Вработен во украинската агенција за управување со т.н. „зони на исклучување“, како онаа кај Чернобил, на Фејсбук објави дека некои војници се превезени во посебна медицинска установа со акутна радијациска болест. Но, „Гардијан“ пренесува дека таквата информација не е потврдена.
Британскиот медиум потсетува дека работници во понеделникот за „Ројтерс“ рекле оти војници во оклопни возила и без заштита од зрачење минале низ отровната зона наречена „Црвена шума“, пришто се дигнала радиоактивна прашина. „Црвената шума“ го доби називот, бидејќи врвовите на боровите околу нуклеарката „Чернобил“ светеа црвено од зрачењето што го апсорбираа по катастрофата во мај во 1986 година.
Контаминираните стебла подоцна беа отстранети, но земено и семе за да се види ефектот на радијација врз нив. „Гардијан“ пишува дека научници во истражувачкиот центар во Чернобил покажале бизарни мутации.
Нивните проценки велат дека подрачјето нема да биде безбедно дури 24.000 години. Подрачјето пред војната можеше да се посети само со специјални дозволи или со официјални туристички водичи со Гајгеров бројач кои знаеја каде може да се движат.
Вчера САД соопштија дека руските сили почнале да се повлекуваат од нуклераната централа Чернобил околу која и натаму има многу контаминирани и забранети подрачја. „Гардијан“ наведува дека руските сили можно е да не знаеле за опасноста.




