Американското Министерство за одбрана го собра новинарите на нов брифинг на кој портпаролот на Пентагон, Џон Кирби ја демантираше сопствената изјава што ја даде вчера за испорака на борбени авиони на Украина.

Кирби вчера рече дека Украинците „примиле дополнителен број на авиони и делови за авиони“ и дека станува збор за помош за Украина да има што повеќе летала во воздух.

Притоа одби да открие кој сојузник ѝ испорачал авиони на Украина, но нагласи дека тоа не се САД. Рече дека американската војска не испорачала авиони на Украина.

Во исправка на сопствената изјава, Кирби денеска рече дека Украина резервни делови за авиони од САД и сојузниците, но не и цели авиони.