Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Хрватска ја заврши истрагата за леталото кое пред неполн месец падна во Загреб. Дронот кој ги вознемири загрепчани бил доработен и со себе носел бомба наместо вградена камера, објави хрватска Нова ТВ. Жупаниското државно обвинителство во Загреб издаде налог за повеќе видови на вештачења, а побарано е мислење и од воздухопловно-техничката струка. Загрепското жупаниско државно обвинителство уште кон крајот на март соопшти дека со балистичко вештачење на металните фрагменти на воениот дрон било утврдено дека станува збор за авиобомба со запалка, но тогаш сè уште не можеше да се донесе конечен заклучок за трагите на експлозивот. Паралелно со истрагата, во…
Шефицата на грчката држава Катерина Сакеларопулу е позитивна на ковид-19, соопштија од претседателската палата од каде додаваат дека таа е со благи симптоми и моментно е во карантин во нејзиниот дом. По направен молекуларен тест, Сакеларопулу добила позитивен резултат по што ги одложила сите закажани активности. Грчката претседателка е вакцинирана со три дози од вакцината.
Актерот и сценски комичар Гилберт Готфрид почина на 67-годишна возраст. Тажната вест ја потврди неговото семејство. „Со скршено срце објавуваме дека нашиот сакан Гилберт Готфрид почина по долго боледување. Покрај тоа што беше најпознатиот глас во комедијата, Гилберт беше и прекрасен сопруг, брат, пријател и татко на две мали деца. Иако денес е тажен ден за сите нас, Ве замолуваме, продолжете да се смеете што е можно погласно во чест на Гилберт“, напишаа блиските на Твитер. Готфрид беше можеби најпознат по неговите настапи на „Саботното вечерно шоу во живо“ (Saturday Night Live), како и позајмувањето на својот глас за „Аладин“…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека во наредните денови планира да оствари нови телефонски разговори со рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Владимир Зеленски. „Во следните денови повторно телефонски ќе разговарам со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин“, изјави Макрон за ТВ „Франс 2“. Тој на 7 февруари ја посети Москва и разговараше со Путин, а следниот ден францускиот лидер беше и во Киев на средба со Зеленски. „По дијалогот во Москва, Макрон и Путин имаа редовни телефонски разговори, а во последните неколку недели имаше вкупно девет“, јави ТАСС.
Финска најави дека наскоро ќе отпочне јавна дебата за членство на земјата во НАТО во рок од неколку недели, јави „Би-Би-Си“. „Извештајот направен по барање на владата, а објавен денеска, ја истражува „во основа променетата“ безбедносна средина“, наведува финското Министерство за надворешни работи за процедурата што ќе треба да мине низ Парламентот. „Почетокот на јавната расправа е планиран за недела дена подоцна“, наведува „Би-Би-Си“. Мнозинството Финци до неодамна беа против членство во НАТО, но руската инвазија на Украина ги натера на преиспитувања на ставовите. Најновите анкети покажуваат дека сега мнозинството дава поддршка за членството во Алијансата. Британскиот медиум потсетува дека…
Атињаните, се чини, постепено се „ослободуваат“ од своите возила, не поради зајакнувањето на еколошката свест, туку поради неподносливата цена на горивата, пишува весникот „Катимерини“, објавувајќи податоци дека жителите на грчката метропола сè повеќе го користат јавниот превоз. Бројот на патници во јавниот превоз, според весникот, веќе ги достигнува нивоата од 2019 година, односно периодот пред пандемијата, а зголемувањето особено е изразено кај градските автобуси и достигнува седум отсто споредено со три години претходно. Во првиот квартал од годината, како што пишува „Катимерини“, валидацијата на билетите е зголемена за 39 отсто во сите превозни средства, а во просек зголемувањето е за…
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека денеска ќе нема хуманитарни коридори за евакуација на цивили од опколените градови, но нагласи оти се работи за нивно повторно отворање. Во порака на Телеграм, таа ги обвини руските сили за прекршување на примирјето и блокирање на автобусите што ги евакуираат цивилите. Градоначалникот на Мариупол, пристаништен град во јужна Украина кој е опколен од руските сили, неодамна изјави дека уште 100.000 цивили чекаат евакуација.
Русија и Кина, како на Земјата, така и во Вселената, се најголема закана по интересите на националната безбедност на САД, се наведува во најновиот извештај „Безбедносни предизвици во Вселената“ на американската Одбранбена разузнавачка агенција. Според извештајот, Русија и Кина во изминатите две години ги зголемиле своите вселенски капацитети за речиси 70 проценти. „Стремежот за модернизација и градење нан капацитети на двете земји се рефлектира во речиси сите главни категории на Вселената – сателитски комуникации, далечинска детекција, навигација и научно-технолошки демонстрации. Двете земји се развиваат во исти насоки, а тоа е зајакнување на сопствените вселенски капацитети, а во исто време ги…
Уапсен е началник на смена на граничниот премин Блаце кој со скриена камера е фатен како бара 20 евра за патници кои влегуваат во Македонија, потврди заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши за ТВ21. „Внатрешната контрола веднаш го уапсила по добивање на веста“, рече заменик министерот. Како што објави ТВ 21, станува збор за лицето Е.Ш од Скопје, началник на смена на граничниот премин меѓу Македонија и Косово, додека вториот полицаец кој се појавува на видеото, според телевизијата, е З.Р. Скандалот го откри бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници. Тој го обзнани случајот во емисијата „Стоп“ на ТВ…
Првоосомничениот за убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот ноќеска околу 2 часот бил спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на притворот од 30 дена. Министерството за внатрешни работи соопшти дека 28-годишниот А.Ѓ. ноќеска е приведен на територија на населба Аеродром. „По преземени интензивни мерки и активности за негово пронаоѓање и приведување, лицето околу 01:20 часот се предало на полициски службеници од Оперативен тим Потраги на подрачје на нас. Аеродром“, информира МВР. Покрај А.Ѓ, приведени се и 19-годишната К.Л. и 22-годишниот А.К на кои, исто така, им е одреден 30-дневен притвор. Тие се осомничени дека го претепале хрватскиот ракометар Денис…
Американскиот претседател Џо Бајден вчера првпат изјави дека рускиот претседател Владимир Путин извршил геноцид во Украина, додавајќи дека конечната одлука ќе ја донесат адвокатите по меѓународно ниво. „Го нареков геноцид, бидејќи станува сè појасно и појасно дека (рускиот претседател Владимир) Путин само се обидува да ја избрише идејата дека може да постои Украинец и доказите се зголемуваат. Но, ќе оставиме адвокатите на меѓународно ниво да одлучат дали ќе го оквалификуваат така или не, но мене така ми се чини“, истакна Бајден. Тој наведе дека високата инфлација во САД земја е предизвикана од војната што Русија ја води против Украина и…
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека над 1.000 украински маринци се предале во опколениот пристанишен град Мариупол и ги повика преостанатите сили заробени во челичарницата „Азовстал“ да го сторат истото, пренесоа британските медиуми. Украинските власти засега немаат коментар за изјавата на Кадиров на каналот Телеграм. Генералштабот на украинската војска, во својот утрински извештај, соопшти дека руските сили продолжуваат со нападите врз „Азовстал“ и пристаништето. „Руската телевизија прикажа слики од, како што наведе, маринци кои вчера се предаваа во фабриката за железо и челик „Илич“ во Мариупол, од кои многумина се повредени“, додаваат британските медиуми. Меѓутоа останува нејасно на која фабрика…