Author: Sashko

Русија во Донбас, на истокот на Украина, распореди до 20.000 платеници од Сирија и од Либија, но и од други земји, тврди службеник од Европската Унија (ЕУ). „Платениците се пратени во борба без тешка опрема и оклопни возила. Се користат како пешадија против украинските сили“, додаде тој, пренесува „Гардијан“. Вели дека платениците биле регрутирани од Вагнер групата, чиј организатор наводно се наоѓа во Донбас.

Read More

Американскиот претседател, Џо Бајден му кажал на поранешниот претседател, Барак Обама дека планира да се кандидира за втор претседателски мандат во САД на изборите во 2024 година, објави весникот „Хил“, повикувајќи се на свои извори. „Тоа е последната индикација дека Бајден планира да се кандидира за втор мандат“, пишува весникот. Белата куќа одби да го коментира текстот, наведува весникот, а советникот на Бајден додаде дека самиот претседател јавно изјавил оти планира да се кандидира за втор мандат. Весникот пишува дека плановите на Бајден да се кандидира за реизбор може да бидат спречени само поради неговиот низок рејтинг. Според неодамнешната анкета…

Read More

Владата на денешната 40. седница го разреши Стево Крстевски од должноста директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) на Република Северна Македонија, а за вршител на должноста директор на ФЗОРСМ ја именува Магдалена Филиповска –-Грашкоска, која е разрешена од должноста претседател на Инспекцискиот совет. За в.д. претседател на Инспекцискиот совет, пак, е именувана Даниела Рендевска.

Read More

Владата на денешната седница го разреши Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Пошта на Северна Македонија“ на негово место, како дел од кадровските промени, доаѓа Васко Стефанов кој, пак, беше разрешен од функцијата заменик-директор на Агенцијата за вработување. „На денешната седница Владата одлучуваше и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор и на оваа позиција го избере Васко Стефанов кој е разрешен…

Read More

Вработени во Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, М.С., А.Д., Л.И., В.Т., Н.М. и Н.Ќ. сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за внатрешни работи. „Во период од 18 декември минатата година до 21 февруари оваа година, тие изготвувале службени белешки и наредби за работа подолга од полното работно време во кои го допишувале првопријавениот, иако знаеле дека не бил присутен при преземањето на службени дејствија во случаите на кои биле ангажирани и на тој начин го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи“, се вели во соопштението. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Read More

Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска се сретна со американските сенатори од Одборот за надворешни работи, Крис Марфи и Џин Шејхин, како и со сенаторот од Одборот за вооружени сили, Том Тилис со кои разговараше за билатералната соработка, европската интеграција на Србија, ситуацијата во регионот, енергетиката и кризата во Украина, јави дописникот на МИА од Белград. „Зборувајќи за ситуацијата во регионот, претседателот Вучиќ истакна дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, како и на Република Српска во рамките на БиХ. Тој додаде дека за Србија е од клучен интерес да ја зачува стабилноста во регионот и да ја…

Read More

Владата на денешната седница ги задолжила министерствата за образование и наука, зa труд и социјална политика и за финансии да предвидат средства за зголемување на платите на вработените во образованието и градинките за 10 проценти со ребалансот на Буџетот. Од Владата го повикуваат Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) да го прифати ова покачување и, како што посочуваат, во интерес на децата да продолжи образовниот и згрижувачкиот процес. „Владата формираше работна група во која се вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за образование и наука, Јетон…

Read More

Актуелниот претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов ќе продолжи да ја извршува функцијата и покрај неодамнешните најави за негово повлекување. На денешната седница на Управниот одбор на РФМ, тој ги информира присутните дека последните случувањата во македонскиот ракомет го премислиле и дека останува со посветена работа да се постигнат нови успеси. „Пред неколку месеци најавив повлекување од претседателското место во РФМ и оставање простор за нови луѓе кои ќе ја предводат федерацијата. Сепак, по последните настани, по сета оваа енергија која ја имаме во ракометот. Мислам дека периодов не е најповолен за повлекување. Ни следуваат обврски како…

Read More

Русија денеска протера 15 холандски и неодреден број на белгиски дипломати, прогласувајќи ги „персона нон грата“, јави турската агенција „Анадолија“. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека станува збор за 14 вработени во холандската амбасада во Москва и еден вработен во холандскиот конзулат во Санкт Петербург. Дипломатите имаат рок од два дена да ја напуштат Русија. „Овој чекор е преземен како одговор на протерувањето од 29 март на 18 вработени во руската амбасада во Хаг, руската трговска мисија во Амстердам и руската мисија во Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW), соопшти Министерството. Во соопштението се додава дека Холандија не…

Read More

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов денеска за „Би-Би-Си“ изјави дека е убеден оти украинските сили ќе успеат да го одбранат градот. „Најмалку три лица загинаа, а 16 се ранети во денешното гранатирање на вториот по големина град во Украина“, изјави регионалниот гувернер. „Верувам дека ќе го одбраниме Харков. Нема да му дадеме шанса на рускиот агресор да го преземе, тоа е многу важно за нас“, изјави градоначалникот Терехов. Тој додаде дека руската офанзива се изведува и напредува од север. „Колку што знам, таму се водат жестоки битки и украинските сили успешно го одбиваат непријателот“, рече градоначалникот на Харков, Игор Терехов.

Read More

Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека руската армија го прекинала огнот и отворила хуманитарен коридор преку кој украинските борци кои доброволно го положиле оружјето може да ја напуштат фабриката Азовстал во Мариупол. „За таа цел, во 14 часот беше воведен „режим на целосен молк“, прекинати сите акции на руските вооружени сили и формацијата на самопрогласената Доњецка Народна Република по целиот периметар на Азовстал, а единиците беа повлечени на безбедно растојание“, рече генерал полковник Михаил Мизинцев, началник на Центарот за контрола на националната одбрана. Руската армија соопшти дека ќе ги гарантира животите на сите украински војници кои ќе го…

Read More

Унгарија нема да испорачува оружје за Украина, бидејќи сака да избегне инциденти во близина на својата граница слични на оној во близина на Лвов, кога руската армија уништи контингент со странско оружје за украинската армија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. „Најважна работа за нас е безбедноста на Унгарија и ќе направиме сè што е можно да спречиме вклучување на нашата земја во војната“, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со неговиот турски колега, Мевлут Чауавушоглу во Анкара. Тој повтори дека унгарската Влада одби да испорача оружје на Украина и не дозволи транспорт на оружје за украинската армија…

Read More