Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Северна Македонија и Албанија ги задоволија условите за почеток на преговорите, двете земји работат напорно за имплементација на потребните реформи и затоа заслужуваат што поскоро да одржат меѓувладини конференции со Европската Унија (ЕУ), изјавија за МИА денеска од Амбасадата на САД во Скопје. Изјавата дојде како одговор на прашањето – како САД реагираат на постапката на бугарската влада со отворање во Битола на културен центар со назив „Ванчо Михајлов“, контраверзна личност во земјава пред сѐ затоа што соработувал со нацистичка Германија од времето на Втората светска војна. Во врска со тоа, САД повикаа на брзо решавање на билатералниот спор меѓу…
Апсолутно не сме задоволни и ќе ја обжалиме пресудата во законскиот рок, кога ќе го добиеме писмениот оправок и кога ќе ги анализираме причините поради кои е донесена пресудата, изјави адвокатот Звонко Давидовиќ, по денешната пресуда за случајот „Плацови на Водно“, во која на Сашо Мијалков му беше изречена казна затвор од една година за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”. „Судијата ги наброја причините и на неколкупати згреши. Еве конкретно ниту еден предмет, зборувам за мојот клиент, ниту еден предмет не е правосилно завршен, па тоа што се во тек постапки не значи…
Со пресудата на првостепениот суд, во целост се потврди тезата на Обвинителството дека обвинетиот Никола Груевски и останатите обвинети, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Јордан Камчев и Ристо Новачевски, го сториле кривичното дело „перење пари“ и други приноси од казниво дело, обвинетиот Никола Груевски го сторил кривичното дело „противправно стекнување и прикривање имот“, изјави обвинителката Лиле Стефанова. Таа смета оти Обвинителството во овој случај, како што рече, „понуди и беа изведени квалитетни докази од кои во целост се докажа диспозитивот на обвинителниот акт“. „Во однос на обвинетиот Никола Груевски, се покажа дека додека бил премиер дејствувал коруптивно, стекнувал имот чие потекло…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, во разговор за француската телевизија BFMTV, ја спореди руската блокада на илјадници цивили во разурнатиот Мариупол со терористичка операција. Имено, украинските команданти на терен тврдат дека руските сили не го почитувале прекинот на огнот за да ги отворат коридорите за евакуација и продолжиле да го бомбардираат градот. „Мариупол е целосно уништен од неколкунеделното руско бомбардирање и гранатирање. Десетици илјади цивили, кои живеат во нехумани услови, сè уште чекаат евакуација“, соопштија украинските власти. Вчера, по серијата неуспешни обиди за евакуација, четири автобуси полни со цивили го напуштија Мариупол, но тоа беше само мал дел од оние…
Секој загубен ден и час од образовниот процес е на директна штета на учениците и никој не може да ги надомести. Затоа, Министерстевото за образование и наука ја поздравува иницијативата од Советот на СОНК за интензивирање на преговорите за зголемувањето на платите на наставниците но не и одлуката да се продолжи со штрајк, се наведува во соопштението од МОН по денешната одлука на Советот на СОНК да не ги прифати заклучоците од вчерашната седница на Владата, и да продолжи штрајкот се додека не се постигне договор по спорните прашања. Според МОН, неодговорно е да се инсистира на продолжување со прекинот…
Американското Министерство за одбрана го собра новинарите на нов брифинг на кој портпаролот на Пентагон, Џон Кирби ја демантираше сопствената изјава што ја даде вчера за испорака на борбени авиони на Украина. Кирби вчера рече дека Украинците „примиле дополнителен број на авиони и делови за авиони“ и дека станува збор за помош за Украина да има што повеќе летала во воздух. Притоа одби да открие кој сојузник ѝ испорачал авиони на Украина, но нагласи дека тоа не се САД. Рече дека американската војска не испорачала авиони на Украина. Во исправка на сопствената изјава, Кирби денеска рече дека Украина резервни делови…
Министерството за надворешни работи се јави со реакција за појавените информации за промена во начинот на кој Република Северна Македонија се именува или обележува во НАТО кои според МНР преставуваат тенденциозна шпекулација наменета за нарушување на угледот и на земјата и на Алијансата. „Според правилата на НАТО, кои се донесени далеку пред нашето членство, за протоколарни потреби земјите се означуваат со целосните имиња и тоа соодветно на транскрипцијата во англиската азбука (English Alphanumerical), освен кога тоа е технички неизводливо. Со цел да не се промени редоследот, земјите – членки се одбележуваат со првите две букви од името на земјата, и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не знае дека постои документ, ниту видел документ во врска со мировни преговори што Кремљ вели дека го испратиле во Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека на 15 парил бил испратен нацрт мировен договор до украинските власти, но дека сè уште не добиле одговор. „Топката е во нивно поле, Русија чека одговор“, изјави Песков.
Со одлуката за продолжување на штрајкот, СОНК повторно ги става личните интереси пред интересите на децата и учениците. Затворените градинки и училишта не носат ништо добро за учениците и децата, ниту за родителите кои не можат да ги згрижат своите деца во градинките, стои во соопштението на Министерството за труд и социјална политика по денешната одлука на Советот на СОНК да не ги прифати заклучоците од вчерашната седница на Владата, и да продолжи штрајкот се додека не се договори со МОН и МТСП и не биде потпишана спогодба со која ќе бидат опфатени сите спорни прашања. „Ги повикуваме СОНК уште…
Официјалниот фотограф на Емануел Макрон објави неколку фотографии од „зад кулисите“ пред вториот круг на претседателските избори во Франција. На една од сликите, сегашниот претседател позира во лежерно издание со раскопчана кошула, а во преден план се неговите влакнести град. Според некои медиуми, Макрон со ова сака да ги привлече младите гласачки и гласачи, кои во првиот круг најмногу ја поддржаа неговата противкандидатка, десничарската политичарка Марин Ле Пен. „Кој би помислил. Макрон има вистински „љубовен тепих“ на градите. Победата сега е загарантирана, бидејќи ова го открива неговото тајно оружје во пресрет на конечната пресметка“, „Овие влакнести гради се фотошоп“, „Боже,…
Познатиот македонски уметник со светско реноме Киро Урдин денеска е одликуван со орден „Витез во редот на уметноста и книжевноста“ на Француската Република, за придонес во развојот на пријателството и културните врски меѓу Франција и С Македонија. На свеченоста во француската резиденција во Скопје во присуство на негови блиски, пријатели и почитувачи, орденот на Урдин му го врачи амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер, кој се осврна на неговиот плодотворен и уникатен творечки пат. „Со оглед дека вие секогаш на големо ги гледате работите, вашето најпознато дело до овој ден е „Планетариум“, слика масло на платно која се протега на…
Откако вчера не одговори на прашањето, Европската Комисија денеска испрати кус коментар за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, јави дописничката на МИА од Брисел. Вчера беше побара реакција од Европската Комисија за посетата на бугарската владина на овој клуб со контроверзно име во Битола и за изјавите за нова блокада на ЕУ процесот поради билатерални спорови, но одговор доби само за вториот дел. Денеска од Европската Комисија испратија кус коментар за името на клубот, но без осуда. „Од блиску ги следиме настаните, како и одговорите на настаните. Свесни сме дека отворањето на бугарскиот културен клуб во Битола именуван…