Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Слави Трифонов, лидер на бугарската парламентарна партија „Има таков народ“, со реакција на Фејсбук по објавата на резултатите од Пописот во земјава. Тој забележува дека Бугарите воопшто не биле споменати при денешната презентација на резултатите од директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. „Бугарски пасош, само во последните две години, добиле 16.692 граѓани на Северна Македонија. А според законите во Бугарија, за државјанин на Северна Македонија да добие бугарски пасош, мора да го докаже бугарскиот корен. Така, над 100.000 граѓани на Северна Македонија ги докажале своите бугарски корени во Бугарија, а во Северна Македонија се плашат да ги нарекуваат…
Поради украинската криза и драматичниот раст на цените на енергенсите, Германија се соочува со рекордна инфлација. Според податоците на Заводот за статистика, инфлацијата во март пораснала на 7,3 отсто и достигна рекордно ниво во последните 40 години. Во февруари инфлацијата беше на ниво од 5,1 отсто. Економскиот институт Ифо прогнозира дека инфлацијата во тековната година ќе биде до 6,1 отсто, што би било највисока вредност од обединувањето на Германија во 1990 година.
Полицијата изнела свештеник на Српската православна црква (СПЦ) од продавницата на Лидл во српскиот град Инѓија, бидејќи упорно одбивал да ги плати производите што ги одбрал за купување, објави денеска локалниот портал Инмедија, пренесе Бета. Според очевидци, настанот се случил во вечерните часови во понеделникот, кога свештеникот ги убедувал продавачите да не му наплаќаат за производите што ги земал и да му ги однесат до автомобилот. Откако персоналот долго време одбивал да го стори тоа, свештеникот седнал на подот и протестирал, а вработените повикале полиција, која го изнела од продавницата.
Определбата на Северна Македонија за членството во Европската Унија (ЕУ) е постојана и конзистентна. Новиот геополитички контекст по руската агресија во Украина само ги потврди нашите континуирани аргументи дека прашањето за проширувањето е, пред сè, безбедносно прашање за регионот, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи по средбата со сојузна министерка за ЕУ и уставни прашања на Австрија, Каролине Едштадлер. Според Османи, определбата на земјава за членство во ЕУ е конзистента, пред сè, затоа што државата е географски, културно и историски дел од Европа и оттука припаѓа и на Европската Унија. „Потребата за консолидација на Европската Унија со овој дел…
Русија објави дека регрутирала околу 16.000 борци од Блискиот исток, јавува „Би-Би-Си њуз“. Велат дека преку социјалните мрежи во Сирија се затрупани со барања од луѓе кои сакаат да се придружат на руската војска во инвазијата на Украина. Неименуван руски претставник кој работи на регрутација, за „Би-Би-Си“ рече дека „регрутацијата на борци за војната во Украина се спроведува како што ја спроведувале во Либија“. „Сите имаат право да ја променат одлуката по пријавувањето. Никој не ги присилува да одат во војна“, рекол тој. Русија го поддржа сирискиот режим за време ан граѓанската војна во таа земја, а руските прорежимски медиуми…
Член на украинската делегација, кој вчера присуствуваше на украинско-руските мировни преговори во Истанбул, вели дека е оптимист за скоро изнаоѓање на решение за ставање крај на воените дејствија во неговата земја. Украина во Истанбул предложи план според кој на нејзина територија би немало странски воени бази и земјата повеќе нема да изразува желба за приклучување во воени сојузи како што е НАТО. Преговарачот Михаил Подолјак денеска рече дека Украина ќе организира референдум за мировниот договор со Русија, штом руските трупи се повлечат од земјата.
