Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Македонскиот претседател Стево Пендаровски пристигна во Црна Гора, каде беше пречекан со високи државни почести. Пендаровски од денеска е во дводневна официјална посета на Црна Гора. За време на престојот се најавени средби со неговиот црногорски колега, Мило Ѓукановиќ, со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ и со Дритан Абазовиќ, заменик премиер и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора. Во Бар утре ќе се одржи свечена церемонија на која претседателот Пендаровски ќе му ја предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Северна Македонија и Црна Гора.
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров во интервју за државната телевизија „Русија 24“ рече дека Русија го променила ставот и повеќе ќе нема прекин на огнот поради преговорите. Тој рече дека нападот на Украина, меѓу другото, има за цел да го прекине патиот кон „целосна доминација на САД и останатите западни земји“. „Нашата специјална операција е осмислена да застане на патот на безобзирното ширење и непромислениот пат кон целосна доминација на Соединетите Американски Држави и остатокот на западни земји кои се под нив на меѓународната арена“, рече тој. Лавров потенцира дека „таквата доминација се гради со грубо кршење на меѓународното…
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека за денеска се договорени девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили, меѓу кои и од опколениот град Мариупол, но само со приватни автомобили. Според неа, пет од деветте коридори за евакуација се наоѓаат во областа Луганск за која украинските власти тврдат дека е под силно гранатирање. „Вкупно 4.354 лица вчера беа евакуирани од украинските градови преку хуманитарните коридори“, објави Верешчук на Телеграм. Меѓу нив има 556 лица кои вчера беа евакуирани од пристанишниот град Мариупол.
Стејт департментот синоќа издаде наредба до сите неопходни владини службеници да го напуштат Конзулатот во Шангај поради зголемениот број на заразени со ковид-19 и кинеските мерки за борба против вирусот. Најконтроверзната пракса во Шангај е одвојување на децата позитивни на ковид-19 од нивните родители. Шангај се справува со најлошиот бран од појавата на ковид-19 во Вухан кон крајот на 2019 година.
Финскиот производител на телекомуникациска опрема, Нокиа се повлекува од рускиот пазар, потврди шефот на управата на компанијата, Пека Лундмарк за „Ројтерс“. „Одлуката ќе влијае на околу 2.000 вработени“, рече тој. „Гардијан“ наведува дека секторот телекомуникации беше изземен од санкциите на западните земји од хуманитарни причини, но Нокиа објави дека одлуката за повлекување „била единствена опција“. „Едноставно не видовме никакви можности да продолжиме да работиме во Русија под овие околности“, додаде Лундмарк и нагласи оти не може да предвиди колку долго ќе трае повлекувањето од Русија.
Укинување на обврската за носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа, укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица, се усвоените заклучоци кои Комисијата за заразни болести ги достави до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ). На петтата седница на Главниот координативен кризен штаб беа усвоени повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести. Заклучоците ќе бидат доставени до Владата и по нив ќе се одлучува на првата наредна…
Рускиот опозициски политичар Владимир Кара – Мурза е уапсен во текот на вчерашниот ден пред својата куќа во Москва, јави агенцијата ДПА. Причините за апсењето се непочитување на наредба од полицаец, војник и службеник на федералната безбедносна служба, дело за кое може да добие казна затвор до 15 дена. Критичарот на рускиот претседател Владимир Путин, претходно изјави дека преживеал два обида за труење, за што ја обвинува руската тајна служба. Истражувањето на групата Белингкет (Bellingcat) покажало дека Кара бил следен од агенти на руската тајна служба ФСБ за кои, исто така, постојат сомнежи дека се вмешани во труењето на рускиот…
Европол во соработка со земјите-членки на Европската Унија (ЕУ), со Европравда и со Фронтекс вчера започна ја операцијата „Оскар“ која е насочена кон руски поединци и компании кои се под санкции поради војната во Украина. „Операцијата има за цел да ги поддржи финансиските истраги во земјите-членки на ЕУ против незаконски имот во сопственост на физички и правни лица санкционирани за руската инвазија на Украина“, се наведува во соопштението на Европол. Операцијата, исто така, е насочена кон откривање на „непочитување на трговските и економските санкции наметнати од ЕУ“. „Оскар“ ќе трае најмалку една година и ќе се состои од голем број…
Северна Македонија и Албанија треба да ги започнат преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ) во првата половина на 2022 година, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. „Земјите како Украина, како и други држави, одамна ја гледаат својата иднина во ЕУ. Не само што нема да ги разочараме овие земји, туку ќе го одржиме ветувањето за членство во ЕУ. Тоа важи и за некои земји од Западен Балкан, пред сè Албанија и Северна Македонија и токму затоа во првата половина од годината мора конечно да ги започнеме пристапните преговори со Тирана и Скопје“, рече Бербок по средбата на…
Втор ден штрајк на вработените во основните и во средните училишта и во градинките во организација на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) кој бара зголемување на платите во дејностите образование и детска заштита. Најавена е нова средба меѓу претставници на Синдикатот и Владата во обид за изнаоѓање на решение и истата се очекува да се одржи денеска или најдоцна утре. Министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика соопштија дека социјалниот дијалог ќе продолжи, а синдикалниот лидер Јаким Неделков порача дека тој треба да биде „конструктивен и конкретен, а не пропаднат и бесцелен разговор“. Неделков…
Само 2,4 проценти или 23 случаи од вкупно 953 тестови што биле направени во текот на вчерашниот ден биле позитивни на ковид-19, па Владата во текот на оваа недела се очекува да ги прифати мерките што ги предложи Комисијата за заразни болести во минатата недела. Тие се однесуваат на укинување на задолжителното носење на маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, во аптеки, во јавен превоз и во домови што згрижуваат лица. Препорачано е, исто така, и да не се следат контактите на новозаболените. Засега остануваат актуелните мерки за учениците од основните и од средните училишта да немаат…
Времето утрово ќе биде постудено, а преку денот ќе биде сончево и потопло со слаб ветар од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2 степена, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, времето ќе биде сончево и потопло со слаб ветар од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1 степен, а максималната ќе достигне 19 степени. Во следните денови ќе преовладува стабилно и сончево време со пораст на дневните температури.