соопштението наведува дека цивилните авиони може да бидат нападнати по грешка, а авиокомпаниите би можеле да бидат цел на сајбер напади додека Украина е во војна. „Како што видовме во претходните војни, погрешната идентификација е лесно можна во збунувачки услови на војна“, наведува ЕАСА. Во 2014 година, патнички авион на „Малезија ерлајнс“ се урна над источна Украина, каде и тогаш имаше конфликти, откако беше погоден со проектил од типот Бук, произведен во Русија. „Ако на тоа ја додадеме веројатноста за напади…
Одбојкарките на Работнички го освоија шампионскиот трофеј и ја завршија сезоната со двојна круна, откако вечерва на домашен терен со максимални 3:0 ја совладаа екипата на Јанта Волеј во решавачкиот петти натпревар од разигрувањето за титулата во Првата македонска женска одбојкарска лига. Финалната серија почна со две победи во низа на Јанта Волеј, но Работнички направи целосен пресврт и ја завери шампионската титула со триумф во мајсторката пред своите гледачи.
Воведување на шахот во училишната настава од следната учебна година беше тема на разговор на денешната средба на раководството на Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) предводена од претседателот Саша Богдановиќ со претставници на Министерството за образование и наука (МОН). Првиот човек на ШФМ изрази задоволство од разговорите и изрази надеж дека иницијативата би можела да се реализира од септември. „На состанокот во Министерство за образование и наука добивме поддршка и насоки за следните чекори што треба да ги преземеме и на кои начини може да се воведе шахот во училиштата во прво, второ и/или четврто одделение. Се надеваме на добри…
Претседавачот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, денеска ги повика хрватските власти да престанат да се мешаат во внатрешните работи на неговата земја. По церемонијата во чест на убиените деца во Сараево за време на српската опсада на градот од 1992 до 1995 година, Џаферовиќ изјави дека не сака да полемизира со оние кои често ја коментираат ситуацијата во БиХ, „бидејќи тоа само дополнително придонесува за нејзино влошување“ и ги повика соседите да ја „остават на мир“ неговата земја. „Ги советувам нашите соседи, вклучително и Република Хрватска, да ја остават БиХ на мир. Ќе ги регулираме нашите односи онака како…
Најавената блокада на Собранието од ВМРО-ДПМНЕ во услови на најголемата светска криза е грозоморно, истакна премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21. „Оној кој мисли само на својот личен рејтинг и кој мисли само кога ќе бидат наредните избори не е лидер. Лидери се оние луѓе кои носат одлуки и кои решаваат прашања што ги афектираат идните генерации и благосостојбата на граѓаните, како и справувањето со најголемите проблеми со кои тие се соочуваат, истакна Ковачевски. https://www.youtube.com/watch?v=yDdKLtI5Zrw Затоа тој го оценува потегот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски „како нешто најнеодговорно што може некој да го направи во…
Над 500 килограми кокаин, за кој се проценува дека вреди повеќе од 50 милиони швајцарски франци, се пронајдени во контејнер со вреќи со зрна кафе наменети за фабриката „Неспресо“ во градот Ромонт во западна Швајцарија, соопшти денеска локалната полиција. Како што се наведува, фабриката „Неспресо“, синоќа ја известила полицијата дека персоналот пронашол „недефинирана бела материја“ при истовар на вреќи со зрна кафе кои штотуку пристигнале од Бразил, а анализите покажале дека се работи за кокаин. „Супстанцата за која станува збор не дојде во контакт со ниту еден од нашите производи или со производствената опрема што се користи за производство на…
Северна Кореја распореди владини официјални лица, вработени во компании и фабрики, да работат на фарми низ земјата, со цел да се спречат загубите, поради сушата. „Тие се придружија на борбата во регионите погодени од сушата. Штом пристигнаа, почнаа да наводнуваат, работејќи со фармерите и борејќи се со природата“, објави „Родонг Синмун“, официјален весник на владејачката Работничка партија. Северна Кореја е под меѓународни санкции поради забранетите програми за вооружување и има хроничен недостиг на храна. Многу е чувствителна на природни катастрофи, како поплави и суша, поради недостаток на инфраструктура, уништување на шуми и децениско лошо управување со државата, пишуваат странски медиуми.
Во интервју за телевизијата Канал 5, претседателот Стево Пендаровски оцени дека јазот меѓу власта и опозицијата е длабок и невозможно e тие да се договараат за било какво прашање. Притоа откри дека имал неуспешен обид да ги собере на заедничко гледање на фудбалскиот натпревар Македонија-Португалија. „Имав обид да ги викнам да гледаме заедно фудбал, но од опозицијата ми одговорија дека веќе имаат договорено групно гледање фудбал на друга локација”, рече Пендаровски, илустрирајќи дека двете партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле подалеку во своите политички гледишта. „Ако не можете да договорите заедничко гледање фудбал, како тогаш ќе договорите средба за…