Македонскиот претседател Стево Пендаровски пристигна во Црна Гора, каде беше пречекан со високи државни почести.

Пендаровски од денеска е во дводневна официјална посета на Црна Гора. За време на престојот се најавени средби со неговиот црногорски колега, Мило Ѓукановиќ, со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ и со Дритан Абазовиќ, заменик премиер и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора.

Во Бар утре ќе се одржи свечена церемонија на која претседателот Пендаровски ќе му ја предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Северна Македонија и Црна Гора.