Author: Sashko

И по четири часа од пристигнување во Кривичниот суд, сè уште не е донесена одлука за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири по обвинението за злоупотреба на службената положба и овластување. Рочиштето заврши пред малку, иако Зекири влезе во објектот нешто по 17 часот во придружба на својот адвокат. Самиот се појави за распит, иако имаше и наредба за негово полициско спроведување. Додека е во зградата на Кривичниот суд, се појави само неговата сопруга која му донесе пасошот, но и храна и вода поради неизвесноста колку долго ќе се задржи во објектот. Генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири на Фејсбук…

Read More

Одземање на лиценцата на две менувачници, а оние менувачници кои ја прекршиле регулативата, ќе бидат санкционирани со парични казни, изјави вечерва гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма. Гувернерката посочи дека е извршена контрола кај 64 менувачници и дека кај една четвртина од нив се забележани законски неусогласености во работењето. Ангеловска-Бежоска посочи дека засилените контроли се преземени во насока на заштита на граѓаните, во време кога се забележуваат засилени шпекулации. Освен засилените контроли, таа потсети и дека Народната банка донесе мерка со која им се дозволува на менувачниците доколку немаат евра, да…

Read More

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен денеска му вети на украинскиот претседател, Володимир Зеленски дека првите чекори на земјата за членството во Европската Унија (ЕУ) ќе бидат забрзани. Фон дер Лајен му предаде прашалник на Зеленски кој ќе претставува почетна точка за ЕУ за одлуката за членство на Киев. „Нема, како што е вообичаено, да биде прашање на години за формирање на ова мислење, туку мислам дека ќе биде прашање на недели“, рече Фон дер Лајен. Зеленски возврати дека ќе се врати со одговори за една недела. Шефицата на ЕК му укажа на Зеленски и на важноста…

Read More

Руското Министерство за правда во денешното соопштение истакна дека ја укинало регистрацијата на 15 странски организации, вклучително и на „Амнести интернешенел„ и на „Хјуман рајтс воч“, јавија западните медиуми. Руските филијали на овие организации, во кои е вклучена и „Фондацијата Карнеги за меѓународен мир“, се „исклучени од официјалниот регистар на странски невладини организации поради прекршување на постојното законодавство во Руската Федерација“, се наведува во соопштението на руското Министерство за правда.

Read More

По острата реакција на Габриел Ескобар за обвинувањата против амбасадорката Јури Ким, поранешниот албански претседател, експремиер и актуелен пратеник, Сали Бериша денеска со омекнат став. Бериша се погрижи да ја пренесе пораката дека нема ништо лично со амбасадорката Јуриј Ким. За разлика од претходно кога ја нарекуваше „гувернерка“, Бериша денеска ја нарече „почитувана амбасадорка“, нагласувајќи дека „неговите ставови се поврзани со прекршувања на нејзините дипломатски областувања, а не со неа лично“. „Јасен сум и имам најголема почит кон почитуваната амбасадорка кога таа постапува во согласност со претставувањето на претседателот Џо Бајден. Секогаш кога ќе биде спротивно на Виенската конвенција, јас…

Read More

Британскиот премиер Борис Џонсон и германскиот канцелар Олаф Шолц денеска одржаа заедничка прес-конференција во Лондон на која Џонсон кажа дека Велика Британија и Германија делат чувство на „ужас и одбивност“ кон „бруталноста што ја претрпе украинскиот народ“, меѓу кои и утринскиот ракетен напад врз цивили во украинскиот град Краматорск. Џонсон кажа дека нападот што се случи утрово на железничка станица во источна Украина покажува „колку длабоко потонала војската на Путин“. „Воено злосторство е да се напаѓаат цивили. Злосторствата извршени во Украина нема да останат неказнети“, рече Џонсон. Џонсон повтори дека „Путин не смее да успее“ и најави нови британски санкции…

Read More

Белгиските власти го прекинаа производството на Киндер чоколадите во фабриката во Арлон, откако италијанска компанија „Фереро“ достави „недоволни информации“ за неодамнешното труење со салмонела во Европа. Белгиската агенција за безбедност на храна денеска го повлече целокупното производство на Kinder Surprise, Kinder Mini Eggs, Kinder Surprise Maxi од 100 грама и Киндер чокобонбони произведени во Арлон. Европската агенција за безбедност на храната и Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопштија дека од 5 април досега се идентификувани најмалку 134 случаи на салмонела, главно кај деца, во најмалку седум земји, а кои се поврзани со чоколадните јајца Kinder Surprise.

Read More

Компанијата „Модерна“ соопшти дека ќе ќе повлече 764.900 дози на својата вакцина против ковид-19 што ги произведе фабриката Рови, бидејќи било утврдено дека една од нив е контаминирана. „Не утврдивме никакви сигурносни проблеми“, наведоа од „Модерна“ и додадоа дека контаминација била утврдена само во едно шишенце, но поради претпазливост е повлечена цела серија. Во соопштението на компанијата не е наведено за каква контаминација станува збор, но посочено е дека серијата е дистрбуирана во Португалија, Шпанија, Полска, Норвешка и Шведска. Јапонските власти во минатата година ја прекинаа употребата на некои серии на вакцината против коронавирус на „Модерна“, откако во одреден број…

Read More

Унгарија ќе ги прекршпи санкциите на Европската Унија (ЕУ) ако се сотварат најавите дека на Москва ќе ѝ плаќа во рубљи за енергенси, изјави денеска претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен. Фон дер Лајен, во придружба на еврокомесарот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жосеп Борел е во посета на Украина. Во текот на денешниот ден ја посети и Буча, предградие на Киев кое се најде во центарот на случувањата во земјата во последните денови поради веста за убиства на цивили за кои украинската и руската страна меѓусебно се обвинуваат.

Read More

Во регионот на Одеса е воведен полициски час, кој почнува утре во 20 часот по локално време и ќе трае до пет часот наутро в понеделник, соопшти денеска Градскиот совет на Одеса. Според наредбата на началникот на регионалната воена управа на Одеса, Максим Марченко, во тој период ќе биде забрането луѓето да бидат на улиците и на други јавни места без посебно издадени пропусници и сертификати. Одеса е град на брегот на Црното Море во јужниот дел на Украина.

Read More

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен денеска го посети украинскиот град Буча, во близина на Киев. По руското повлекување, на улиците во Буча беа пронајдени тела на десетици цивили. Некои биле егзекутирани од зад грб, а рацете им беа врзани. Русија ги отфрла наводите дека нејзините единици убиле цивили и ја обвини Украина за фалсификување смртни случаи со цел да ги дискредитира руските сили. Но, постојат се повеќе докази дека военото злосторство во Буча го извршиле руските сили. „Овде се случи нешто незамисливо. Го видовме суровото лице на војската на Путин“, истакна Фон дер Лајен.

Read More

Рускиот истражен комитет покрена кривична истрага за ракетниот напад на украинската армија со проектили од типот „Точка-У“ врз Краматорск, при што загинаа најмалку 50 лица, соопшти денеска прес-службата на Истражниот комитет. „Главниот истражен оддел на Рускиот истражен комитет покрена кривична постапка против командантот на бригадата на украинските вооружени сили и други неидентификувани лица“, се наведува во соопштението. Тие се товарат за кривичното дело предвидено во точка 1 од член 356 од Кривичниот законик на Русија – Сурово постапување кон цивилно население и употреба на средства и методи на војување забранети со Меѓународниот договор на Руската Федерација, се додава во соопштението.

Read More