Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Во рудникот „Соко“ кај Сокобања утрово околу 5 часот дошло до експлозија на метан, пренесува нова.рс. Според првичните неофицијални информации, во несреќата има осум настрадани рудари, а во тек е акција за спасување на повредените од рудникот. „Новости“ пишуваат дека 20-тина рудари се заробени во рударското окно. Според медиумот, досега се извлечени 10 лица.
Два украински хеликоптера погодиле складиште со гориво во рускиот град Белгород, откако ја минале границата во низок прелет , изјави регионалниот гувернер, Вјачеслав Гладков. An oil depot is on fire in #Belgorod, #Russia. “The emergency services went to the place of fire, measures are being taken to eliminate it”, said Gladkov, the governor of the region in his Telegram channel. pic.twitter.com/ey7rC5ChSz — NEXTA (@nexta_tv) April 1, 2022 Во пожар што притоа беше предизвикан се повредени двајца работници, додаде тој, додека во тек е евакуација од некои подрачја во градот кој се наоѓа во близина на украинската граница, јавува „Ројтерс“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека сменил двајца од главните украински генерали кои ги нарече „антихерои“, пренесува „Си-Ен-Ен“. „Донесена е уште една одлука за антихерои. Сега немам време да се занимавам со предавници, но сите тие ќе бидат казнети“, изјавил Зеленски.
Денеска се одбележува 1 април – Денот на шегата. Ова не е национален празник, но насекаде во светот се прославува како ден кога многумина прават шеги и будалаштини. Вообичено, на овој ден во земјава дефилираат најмладите маскирани во суперхерои, принцези, ликови од цртани филмови, но поради пандемијата не беа организирани вакви настани. Денот на шегата се прославува различно во светот. Во Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат до пладне и оној кој прави трикови попладне го нарекуваат „априли-ли-ли“ и го исмеваат, додека во Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија и други држави, луѓето се…
Министерството за надворешни работи на Бугарија е изненадено од бројката на лица кои се изјасниле како Бугари на пописот во земјава. Од таму велат дека со резерва ги земаат презентираните резултати, како и сомневањата за кредибилитетот и транспарентноста на процесот што ги истакнаа организациите на Бугарите во Македонија. „Забележуваме драстична неусогласеност меѓу презентираните податоци и бројката од над 100.000 граѓани на Северна Македонија кои лично поднеле документи со кои се докажува бугарското потекло и самосвеста за добивање на бугарско државјанство. Ги имаме во предвид и сомнежите за транспарентноста и кредибилитетот на процесот што ги истакнаа организациите на Бугарите во Северна…
Состојбата со дневните статистики на новозаболени укажува на тоа дека вирусот постои и ја чека најмалата прилика да се развие. Затоа сè уште е рано за целосно олеснување на мерките, сметаат надлежните. Засега, укинато е носењето на маски за учениците во основните училишта и не се бара сертификат за вакцинација или прележаност во отворените делови на угостителските објекти. „Секој ден имаме по 300 новозаразени, а тоа значи дека вирусот сè уште постои и ја чека најмалата можност да се развива, а потоа при почеток на развивање ни одзема недела до две да може да стопираме нешто“, изјави вчера министерот за…
Руските сили соопштија дека денеска повторно ќе биде отворен коридор за евакуација на население од опколениот град Мариупол до Запорожје. Според украинските власти, конвоите вчера се соочиле со повеќе проблеми, а, исто така, тврдат дека руските сили ја запленувале хуманитарната помош и ги блокирале автобусите. Руското Министерство за одбрана соопшти дека војската повторно ќе го отвори хуманитарниот коридор од јужниот град Мариупол до Запорожје на 1 април на барање на лидерите на Франција и на Германија. Коридорот ќе биде отворен од 10 часот по московско време, а руските војници ќе постават попатна станица во јужниот град Бердјанск. Според украинските власти,…
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Попладне, на повеќе места, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град. Утринските температури ќе биде во интервал од 8 до 12 степени, а дневните ќе достигнат од 16 до 22 степена. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, во делови од котлината, ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на ретки грмежи и силен ветер. Утринските температури ќе бидат до 11 степени,…
Германската биотехнолошка компанија „Бајонтех“ повеќекратно ја зголеми заработувачката и приходите во 2021 година, благодарение на продажбата на вакцини против ковид-19 која ги надмина и најоптимистичките очекувања, покажува годишниот финансиски извештај. Нето добивката од 15,2 милиони евра во 2020 година, скокна на 10,29 милијарди евра во 2021 година. Приходот лани изнесуваше 18,98 милијарди евра, наспроти 482 милиони евра во 2020 година, покажува документот за работењето на компанијата во 2021 година. „Иновативната мРНА вакцина против ковид-19 кое германската биотехнолошка компанија го разви заедно со американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ беше првото што доби дозвола за употреба во Европската Унија (ЕУ)“, потсетува агенцијата ДПА.…
Вработен во украинската агенција за управување со т.н. „зони на исклучување“, како онаа кај Чернобил, на Фејсбук објави дека некои војници се превезени во посебна медицинска установа со акутна радијациска болест. Но, „Гардијан“ пренесува дека таквата информација не е потврдена. Британскиот медиум потсетува дека работници во понеделникот за „Ројтерс“ рекле оти војници во оклопни возила и без заштита од зрачење минале низ отровната зона наречена „Црвена шума“, пришто се дигнала радиоактивна прашина. „Црвената шума“ го доби називот, бидејќи врвовите на боровите околу нуклеарката „Чернобил“ светеа црвено од зрачењето што го апсорбираа по катастрофата во мај во 1986 година. Контаминираните стебла…
Финансиските санкции врз Русија би можеле постепено да ја намалат доминацијата на доларот и да го поделат меѓународниот монетарен систем, изјави претставничката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Гита Гопинат. „И во такво опкружување доларот би ја задржал позицијата на значајна глобална валута, но фрагментацијата, во најмала рака, дефинитивно е сосема можна“, вели заменичката извршна директорка на ММФ во разговор за лондонскиот бизнис весник „Фајненшел тајмс“. „Некои земји веќе преговараат за замена на валутите во кои го наплатуваат извозот“, рече Гопинат, додавајќи дека зголемената употреба на други валути во глобалната трговија ќе резултира со поразновидни девизни резерви во централните банки. Војната во…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги отповика украинските амбасадори во Грузија и во Мароко бидејќи, како што наведе, „не направиле доволно да ги убедат тие земји за поддршка на Украина и санкции кон Русија поради нејзината инвазија“. „Со сета должна почит, да нема оружје ќе немаше санкции, ќе немаше рестрикции за руските компании, затоа ве молам најдете си друга работа“, рече Зеленски во видео обраќањето. Тој додаде дека во текот на наредните денмови очекува конкретни резултати од украинските дипломатски претставници во Латинска Америка, на Блискиот Исток, во Југоисточна Азија и во Африка. Зеленски истакна оти очекува резултати и од воените…