Македонската фудбалска репрезентација е пред испишување на ново поглавје во своето досие – учество на Светско првенство. Предизвикот што е испречен пред неа е Португалија, европскиот првак од 2016 година. Мечот е без поправен и ќе се одигра на стадионот „Драгао“ во Порто на чии трибини се очекуваат околу 50.000 навивачи кои ќе бидат „ветар во грб“ за фаворизираните домаќини, наспроти, според најавите, околу 2.000 на македонскиот тим. Зад „црвено-жолтите“ е гостувањето кај селекцијата на Италија во Палермо, но амбиентот, како во четвртокот, така и вечерва, се надеваме дека нема да направи дисбаланс во македонскиот состав. Ваква шанса се добива…
Португалија буди прекрасни спомени за Стефан Ристовски. Мина, како што вели, четири убави години во Лисабон како член на Спортинг, а во земјата во која вечерва ќе ја предводи македонската фудбалска репрезентација по мундијалска виза стана и татко. Се надева дека и Порто вечерва ќе биде трајно врежан во неговата меморија како место за уште еден историски резултат на „црвено-жолтите“. „Тука е роден мојот син, тука минав четири прекрасни години со екипата на Спортинг Лисабон. Имам голем број на пријатели овде, но не очекував дека ќе дојдам во ситуација да играм против Португалија за пласман на Светско првенство“, истакна Ристовски…
Македонија вечерва во Порто ќе се обиде за првпат да обезбеди место на Светските фудбалски првенства, турнири на кои Португалија има седум учества. Во најавите на натпреварот преовладуваат напаѓачките квалитети на португалските фудбалери, но и дефанзивните на македонските. Тоа, се чини, му е совршено јасно на португалскиот селектор Фернандо Сантош, но и на најголема ѕвезда во неговиот тим, Кристијано Роналдо. Токму таков ривал имаа можност да погледнат во подготовките за меч во кои несомнено е анализирано изданието на „црвено-жолтите“ во Палермо. Велат „свесни сме дека имаме работа со тим кој знае да се брани“, меѓутоа тој тим знае и да…
Шпанскиот спортски весник „Марка“ ја посвети насловната страница на македонската фудбалска репрезентација. Денешното издание на угледниот медиуми осамна на продажните места со македонското знаме, ликот на Кристијано Роналдо и наслов со големи букви „Убиецот на џинови му се заканува на CR7“, како најава за вечерашниот меч меѓу Македонија и Португалија за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година. Мечот на стадионот „Драгао“ во Порто е со почетокот во 20:45 часот, а победникот ќе игра на Мундијалот во Катар. Македонските фудбалери во полуфиналето ја елиминираа Италија со 1:0, додека Португалците беа подобри од Турција со 3:1.
Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20:45 ч.) на „Драгао“ во Порто ќе се обиде да направи нова сензација и за првпат во историјата да обезбеди пласман на Светско првенство. Откако во четвртокот елиминираа европски шампион (Италија од лани), „црвено-жолтите“ овојпат ќе ѝ излезат на мегдан на Португалија која, исто така, го освои континенталниот турнир во 2016 година. Популарните „европски Бразилци“ го имаат Кристијано Роналдо, Пепе, Руи Патрисио, Кансело, Жоао Мутињо, Бруно Фернандеш и, како и во случајот со „азурите“ во четвртокот, важат за фаворити поради традицијата, искуството, ѕвездите во тимот, домашниот терен. Меѓутоа и тие се свесни дека немаат простор за…
Воениот стручњак Џек Вотлинг, научен соработник за копнено војување во лондонскиот одбранбен тинк-тенк „Ројал Јунајтед Сервис Институт“, со коментар за „Би-Би-Си“ за војната во Украина. Вели дека Ирпин, кој се наоѓа северно од Киев, е повторно под украинска контрола, но и дека покажува несоодветен сооднос во моралот, опремата и снабдувањето меѓу двете страни. „Обично заземање на терен бара трипати поголем број на противнички војници, па дури и повеќе во урбана опкружување“, вели тој. „Тоа покажува дека онаму каде Русите немаат логистика за топовско снабдување се навистина ранливи во овој момент“, додава Вотлинг. Тој, исто така, укажува на големата веројатност дека…