Author: Sashko

Сите санкции со кои треба да се наруши протокот на руски гас кон Запад мора да бидат добро обмислени, во спротивно оние кои воведуваат санкции би можеле да страдаат повеќе од санкционираните, велат германски бизнисмени и синдикални лидери. Како што е наведено, прашањето дали да се воведе ембарго на руската нафта ја вознемирува Европа. Од една страна, некои земји сакаат да купат руска нафта и гас и да ѝ платат на земјата што ја нападна Украина. Но, од друга страна, голем дел од Европа не е сигурен како да ги загрее своите домови и да ја води својата економија без…

Read More

Ванчо Михајлов е историска личност која негативно се доживува кај Македонците поради неговите негаторски ставови за македонската нација. Именувањето на клубот при бугарскиот културен центар во Битола според него е арогантна и смислена провикација, вели копретседателот на мешовитата историска комисија, Драги Ѓорѓиев во изјава на ТВ Канал 5. „Именувањето на клубот е чин кој е спротивен на пријателство, нема никаква врска со културата и ги минира и последните надежи за пристоен дијалог меѓу двете земји. На овој начин се минираат и сè потивките гласови на разумот од двете страни, но претставува и злоупотреба на културата, како една од ретките сфери на…

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе победи во вториот круг на претседателските избори со 56 отсто добиени гласови, покажуваат денеска објавените анкети. Според резултатите од анкетата што ја спроведе Ипсос-Сопра Стериа за потребите на неколку француски медиуми, противкандидатката Марин ле Пен во вториот круг би освоила 44 отсто од гласовите. Истражувањето е спроведено од 15 до 18 април на примерок од 1.682 испитаници на возраст над 18 години, се наведува на интернет страницата на Ипсос- Сопра Стерија.

Read More

Трговските центри „Галерија“, „Меркатор“ и „Рајичева“ во Белград и „Делта планет“ во Ниш денеска се евакуирани поради дојава за бомба, јави дописникот на МИА од Белград. „Контрадиверзантски екипи моментно се влезени во трговските центри „Галерија“-(Белград на вода), „Меркатор“ (Нов Белград) и „Рајичева“ (најстрогиот центар на Белград)“, изјавија од српското Министерство за внатрешни работи. Исто така, околу 14 часот нишката полиција добила анонимна дојава дека во трговскиот центар „Делта планет“ била поставена бомба. Трговскиот центар бил веднаш евакуиран. Во тек се увиди на објектите.

Read More

Политичкиот коментатор од Москва и поранешен близок советник на претседателот Владимир Путин за „Би-Би-Си“ тврди дека легендарниот руски воен брод „Москва“ потона како последица на погодок со НАТО ракета која во Украина била префрлена во јануари. За време на интервјуто за „Би-Би-Си Радио 4“, тој призна дека загубата на бродот е неуспех за руската војска, но тоа дошло затоа што Русија не се бори само со Украина, туку и со „коалицијата на големи држави“ предводена од САД. Крстосувачот „Москва“, потсетуваме, потона минатата недела во Црното Море. Точните околности под кои потона 186 метри долгиот брод, како и точното време кога…

Read More

Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов вечерва го одиграа последниот натпревар за македонската ракометна репрезентација. И ќе го паметат по убаво прошталниот меч, бидејќи учествуваа во триумфот на „црвено-жолтите“ против Чешка со 27:25 за осми нивни пласман на Светските првенства, во случајот на турнирот во 2023 година чии ко-домаќини ќе бидат Полска и Шведска. „Ова беше натпревар полн со емоции за мене, бидејќи го играв последниот меч за македонската репрезентација која премногу ми значеше. Но, најважно е дека победивме, ја остваривме целта и се пласиравме на Светското првенство. Ми претставуваше голема чест што 20 години играв за Македонија и во секој…

Read More

Македонската ракометна репрезентација го обезбеди своето осмо учество на Светските првенства, откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ја совлада Чешка со 27:25. „Црвено-жолтите“ кои беа френетично бодрени од околу 7.000 навивачи, ја исполнија целта која се однесуваше на пласман на Мундијалот и континуитет на големите натпреварувања. Овој меч ќе остане запишан во историјата на македонскиот ракомет и по завршувањето на репрезентативната кариера на Филип Миркуловски, додека Лазаров за кога имаше таква најава, останува уште некој период активен репрезентативец. На првиот меч одигран пред четири дена во Злин, резултатот беше нерешен 24:24.

Read More

Чеченските борци под команда на Рамзан Кадиров денеска слават пред челичарницата „Иљича“ во опколениот и разурнат Мариупол. Тие во градот делуваат заедно со силите на проруските сепаратисти и руската војска која се обидува да го заземе Азовстал, големата челичарница во која се наоѓаат преостанатите бранители на Мариупол – баталјонот Азов и украински маринци. Денеска, како што тврдат руски извори, Чеченците и проруските сепаратисти ја зазедоа челичарницата „Иљича“ и пред неа развоирија знамиња со ликот на Рамзан Кадиров. „Ситуацијата на првата линија е тензична, но ние константно напредуваме. Веќе влегуваме во челичарницата Азовстал. Другата челичарница е практично наша. Примирје ќе нема.…

Read More

Украина соопшти дека од почетокот на инвазијата се убиени 20.300 руски војници и уништени се 2.002 руски оклопни возила, 146 хеликоптери и 773 тенкови. Минатиот месец Русија тврдеше дека 1.351 руски војник загинале во Украина, додека НАТО на 24 март процени дека биле убиени до 15.000 руски војници. Украинското МНР соопшти дека се уништени 165 руски авиони, 148 дронови, осум бродови и 66 противвоздушни системи.

Read More

Банкротот на Русија е само прашање на време, а со оваа војна рускиот претседател Владимир Путин ја уништува сопствената држава и иднината на нејзиниот народ, изјави претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен. Таа во интервју за германскиот весник „Билд“ рече дека санкциите секоја недела навлегуваат подлабоко во руската економија и оти извозот во Русија паднал за 70 проценти. „Седумстотини руски авиони ги загубија своите лиценци поради недостиг на резервни делови и ажурирања на софтверот. Стотици големи компании и илјадници експерти и го вртат грбот на таа земја. Според сегашните прогнози, бруто домашниот производ на Русија ќе падне…

Read More

Банкротот на Русија може да предизвика хиперинфлација и банкрот на Европа, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев по повод тврдењето на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека „банкротот на Русија е само прашање на време“. „Банкротот на Русија може да предизвика банкрот на Европа, морален и материјален“, напиша Медведев на Телеграм, додавајќи дека финансискиот систем на ЕУ не е толку стабилен и оти граѓаните ја губат довербата. Медведев смета и дека властите на ЕУ треба да очекуваат „голема благодарност од Европејците за хиперинфлацијата за која не може да се обвинува Русија, за недостигот на основни прехранбени производи во…

Read More

Седум здруженија на Македонците од Бугарија, но и гости од земјава и странство, денеска присуствуваа во Мелник, на одбележување на 107 години од смртта на Јане Сандански. Собирот, како што истакнуваат од македонското здружение „ОМО Илиден Пирин“, минал во мирна атмосфера и изразуваат задоволство од масовноста. Жалат што бугарската полиција не дозволила користење на озвучување, но генерално се задоволни од соработката со локалните власти. Објавена е заедничка Декларација со 12 точки, меѓу кои и повик до бугарските власти за почитување на одлуките на Судот во Стразбур и, конечно, да дозволат регистрација на здруженија и партии на Македонците во Бугарија, но…

Read More